FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Жена под влијание (1974)

Џон Касаветис е филмски актер и режисер, кој со хонорарите од улогите ги финансира своите филмови. Еден од првите независни режисери надвор од Холивуд, чиишто филмови во синема верите стил ги прикажуваат не баш обичните проблеми на секојдневните луѓе во потрага по љубовта. Допира не баш лесни теми, кои не би поминале кај големите филмски студија.

Така е и со овој филм. Се работи за еден физички работник, којшто и покрај најдобрите намери, баш и не се снаоѓа во улогата на сопруг и татко особено откако неговата сопруга покажува знаци на некакво ментално растројство.

Овој филм дава предност на содржината и на спонтаната актерска игра, често пати можеби и резултат на импровизација, сосема спротивно од претходниот предлог каде сите елементи беа прережирани на сметка на приказната.

Камерата често знае да излезе од фокус, да избега од идеалното кадрирање, да појави шум заради некористење на осветлување, но сето тоа само придонесува кон верното отсликување на реалноста, која е далеку од идеална.

Маестрално одиграна улогата од Џина Роулендс, која патем игра во повеќето филмови на Касаветис, а во приватниот живот ја има улогата на негова сопруга. Колку што забележав на шпицата, вистинската мајка на Џина ја игра мајката на Мејбл, а мајката на режисерот ја игра мајката на Ник. И во другите филмови Касаветис ангажира свои пријатели и роднини, како што користи и приватни локации за снимање.

7/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
A Woman Under the Influence
Веројатно филмов пред 50 години бил доста контроверзен, каде ретко се зборувало за ментални нарушувања, психички проблеми и било што поврзано со нив. Денес е hot topic и го има насекаде застапено, па приказната ми беше веќе видена доста пати.

Од друга страна, имав чувство дека не гледам филм, туку како некој да го снима животот на семејството и маките низ кои минуваат. После читам дека сите биле поврзани и фамилијарно како што пишал Мунгусот, и можеби тоа беше причината за филмот да изгледа толку нечурал.

Тешко е со овакви личности, како што видовме во филмот. Таткото тешко се снаоѓаше со неа, уште потешко без неа. Имаше некоја љубов помеѓу нив, но повеќе сфатив дека е взаемна грижа и потреба. Тој да работи, таа да ги чува децата. Се надополнуваа еден со друг со своите улоги. На некој начин, добар презентер на бракот беше филмот, бар на оној во минатото, денес е измешано.

Глумицата што ја глумеше Мејбел искина. Толку ме увери во глумата што верував стварно дека има некои тикови. Одличен плус.

Ми имаше некои развлечени сцени, како таа со масата, нискобуџетноста исто така се приметуваше од време на време.

Генерално беше тежок филм за гледање. Морав да правам паузи измеѓу за да успеам да го сварам. Ми даваше некое нелагодно чувство цело време.
Пари да ми даваат, не би го репризирал.

7
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
A Woman Under the Influence

Океј, жена под влијание но не очекував дека ќе биде до олку тачка. Како побогу ја пуштиле уште потачка од психијатриска болница?

Не бев спремен за ваков секојдневен филм. Мислам, не секојдневен, туку филм за некое обично секојдневие каде што ништо посебно не се дешава и многу бош маубети или small talk се врти претежно. Му фали некоја убавина, подобри дијалози, deeper meaning... или сепак мене ми фали тоа во филмови. Горе-долу сфаќам која е поентата ама не сакам ваква изведба.

На почетокот дур сфатам дека е тачка на момент помислив дека филмов како да нема сценарио, како да импровизираат... не само она, и другите. Всушност сè уште мислам дека повеќе е импровизација отколку сценарио, лол. Или нејзе многу малку сценарио ѝ дале :D

Замерки имам и за камерата, зумови некои некогаш тотално небитни, некогаш out of focus...

При крајот ми остави „силен“ впечаток.

„Божееее, колку си се здебелила. Леле, колку ти е дебел газот. Аууу колку беше ситна, сега газот ти е толку мрсен. Никогаш не ти бил дебел газот.“
„Во право е, навистина ми е дебел газот“
„Сите имаме дебели газови во семејството“
„Сите газови се убави, без разлика дали се дебели или слаби“
---------
---------
---------
„Ај одете си, сакаме да си легнеме со Ник“
„ЛЕЛЕ, ВНИМАВАЈ НА РЕЧНИКОТ ПРЕД ДЕЦАВА“

аххахахахаха.

5.5/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
A Woman Under the Influence (1974)


Мислам дека е кажано многу во претходните коментари, па немам што да надополнам.
Едино вредно беше добрата глума на Џина и нејзината убавина.
Се сложувам со девилко дека оваа тема е доста застапена денес и дека не донесе ништо ново, а и се сложувам дека пари да ми дадат не го репризирам. :)
Непотребно долг, да знаев дека е волку долг ќе го размислев, ама го пуштив скроз на слепо без да проверам гугл или темава.
Сега гледам осмица има на имдб. Преценет филм.
За мене 6.5/10
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
A Woman Under the Influence (1974)

Шознам. Многу аматерски ми делуваше на моменти, особено режијата и некои „немирни“ кадри. Ме фати нервоза од толку гужви, урлање и галама во 90% од времето. Се забележуваше нискобуџетноста во секоја сцена.

Чувствителни и тешки теми се тоа, ама филмов можам во две реченици да го раскажам и некако не ме погоди сценариото оти практично ништо и не се случува. Голем број дијалози беа излишни колку да се пополни време и никако не придонесуваа за развој на ликовите или приказната. Да, секојдневието е обично такво досадно и безлично, ама не сакам да го гледам тоа на филм.

Ликот на актерот од Колумбо ми беше крајно антипатичен, го истураше бесот на погрешен начин и погрешно време, а Gena (после видов дека е старицата од The Notebook, жената веќе има 91 година) заврши маестрална работа. Исклучително тешка улога ја донесе до перфекција и поради неа имав трпение да изгледам до крај.

Мислам дека ќе ми беше поинтересно ако се позанимаваа со потеклото на „лудоста“ на Мабел, пример да ја видевме во душевната болница и третманите таму, наместо да го гледаме маж ѝ како се справува со децата и нејзиното отсуство. Кога се врати, имаше тука некои Фројдовски моменти со таткото додека му седеше во скут, ама беше едно обично навестување без никаква намера да се дообјасни. Идејата сигурно била беспомошноста, ако имате таков лик во блиска околина сте соочени со силна емпатија, но целосна немоќ и бесконечно страдање, без да знаете во кој миг како може да изреагира и која ваша постапка или гримаса ќе ѝ биде тригер за да се вознемири.

Исто и јас како и повеќето тука, не би го гледала пак. 6/10.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
A Woman Under the Influence

Солиден избор од страна на предложувачот, меѓутоа мене нешто не ми направи премногу кејф. Една од причините е должината. Премногу долг филм кој не раскажува некоја ептен содржајна приказна. За споредба, Вуди Ален во 99 минути ја раскажа приказната за Blue Jasmine, еден далеку побогат филм со многу повеќе контент и дејство од овој, а многу слична проблематика.

Исто така крајот на филмов, ме остави некако неисполнето. Секогаш овие филмови коишти завршуваат онаму каде што почнуваат ми оставаат такво некое чувство на неисполнетост. Се осеќам како да го гледам филмот за џабе. Развој на ликови не постои, сите како ги начекавме така ги оставивме, никој не мрдна од место, што е малку антиклимактично, барем да се самоубиеше некој.

Јас филмов го доживувам како приказ на живеењето со нарцисоиден егоист и психопат. Она што го манифестираше Мејбел многу изгледа како мажот и да ја има донесено до работ на разумот. Многу тажна приказна, а некако, недоволно разработена од страна на режисерот. Тоа ние го видовме дури на крајот, кога Мејбел се врати од лудница и исплашена и збунета не знаеше како да се однесува и да биде нормална. Тогаш Ник ја убедуваше да биде тоа што е, да не глуми, да биде своја, за кога жената почна да се враќа на себеси, повторно да почне да ја обесхрабрува и да ја казнува за нејзиното однесување. Па и јас ќе полудам со некој таков да живеам и да му родам три деца. Па уште и вика, вечерва не можам да дојдам утре ќе си имаме дејт... и следниот ден и доаѓа со 10 души од работа! Идеш под мач бато.


Генерално, заради неискористеноста на потенцијалот и времето кое го имаше филмов на располагање,

6/10
 
Последно уредено:
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
следен кој е на манијачење?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Па уште и вика, вечерва не можам да дојдам утре ќе си имаме дејт... и следниот ден и доаѓа со 10 души од работа! Идеш под мач бато
Баш и мене овој момент ме натера да мислам дека овој Ник е полуд од неа.
О ти, 10 души па уште да јадат и пијат. Не под мач, гилотина сместа.

Други малце чудни моменти ми беа кога овој колегава ја раздрапа убаво за газот во кујната, и моментот кој го напомена 123456, кога Ник на журката ја залапа таа плавушата а уствари ја одмина на прва. Не знам, некако многу нелогични тие моменти.
Истотака многу акцент се ставаше на тоа колегите да му мрчат на Ник дека оваа е луда. Но тоа може да помине, си мислам така навистина се однесувале во 70тите.
Денес е незамисливо да ти дојде гостин, женава да ги нагости сите па уште луда да ја праат.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Денес е незамисливо да ти дојде гостин, женава да ги нагости сите па уште луда да ја праат.
Да бе незамисливо. Сега во фаца ти се смеат цинично за се. На улица да паднеш, помош да бараш сите ќе свртат глава.
Имаше еден човек по порталиве скоро, од Скопје, што сакаше да скока и да се самоубие. Сите во коментари му се смееја, му викаа да скока, никој не се запраша малку, да даде поддршка, помош да прижи.
Гадни се луѓето денес. Не дека и тогаш биле поарни, ама по емпатични биле од сега, барем овде во Екс Ју.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Да бе незамисливо. Сега во фаца ти се смеат цинично за се. На улица да паднеш, помош да бараш сите ќе свртат глава.
Имаше еден човек по порталиве скоро, од Скопје, што сакаше да скока и да се самоубие. Сите во коментари му се смееја, му викаа да скока, никој не се запраша малку, да даде поддршка, помош да прижи.
Гадни се луѓето денес. Не дека и тогаш биле поарни, ама по емпатични биле од сега, барем овде во Екс Ју.
Немало тогаш интернет да видиме какви коментари би имале во 70тите доколку денес има сеуште такви. Тој примерот на улица да паднеш, го имаше и во филмот кога Марбл ги чекаше децата и никој не сакаше да и каже колку е саат, така да во тој поглед не сме се подобриле многу.
Но сепак сметам дека за разлика од порано сега се повеќе чувствителни луѓето и повеќе внимание се обраќа кон луѓето со пречки, без разлика ментални или физички. Порано им се смееле на луѓе родени со деформитети, ги сметале за мрднати. Денес не е тоа случај и гадно ќе наебеш ако пробаш да исмејуваш некој таков. Може и јас имам друга перцепција или па има голема разлика во години меѓу мене и тебе, ама вакви ситни детали во филм од 70тите ми дава некаква слика за тоа време и однесувањето на луѓето. А разлика дефинитивно има, за кого подобра, за кого полоша...зависи од перцепцијата.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608
Еве ме бе. Ме бараше некој? Ај да надоместам за се што сум испуштил до сега:

Enter the Void на @wot го гледаа 14 души (што е одлична бројка за летен период, браво, позитивно сум изненаден). Му дадоа средна оценка 5,6, и иако @wot мислеше дека ќе биде послабо оценет, плус и доби 2 пати по кец, сепак дури два филма до сега имаа послаба оценка од овој. Го испуштија (читај: не се по тревата):

@Gazpapir , @123456 и @__Vita____ - прв неизгледан
@Beric Dondarrion - трет неизгледан (црвен картон - е ова е тој последниот таг, по кој следниот ќе биде тогаш кога ќе ти дојде ред да предложуваш филм. :D )

A Woman Under the Influence на @Комита Ултрас треба да го гледаат освен вашиот модератор-ескиватор, и: @Gazpapir , @wot , @Комита Ултрас , @grande-juve , @__Vita____ , @Imperatorot , @Shawn Spencer и кој сака друг, слободно нека повели. Имаме уште 3 дена!
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.287
A Woman under the influence

Емоционален и тажен филм..

Неколку филма има гледано со Џина Роулендс, скоро сите режирани од Касаветес, ова и е дефинитивно најдобрата глума, можеби и општо во филмската историја една од врвно изиграните улоги.

Од првите моменти ме поврза со нејзиниот лик и ме натера на емпатија. Да, Мејбл има бубачки во главата, влегува во "епизоди", ама дава се од себе да се контролира, им пружа вистинска мајчинска љубов на децата, се грижи за Ник, се лути кога ќе ја извиси за состанокот, сите нормални емоции и затоа не би ја нарекол луда. Тажно беше да се гледа како сама се бори и со себе и со другите да ја одржи главата над водата.

Вистинското лудило се наоѓаше околу неа, посебно кај Ник. Човек што не знае како да сака вистински, со краток фитил, сака со сила да биде по негово, ако он е расположен тогаш може и другите да се расположени, ако не е, тогаш и атмосферата околу него е негативна..

Другото лудило со коментари од сите страни без трошка емпатија како е она ненормална, змијата мајка му на Ник, човекот од барот кој иако ја виде каква е реши да ја искористи, нејзините родители од кои на крај од филмот побара да ја "спасат", они ќутеа посебно татко и..
Видовме паралела на Мејбл и на Ник какви се со децата.. Ник на крај ги опијани, Мејбл заврши во лудница.

Сѐ ова може да биде дури и како една метафора на поединецот(Мејбл) со општеството/владата(опкружувањето околу Мејбл). Казнуваат за возење 50 на дозволени 40, а наоколу се снимаат како возат формула низ град. Некој за леб украден 3 години некој за убиство 3 години, озборувања, навреди, булинг.. и милион други ситници и неситници и неправди насекаде околу нас и фала богу дека ќе полудиш.

Затоа и ми се свиѓаше режијата и камерата на Касаветес зашто така поубаво се осеќаше лудницата околу Мејбл.
И Питер Фолк мора да се пофали како изглуми.
Минус ми беше што некои сцени беа подолги од потребното.

Првиот пат кога сум го гледал 9ка, сега нека биде 8ца

И држи се Мејбл
 

Kajgana Shop

На врв Bottom