FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
ретко мене ми биле убави филмови што му биле на wot.
Такоџе :D

Првиот саат од филмот ептен брзо ми помина, после некако досаден ми стана, едвај чекав да заврши, причина плус што ми се спиеше многу, последните 15-20 минути ги изгледав пак кога се разбудив и ми го сменија малку впечатокот, инаку не му бегаше 5-6ка :D
Тилда ми е малку антипатична, ама ептен симпатичен пар прават со Том, баш тие последните 15-20мин од филмот мислам дека ми беа најубави. :love:
Ми беше јако кога тој стариот открива дека он уствари бил Шекспир, очекував уште некое такво откритие до крајот, ама не приметив ниедно.
Не бев расположен за такво нешто и не ми легна баш најубаво, ама нема да биде заборавен, може некогаш пак да се изгледа. 7/10

Музиката е предобра...
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
10, 23, 24 и 47 (Тилда во филмот кажа дека тој е Марлов, т.е. Шекспир, инаку појма немав како изгледа :D)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
И јас не сум голем љубител на Џармуш, токму поради неговиот стил, кој е препознатлив и во филмов. Конечно еден филм со вампири кој што не е хорор. Камерата и сценографијата беа одлични, со многуте кадри снимани од плафон толку типични за неговите филмови како и воопшто целиот минималистички пристап: без статисти, без многу локации, без позадински шумови и ефекти, многу малку музика. Музиката одлична, како и секогаш многу внимателно одбрана и вклопена во филмот, повеќе во илустративна отколку во драматуршка функција. Глумците одлично ги доловија улогите.

Е сега, она што не ми се допадна. Приказна речиси и да немаше, соодветно ниту развој и расплет. Ликовите исто така многу статични, без никаква преобразба. Отсуствуваше моментот на емпатија кон ликовите, ми беше тотално сеедно што ќе се случи со било кој од нив. Единствено емпатичен лик беше „зомбито“ Ијан (мислам така се викаше продуцентот).

Депресивен и меланхоличен вампир со самоубиствени мисли и девојка му со која се разделени од непознати причини и непознато долго, нешто што авторот воопшто не се ни труди да го објасни, како и причините за нивните емоционални состојби. Исто како и многу други работи во приказната.

На пример, што беше работата со тоа како Ева таа ги читаше книгите и што се случи со двата куфери со книги што ги пакуваше во Мароко и го донесе? Посвети цела сцена на тоа, а потоа ги заборави. Зошто Марлоу беше толку стар? Зошто на враќање не сакаа да летаат преку Лондон? Што толку страшно се случило во Париз? Разбирам дека не треба да се одговорат сите прашања, но тогаш зошто воопшто се поставуваат? Тие елементи само ја разводенуваат приказната, барем јас не препознав некоја драматуршка причина за толку да се потенцираат некои работи а потоа едноставно да исчезнат. Полно моменти можеа да се скратат или исфрлат и филмот ќе беше едно 20-30 минути пократок, а ништо немаше да изгуби, напротив. Дијалогот исто така не беше многу уверлив. Адам имаше неколку моменти на беседи со критика кон современото општество кое што ја потценува науката и уметноста, но многу плитки аргументи за сето тоа.

Типично за Џармуш и слични автори, заради тоа и не ми се во листата на омилени, иако се трудат J. Од мене една шестка, најмногу заради мрачната атмосфера. И изумот на Никола Тесла во шахтата.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Зошто Марлоу беше толку стар? Зошто на враќање не сакаа да летаат преку Лондон? Што толку страшно се случило во Париз?

Тоа беше кога сакаа да заминат зошто Ава им го "испи" пријателот, а пред тоа спомнаа дека секогаш така им правела, па изгледа и во Лондон или Париз имаа оставено некое тело поради неа. И тоа ваљда беше страшното.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Наркоманска хипстеријада.
5/10
Не можам вакви филмови.
Ништо особено не се дешава, само уметнички ствари.
И мораа при крај основата на хипстеризмот да ми ја доловат:
- I'm sure she'll be very famous.
- God, I hope not. She's way too good for that.

Супер ствари ми беа само тоа @grande-juve што спомна, кога се извини Миа дека го испи Антона :D и спомнувањето научни ствари и стари научници.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
Тоа беше кога сакаа да заминат зошто Ава им го "испи" пријателот, а пред тоа спомнаа дека секогаш така им правела, па изгледа и во Лондон или Париз имаа оставено некое тело поради неа. И тоа ваљда беше страшното.
Ако добро се сеќавам, тоа во Париз рекоа дека се случило во триесетите години, односно пред осумдесетина години. Каков и да бил инцидентот, тешко дека некој таму ги чека за нешто и проблем е да направат трансфер на аеродром.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.889
Мене ова ми е прв филм на Џармуш. Требаше да го гледам уште пред некој месец, за 5X предизвикот, како tribute кон покојниот Јелчин, но некако бев слаб со време тогаш, па еве сега да утепам две муви со еден удар. Искрено, баш нешто вакво очекував од Џармуш кој само да го видиш на фотографија одма може да заклучиш колкав хипстер е. Ова е еден од оние филмови кои јас ги нарекувам „moody”, во кои приказната, односно наративот е во втор план и/или не постои, а со помош на камерата се сака да се постигне поинаков ефект - да се долови некое чувство или атмосфера. Дефиниција за таков филм ми е My Blueberry Nights, па морам да напоменам дека и Only Lovers Left Alive ме потсетуваше премногу на него (плус и по употребата на музиката за да ја долови целта). Морам да напоменам дека се согласувам со сите по малку, парцијално, за мислењата, но најмногу со @moongoses за некои негативни аспекти кои ги спомна во неговото мислење. Иако, јас му давам троа повисока оценка - 7/10, зашто сепак генерално надвладеа позитивниот впечаток.

Во поглед на темата - не отскокнува воопшто од некои веќе воспоставени норми и стереотипи кај филмовите со вампирска тематика, т.е. се чини не измислува ништо ново, иако кај Џармуш вампири се некои преобратени историски и фиктивни фигури: Адам и Ева, Шекспир... Сакам да кажам, немаше измислици од типот: „вампирите не дека се плашат од сонце, само на сонце им светка кожата па затоа не излегуваат, за да не бидат откриени” (Twilight) и слично.

Спомна @wot дека ова бил првиот дигитален филм на Џармуш, па затоа морам да ја нагласам неговата хипстерска опседнатост со елементи од аналогната технологија во филмов (особено како дел од сценографијата во куќата во која живееше Адам). Интересна паралела направил со овој момент.

Другото, си кажавте: кинематографија - запрепастувачка, музиката одлична, глумата феноменална (читав пред некое време некоја анкета врз познати филмски критичари во Холивуд, ги прашуваат која е според нив најдобрата жива актерка во моментов. Ќе се изненадите кога ќе видите колкав процент од нив ја имаа спомнато Тилда!), референците за Шекспир, Бајрон, Гете... worked well, но ми фалеше малку повеќе динамика во поглед на приказната и некако ко да имаше недовршени текови на разгранетата нарација a la Гендри (GoT) style.

Да повторам - генерално кул филмче. Преодна, 7/10
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.901
Поени од реакции
6.978
@MyloXyloto , @Џонтра Волта , @devilko , @џимеј , @Iceboy , @wicked_1 , @bobipp - уште три дена има за Only Lovers Left Alive. Викенд е пред нас, надвор ладно... Што чекате?
подобри времиња? :rolleyes: Шала на страна, јас сум презафатен со обврски. А и филмовиве што ги одбирате некако не се баш онака да ме привлечат и да изгубам 2 саати. Се некои специфични филмови бирате. Ако тоа е целта на кубот ок, јас очекував поинаков пристап. Ќе замолам да се замрзне моето учество на неодредено време, до подобрите времиња ;) Поздрав.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Кој е следен за предложување да размислам што филм ќе каже?
подобри времиња? :rolleyes: Шала на страна, јас сум презафатен со обврски. А и филмовиве што ги одбирате некако не се баш онака да ме привлечат и да изгубам 2 саати. Се некои специфични филмови бирате. Ако тоа е целта на кубот ок, јас очекував поинаков пристап. Ќе замолам да се замрзне моето учество на неодредено време, до подобрите времиња ;) Поздрав.
Секој еден филм е специфичен за вкусот на оној што си го предложува и целта на клубот е уствари да издвоиш 2 саати и да дадеш шанса на секакви филмови предложени од различни луѓе. Некогаш мислењето што го имаш дека се губење време ќе ти се потврди, ама некогаш и ќе се изненадиш колку само не си во право за некој филм. Ама, ти си знаеш.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Ај ве молам понатаму без бирање специфични филмови.
Филмот е специфичен is the new не е за сите.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.889
Тука никого не присилуваме на ништо. Темава беше отворена скоро 10 месеци пред дечкото да ни се приклучи и имаше над 20 предложени филмови веќе изгледани, што значи можел лесно да види дали се „специфични” или неспецифични. Или се надевал дека ќе си ги промениме вкусовите? Постизборно. Who knows.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Го изгледав јас минатиот викенд, сум заборавил да пишам.

И за мене првенче од Џармуш и како и неколку други тука го одбегнував досега, премногу хисптерски делува уште од прва, бев сигурен дека нема да ми се свиѓа.
Ама овој излезе дeка ми се свиѓа...само што стварно не знам колку ми се свиѓаше.

Почна добра, Кристофер Марлоу енд шит (инаку ми легна филмов со факултетот, чудо едно), Адам и Ева, вампири, Бајрон, Шели, Тесла, ред други познати имиња низ историјата. После некако малку ми забега приказната кога се појави сестра и на Ева (ко некој comic relief ми беше тој дел), па за на крај пак некако да го завршат прилично добро. Ако треба да го објаснам филмов со една реченица, Before Sunset со вампири би била таа реченица. Не знам зошто, ама со сите тие разговори што ги водеа, ме потсети малку на тој филм.
Инаку, Џон Харт всушност не е Шекспир, јас барем поинаку ја сфатив работава, дека сите драми кои се водат дека се од Шекспир се напишани всушност од Марлоу, ама поради тоа што Марлоу не сакал да се експлоатира го измислил Шекспир/му ги дал нему, да бидат издадени под негово име.

Се на се, нека оди 7/10, па планирам во новава година да разгледам уште нешто од Џармуш, да видам другото негово како ќе ми легне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom