Мене ова ми е прв филм на Џармуш. Требаше да го гледам уште пред некој месец, за 5X предизвикот, како tribute кон покојниот Јелчин, но некако бев слаб со време тогаш, па еве сега да утепам две муви со еден удар. Искрено, баш нешто вакво очекував од Џармуш кој само да го видиш на фотографија одма може да заклучиш колкав хипстер е. Ова е еден од оние филмови кои јас ги нарекувам „moody”, во кои приказната, односно наративот е во втор план и/или не постои, а со помош на камерата се сака да се постигне поинаков ефект - да се долови некое чувство или атмосфера. Дефиниција за таков филм ми е My Blueberry Nights, па морам да напоменам дека и Only Lovers Left Alive ме потсетуваше премногу на него (плус и по употребата на музиката за да ја долови целта). Морам да напоменам дека се согласувам со сите по малку, парцијално, за мислењата, но најмногу со
@moongoses за некои негативни аспекти кои ги спомна во неговото мислење. Иако, јас му давам троа повисока оценка - 7/10, зашто сепак генерално надвладеа позитивниот впечаток.
Во поглед на темата - не отскокнува воопшто од некои веќе воспоставени норми и стереотипи кај филмовите со вампирска тематика, т.е. се чини не измислува ништо ново, иако кај Џармуш вампири се некои преобратени историски и фиктивни фигури: Адам и Ева, Шекспир... Сакам да кажам, немаше измислици од типот: „вампирите не дека се плашат од сонце, само на сонце им светка кожата па затоа не излегуваат, за да не бидат откриени” (Twilight) и слично.
Спомна
@wot дека ова бил првиот дигитален филм на Џармуш, па затоа морам да ја нагласам неговата хипстерска опседнатост со елементи од аналогната технологија во филмов (особено како дел од сценографијата во куќата во која живееше Адам). Интересна паралела направил со овој момент.
Другото, си кажавте: кинематографија - запрепастувачка, музиката одлична, глумата феноменална (читав пред некое време некоја анкета врз познати филмски критичари во Холивуд, ги прашуваат која е според нив најдобрата жива актерка во моментов. Ќе се изненадите кога ќе видите колкав процент од нив ја имаа спомнато Тилда!), референците за Шекспир, Бајрон, Гете... worked well, но ми фалеше малку повеќе динамика во поглед на приказната и некако ко да имаше недовршени текови на разгранетата нарација a la Гендри (GoT) style.
Да повторам - генерално кул филмче. Преодна, 7/10