devilko
♆ wicked one ♆
- Член од
- 28 август 2014
- Мислења
- 1.889
- Поени од реакции
- 6.165
Драго ми е што ви се допадна предлогот. А уште по драго што успеа да предизвика дискусија со спротиставени мислења. За тоа е и клубов, зар не?
Криво ми е што некои членови го напуштија клубов од само ним познати причини и повеќе нема да не дружат. Уште по тешко е што тоа беа долготрајни членови кои не пропуштаа филм. Потајно се надевам дека ќе ни се вратат.
Најкриво ми е за Злате што толку се труди да го направи ова мало катче на форумов полно со хармонија и дружба.
Бек ту да мувие..
Кога го предложив, најголем страв од тоа дали ќе ви се допадне или не беше баш крајот на истиот. Бидејќи, како и на некои од вас, и кај мене се осети таа мала префосираност и избрзаност. За жал, книгата по која е инсипириран филмот, ја немам прочитано (сеуште), но читав нешто на нет, и во правиот експеримент, крајот е поинаков. Никој не се самоубива и благо речено имаме "среќен" крај каде што сите ја научија својата лекција за тоа колку е лоша и брзо избувлива некоја идеологија. И како истата може преку ноќ да се претвори во нешто негативно и страшно.
Но, филм како филм.. Ако завршеше на овој начин, немаше да се пренесе толку кристално јасно пораката што сакаше да ни ја каже. Сето тоа ќе беше премлако и недоволно уверливо. Затоа мислам дека сепак е подобро што заврши како што заврши, наместо да го следеше текот на книгата. Шлаг на торта беше што филмов беше Германски, и дејствието се одвива во Германија, наместо во Калифорнија како што стварно се десило. Сето тоа дава тежина и по моето второ гледање исто така му давам јака 8. (знам, знам. Престрог сум во оценувањето. Сеуште не сум дал 10 во клубов.)
@Џонтра Волта , не знам од каде го ископа баш тој филм, не сум го гледал иако имам гледано 2 за истиот експеримент. А и во првиот пост (ПМот на Злате што му го пратив) напоменав сличност помеѓу тој експеримент и овој. Всушност, ако добро се сеќавам, овој експеримент бил и инспирација за да се направи тој, далеку пострашен и со многу покобни последици. Страшно добар.
Од истиот ги имам гледано следниве филмови:
1. Das Experiment - такоџе германско филмче. Одличен приказ на експериментот.
2. The Experiment - Холивудска екранизација со Броди. Не е лош.
Збор - два за униформите:
И јас не ги фатив во средна школа. Истите почнаа да се воведуваат од кога ја завршив иако за нив активно се дебатираше додека учев. И тогаш имаше доста спротиставени мислења, а јас бев со неодреден став по истото прашање. Од денешна гледна точка би гласал "ЗА" најповеќе по една случка за која ми раскажуваше сестра ми што се случи во нивниот клас. Едно од децата, помалку имотно од другите, кое не можеше да си приушти секој ден различни алишта поради немање доволно средства, беше константно исмевано од другарчињата што 2 дена по ред носи иста маица, или што има излитени фармерки.
Со униформите таа разлика ќе се намали и нема истата да се чувствува толку. Бар нема да биде превише изразена. Не мислам дека на тој начин ќе се намали индивидуалноста, бидејќи истата подобро е да ја креираме и изразуваме идеолошки, абстрактно, преку уметност, музика.. него преку носење на различна скапо-маркирана облека и фалејќи се со истата, а притоа исмевајќи го секој оној што не може да си ја приушти.
Е сега, проблем е за такви деца што немаат пари, да си приуштат уште и купување на училишна униформа, но тоа е веќе друг проблем и тема за разглабање...