FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Драго ми е што ви се допадна предлогот. А уште по драго што успеа да предизвика дискусија со спротиставени мислења. За тоа е и клубов, зар не?
Криво ми е што некои членови го напуштија клубов од само ним познати причини и повеќе нема да не дружат. Уште по тешко е што тоа беа долготрајни членови кои не пропуштаа филм. Потајно се надевам дека ќе ни се вратат. :)
Најкриво ми е за Злате што толку се труди да го направи ова мало катче на форумов полно со хармонија и дружба. :(

Бек ту да мувие..
Кога го предложив, најголем страв од тоа дали ќе ви се допадне или не беше баш крајот на истиот. Бидејќи, како и на некои од вас, и кај мене се осети таа мала префосираност и избрзаност. За жал, книгата по која е инсипириран филмот, ја немам прочитано (сеуште), но читав нешто на нет, и во правиот експеримент, крајот е поинаков. Никој не се самоубива и благо речено имаме "среќен" крај каде што сите ја научија својата лекција за тоа колку е лоша и брзо избувлива некоја идеологија. И како истата може преку ноќ да се претвори во нешто негативно и страшно.
Но, филм како филм.. Ако завршеше на овој начин, немаше да се пренесе толку кристално јасно пораката што сакаше да ни ја каже. Сето тоа ќе беше премлако и недоволно уверливо. Затоа мислам дека сепак е подобро што заврши како што заврши, наместо да го следеше текот на книгата. Шлаг на торта беше што филмов беше Германски, и дејствието се одвива во Германија, наместо во Калифорнија како што стварно се десило. Сето тоа дава тежина и по моето второ гледање исто така му давам јака 8. (знам, знам. Престрог сум во оценувањето. Сеуште не сум дал 10 во клубов.) :P

@Џонтра Волта , не знам од каде го ископа баш тој филм, не сум го гледал иако имам гледано 2 за истиот експеримент. А и во првиот пост (ПМот на Злате што му го пратив) напоменав сличност помеѓу тој експеримент и овој. Всушност, ако добро се сеќавам, овој експеримент бил и инспирација за да се направи тој, далеку пострашен и со многу покобни последици. Страшно добар.
Од истиот ги имам гледано следниве филмови:
1. Das Experiment - такоџе германско филмче. Одличен приказ на експериментот.
2. The Experiment - Холивудска екранизација со Броди. Не е лош.

Збор - два за униформите:
И јас не ги фатив во средна школа. Истите почнаа да се воведуваат од кога ја завршив иако за нив активно се дебатираше додека учев. И тогаш имаше доста спротиставени мислења, а јас бев со неодреден став по истото прашање. Од денешна гледна точка би гласал "ЗА" најповеќе по една случка за која ми раскажуваше сестра ми што се случи во нивниот клас. Едно од децата, помалку имотно од другите, кое не можеше да си приушти секој ден различни алишта поради немање доволно средства, беше константно исмевано од другарчињата што 2 дена по ред носи иста маица, или што има излитени фармерки.
Со униформите таа разлика ќе се намали и нема истата да се чувствува толку. Бар нема да биде превише изразена. Не мислам дека на тој начин ќе се намали индивидуалноста, бидејќи истата подобро е да ја креираме и изразуваме идеолошки, абстрактно, преку уметност, музика.. него преку носење на различна скапо-маркирана облека и фалејќи се со истата, а притоа исмевајќи го секој оној што не може да си ја приушти.
Е сега, проблем е за такви деца што немаат пари, да си приуштат уште и купување на училишна униформа, но тоа е веќе друг проблем и тема за разглабање...
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Не бива така, не се издржува повеќе. Како некоја кнедла во грлото ми е кога и да се сетам на тоа! Не можам да спијам навечер бе.. истиот ден, после The Wave, го пуштив Фарго, 8ци ми се и двете, не може така, уживав повеќе во Фарго, ама па не можам 9ка да му дадам :unsure: сакав уште тогаш да пишам, ама ептен глупо ми стана да се поправам тука, па ај баталив.. два дена подоцна го гледам Доктор Живаго, исто 8ца му ставам, исто мноогу подобар, мош и за 9ка е повеќе, ама веќе ја изгубив сигурноста со The Wave, не знам веќе ништо, се ми е измешано... а и од кога се замислив повеќе, Бранот сам по себе не ми е за 8ца... 7ца е максимум шо може!
Сега ми е многу полесно, конечно после 3 дена ќе можам да се наспијам.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.899
Поени од реакции
6.973
После третиот излгедан германски филм (овој) признавам дека треба да сме поотворени кон нехоливудската продукција повеќе. Некако сме “задоени“ дека под филм се подразбира само амерички и толку али еве полека полека учам дека не било така :) Навистина, скоро сега имаше фестивал на нов германски филм по градовиве и таму погледнав едно интересно филмче. Ако некогаш ми дојде ред да предложувам филм можда тој ќе го предложам. Инаку конкретно за филмот, ми се допадна ептен. Секогаш филмовите по вистинска приказна носат нешто плус во себе. Доказ колку е лесно да се изманипулира маса луѓе за свои цели и како тоа може да тргне во непосакуван правец. Ме потсети на една док. серија која оди на Discovery Science, за контролата на умот.
Како и да е уште едно солидно германско филмче во мојата колекција на гледани филмови. Едно 8-че од мене. (y)
Дајте нешто јапонско/корејско следно :ROFLMAO:.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Дајте нешто јапонско/корејско следно :ROFLMAO:.
Следен за предложување сум јас, и еве, ветувам, нема да биде ништо холивудско, ама не одиме ни толку далеку, до Јапонија/Кореја, туку мнооооооооогу поблиску. ;)

Погодувајте!
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.899
Поени од реакции
6.973
Поблиску до холивуд или поблиску до нас?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Па Јапонија е поблиска до Холивуд од било што друго, освен можеби Канада и Мексико.
Ама тоа е ако веруваме во фактот дека земјата има елипсовидна форма.. што во последно време е доведено до знак прашалник.










































 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.064
Dosadno vi e, a? :D

"Leaknajte" porano filmot ajde. Nisto ne menja. :D

Zlate nemoj samo nekoj si balkanski, mrazam filmovi na jazici so moze da gi razberam. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Dosadno vi e, a? :D

"Leaknajte" porano filmot ajde. Nisto ne menja. :D

Zlate nemoj samo nekoj si balkanski, mrazam filmovi na jazici so moze da gi razberam. :D
:sneaky:[DOUBLEPOST=1478376109][/DOUBLEPOST]
Ама тоа е ако веруваме во фактот дека земјата има елипсовидна форма.. што во последно време е доведено до знак прашалник.










































Не биди Миленко!
 
G

grande-juve

Гостин
Следен за предложување сум јас, и еве, ветувам, нема да биде ништо холивудско, ама не одиме ни толку далеку, до Јапонија/Кореја, туку мнооооооооогу поблиску. ;)

Погодувајте!
Си пиша по пп кој е предлогот и вовед, во случај да не си тука? :D

Типувам на балкан.. копродукција
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Ако е мнооооооооогу блиску, осеќам ќе биде некој бугарски филм и ќе треба без глас да го гледам :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Си пиша по пп кој е предлогот и вовед, во случај да не си тука? :D
:pos::pos::pos:
Dosadno vi e, a? :D

"Leaknajte" porano filmot ajde. Nisto ne menja. :D

Zlate nemoj samo nekoj si balkanski, mrazam filmovi na jazici so moze da gi razberam. :D
Англиски не разбираш? Шпански? А грчки, романски, словенечки - разбираш? :P
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.736
Поени од реакции
43.861
Знам оти за Гет пишував дека ми е симнат и ќе го изгледам па ме снема на месец дена (уште ми стои на лаптопов), ама овој ветувам оти го гледам во вторник/среда вечер, покасно од рокот, ама не ми се верува да иам време денеска или утре. :)


Позз и не се карајте. :P
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Заврши уште едно убаво искуство во клубов, и тоа со изненадувачки позитивен исход - дури 12 души го гледаа The Wave (со се @dejan_k кој нѐ напушта), и доби средна оценка од 8,3. Позитивно е што @Џонтра Волта ни се врати по пауза од дури 7 филма и неколку месеци, и позитивно е што од оние кои се одлучија сепак да продолжат да нѐ дружат, само @Daedalus (втор филм по ред) и @ManUtdChampions (трет по ред, со тоа знаеш што следува - нема да те тагнувам сѐ додека не напишеш една рецензија, за било кој филм во клубов) не го изгледаа, што значи - може сме мала, но компактна и посветена група (барем во есенско-зимските месеци) што мене особено ме радува.

Е сега, за тоа што е следно. Следен сум јас! :P И знам дека кога ќе го прочитате насловот на филмов, многумина ќе се разочарате. Но, ве уверувам дека нема да зажалите доколку му дадете шанса, поминете преку сите стереотипи кои ги имате за државата од која потекнува (за оние кои ги имаат), за јазикот кој се зборува во филмот, за актерите (и јас не го сакам Мики Манојловиќ многу, ама сепак му дадов шанса и не само што не се разочарав, напротив - фала Богу што го изгледав), и сл.

Причина зошто го одбрав ова од подолу: како што и со @wot еднаш дискутиравме, и јас некакако си ги гледам филмовите во групи од по неколку. Пример: сега ми се во фазон анимираните, па следните неколку кои ги гледам се анимирани. Или: ќе направам или најдам некоја LB листа од која имам доста испуштено, па следните неколку ми се филмови од неа. Така, пред некој месец се сетив да ја разлистам листата на филмови кои влегле во јануарската shortlist-а од 9 филма кои го продолжуваат патот кон Оскарот за странски филм (откако е воведено тоа правило, пред околу десетина години). Еве ја листата: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/best-foreign-language-film-2006-2015-shortlists/ Изгледав по ред неколку од пропуштените. Меѓу нив, и еден, од држава од која претходно никогаш немав гледано долгометражен филм - Бугарија. Плус, @џимеј имаше ептен позитивна реакција за филмот откако го изгледа (до душа - пред јас да го гледам), па ви реков - јас поминав преку некои стереотипи и му седнав. И не зажалив ни за секунда! Препозитивен, преубаво снимен филм во кој немаше ама буквално ништо што ми сметаше. Филм за малите работи, за животот, за одлуките во животот, за семејството, за радоста... И останав окезен долго по филмов, зашто пренесува некои чудни позитивни вибрации кои ме ежат дури и сега, кога пишувам за филмов. Од мене доби чиста ко солза 10/10. Знам дека на повеќето од вас можеби нема да ви се допадне толку, но сакав само да видам како ќе помине. Плус - сакав малку да го прекинам трендот со праќањето на филмови со некои мрачни теми, иако и јас имам подготвено листа од мои можни предлози меѓу кои имаше и такви филмови, но ги оставив за некои други времиња. А влијаеше и тоа што кога се одлучив да го предложам овој филм во клубов, на LB му беше логиран како гледан само на @џимеј , но тој не не дружи многу во последно време, па затоа сакав да го изгледате повеќемина од вас. Сега, кога гледам пак, од нигде никаде се појавија и @MyloXyloto и @wicked_1 кои исто така го обележале како гледан во меѓувреме. Но, сепак се одлучив да не менувам ништо, и да внесам малку позитива во клубов. Ни треба, на сите. ;) Обаче надјавам се че се насладите. :P

P.S. Повеќе информации за филмот - ова е првиот и единствен филм од Бугарија кој влегол во кратката листа во јануари, но за жал не успеал да заработи номинација. Режисер е Стефан Командарев, а главните улоги ги толкуваат не-бугарски актери: србинот Мики Манојловиќ и германецот Карло Љубек.

Повелете:

Svetat e golyam i spasenie debne otvsyakade / The World is Big and Salvation Lurks Around the Corner
000.jpg

Бидејќи е бугарски, ве советувам да си побарате торенти на Замунда, иако го има секаде.

@wot , насловот - Film Club 2016 (The World is Big and Salvation Lurks Around the Corner: 07.11 - 20.11)

Letterboxd листата update-увана, листата на членови, исто така.

Се надевам дека ќе уживате барем приближно колку мене.[DOUBLEPOST=1478517306][/DOUBLEPOST]P.S. Едвај ви ги чекам реакциите. :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom