FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

W

wicked_1

Гостин
Јас не се согласувам дека ако човек има лошо минато и оставен е сам да се бори низ животот, по дифолт мора да стане наркоман, криминалец или паразит. И ме нервира тоа што сите тоа го мислат и секаде е така прикажано. Во филмов, и така се двајца браќа можеле да прикажат две различни приказни. Еден што успеал и еден што не успеал во животот. Еден на кој минатото му било лекција како да постане добар човек и родител и еден што потклекнал под ударите што му ги нанел животот. Еден борец и еден слабак.
Од ова пореален филм здравје, тие што потекнуваат од маргинализирани кругови и дисфункционални семејства ретко кога успеваат целосно да сменат мисловен сет, навики, систем на вредности и општо еден светоглед.

Не дека ќе немаат прилики и шанси - какви во филмот режисерот им даде и на двајцата браќа, туку заради баш заради тие зацртани навики од кои се обликувани да имаат песимистичка и деструктивна перцепција на светот околу нив.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.186

Cisto for the record zaso dobi ovoj visoka od mene a precious niska. Slicna diskusija.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.904
Поени од реакции
6.200
Одличен филм.
Иако се што се гледа е една провизорна судница и чекална, владееше одлична тензија и не се мрднав ни за момент додека го гледав.
На моменти ми беше и помалку смешен, со блага доза на комедија во него (знам, не треба да се смееш на туѓите маки).
Филмот имаше за цел да го прикаже процесот на развод во Израел, колку е истиот макотрпен и неправеден. Впрочем и требаше на жената 5 години за да се разведе од својот сопруг, кој пробуваше на секој начин да ја задржи, заобиколувајќи го законот.
Прочитав горе дека се работи за трилогија, па можеби во првите делови е прикажана повеќе ситуацијата во која се наоѓала она и зошто се решила на таков чекор.
Преку нејзиното лице можеше да се примети колку само сака да се реши од тој човек, па макар и по секоја цена, па и да остане до крајот на животот сама, т.е да не му се предаде на друг маж.
Он од друга страна, направи се за да ја задржи својата жена, прво од инает, а потоа се докажа и дека ја сака, бар мене ме убеди во тоа.
Факт е дека кога некоја личност ќе престанеш да ја сакаш, нема назад, тука е крај. Се што ти преостанува е истата да ја пуштиш да замине кога толку силно го посакува тоа.
Не знам како можете да ја обвинувате неа, кога основно човеково право е слободата да одлучиш со која особа ќе го потрошиш својот живот. Овде нејзе и беше истата скратена, од крајно смешните израелски закони. Баш поради нив беше врзана како куче на ланец, како птица во кафез. Зар има нешто полошо од тоа?
Подобро развод, од колку несреќен брак.
Оцена од мене: 8

П.С кога сме веќе кај негледаните филмови, за жал не успеав до сега да го репризирам А.И како што напишав тогаш. Оцена: 9
Ми се брише минусот?! :unsure:
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.904
Поени од реакции
6.200
Не е минус туку е жолто квадратче кое многу ме напиња и ја имам едно такво ради Grave of the Fireflies :mad:
Зборам за Екселот :D
Црвено е кај мене. Директно исклучување, ко со две нози да сум влегол :D Некаде да се упати жалбава? @Zlatikevichius ? :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Црвено е кај мене. Директно исклучување, ко со две нози да сум влегол :D Некаде да се упати жалбава? @Zlatikevichius ? :D
Црвено било зашто не сум ја знаел оценката тогаш. Сега, штом ја знам оценката, добиваш жолто, заштo не си го репризирал, т.е. не си пишал коментар, туку само оценка. Репризирај го, ќе позелени. ;)
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.607
Поени од реакции
9.766
А моите црвени кога ќе позеленат? И пошто се изнамачив, три ги изгледав во пола ден, може гратис зелено кај Lunacy? :P
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.607
Поени од реакции
9.766
Пази сега. Јас по листата на летербокс ги симнував филмовите, си отварам по ред, си симнувам, си идам тука си читам за филмот и си пишувам збор два . И сега го гледав War of the Buttons, затоа што го видов во таа листа. И доаѓам да читам и да напишам за него и...... Не е тој!!

Правиот сум го гледала.. Иако ништо не разбрав со постериве...
Досаден ми беше во секој случај.
 
Последно уредено:

Кој го гледаше сега? Првиот или вториот? Тој со Летиција Каста и Евреите или друг некој?
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.779
Поени од реакции
44.010
Јас утре или задутре ќе го изгледам филмчево. Да не мислите оти сум ве заборавил. :P
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.607
Поени од реакции
9.766
Кој го гледаше сега? Првиот или вториот? Тој со Летиција Каста и Евреите или друг некој?
Прв втор тоа не знам, се збунив ептен со постерите. Како можеле два исти филмови да направат, во иста година, со иста содржина, па дури и ист постер имаат. Тој е правиот што сум го гледала. Џабе паничам. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Прв втор тоа не знам, се збунив ептен со постерите. Како можеле два исти филмови да направат, во иста година, со иста содржина, па дури и ист постер имаат. Тој е правиот што сум го гледала. Џабе паничам. :)
Не се баш со иста содржина. Тој едниот, што не требаше да го гледаме, е римејк на оригиналниот филм (има плус и еден британски римејк на истиот), а овој кој ние го гледавме е малку проширена приказната, плус преместен за време на Втората светска војна.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.607
Поени од реакции
9.766
War of the Buttons
Имаше ептен убаво доловени моменти, онака да си украдеш некој дел и да си го урамиш за на ѕид и за жал тоа беше се што беше убаво во филмов. Друго се ми помина едвај, со мачење, колку да го изгледам. Исто како кога читаш книга онака летнат со паметот и читаш се по ред, ама кога ќе ја свртиш страницата, не се сеќаваш на ништо претходно, па ај враќаш од ново да пречитуваш. Е така некако, само што јас ни вратив да видам пак, ни некогаш ќе вратам. 5/10. И 4 ќе беше, ама плус и детенцето ми беше интересно.

The Treatment
Prisoners за сиромашни. Многу ми беше мачна истрагата и детективот некако не го можев, ептен го исфорсирале тој лик. Ептен опседнат со случајот. Не ги можев и тие гадните сцени педофилски и верувам само за тоа би дал некој поголема оцена, само поради темата што ја одбрале да ја обработат, знаеш дека вистина се дешаваат онакви болни работи и се нервираш, се револтираш, размислуваш, ептен навлегуваш понатаму во филмов. Да беше ист текот на филмот, ама да ја немаше педофилијата, да беше некој обичен сериски убиец на жени пример, верувам од сите 6 ќе добиеше.
7/10
 
Kajgana Shop

На врв Bottom