FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Имам желка. Водна. Седум или осум години ја чувам. И ја купив за некој Валентајн на (тогаш) девојка ми. Лили се вика. Сега е голема. И спора. Секогаш била спора, до душа. Преку зима хибернира. Тогаш е уште поспора. Речиси и да не мрда.

Кајгана денес е бетер од Лили во зима. Бе-Тер!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Попрво нова сезона од Шерлок ќе дочекаме, отколку нов филм овде...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
@MyloXyloto не зафркна малце овојпат, ама ај ќе му простиме зашто нели зафатен беше со дипломирање. :P А сега веројатно е зафатен со славење по дипломирањето, па иако ми вети дека денес ќе напише коментар за Precious, не напиша. И дека малку е проблематичен овој случај, на пример сега Mylo нема пишано коментар за претходниот филм, што значи според правилото неговото место треба да го земе следниот предложувач, а тоа е @Anon, но бидејќи на Anon дури денес му пишав да бара нов филм, не е фер спрема него да го брзаме и да мора за неколку часа да се одлучи, кога сите останати имаме по 2 недели за размислување. Затоа, диктаторот @Zlatikevichius одлучи од овој момент да воведе два амандмани на Законот на филмскиот клуб, и истите да почнат да се применуваат веднаш. Ако некој има нешто против, нека се жали во врховен суд, кај @wot и @џимеј .

Амандман 1: Од овој момент престанува да важи правилото со кое предложувачот на новиот филм мора да го има изгледано претходниот филм и да има напишано коментар за истиот. Останува само: од последните три предложени филма, да има изгледано барем еден и да има пишано коментар за него. Значи: ако имаш три по ред пропуштени - губиш право да предложуваш следен, како што беше и до сега.

Амандман 2: Од овој момент па натаму, секој предложувач во рок од тие две недели кои му ги давам за предложување ќе мора да ми напише во пораката која на сите ви ја праќам две недели пред денот за предложување на вашиот филм, зошто го избрал баш тој филм. Истото тоа, цитирано, ќе го презентирам јас на останатите членови на клубот во понеделникот кога ќе презентирам кој е новиот филм кој сите треба да го гледаме. На тој начин нема да има потреба да чекате толку долго за да дознаете кој е новиот филм, како денес, а пак, оној кој сака, ќе си каже зошто го избрал филмот кој го избрал. Ако предложувачот не ми испрати таква порака за време на тие две недели, нема смисла да го чекаме и петнаесеттиот ден да пише во темава, и да губиме време.

Сега, она што сите го чекавте. Новиот филм, предлогот на @MyloXyloto е:

Gett: The Trial of Viviane Amsalem
GETT.jpg


@Хоуп беше блиску за тоа со погодувањето каков филм ќе биде, само што овој не беше номиниран за Оскар, туку за Златен глобус. И да, не го освои. За остатокот од предвидувањето, ќе видиме. Мене ми е одамна во watchlist (од 2014, кога се појави :P), па еве прилика сега да го ѕирнам. Јас не се сомневам дека ќе уживам, за вас не знам.

А еве зошто @MyloXyloto го избрал:
MyloXyloto напиша:
Филмот кој ќе го гледате овие две недели го одбрав поради две причини. Првата е тоа што април годинава почина главната глумица во филмот, воедно и режисер на истиот Ронит Елкабец. Второ, поради тоа што имам гледано само два-три израелски филмови, за мене таа беше нешто досега невидено на филмското платно од кинематографијата од источните земји. Толку сјајно одглумена улога, воедно и прекрасно создаден филм немав гледано одамна, што по гледањето на Синедејс 2014, излегов полн со импресии и размислувања. Филмот го следи процесот на развод, а воедно и обвинувањата кон жената поради намерите за развод. Ова е воедно завршниот дел од трилогијата за “несреќен брак“ која мене не ми е изгледана, но поради тоа што дури сега се сетив на филмот кога требаше да предлагам дефинитивно ќе се изгледат. По 20 години брак, Вивијан Амсалем одлучува да го прекине бракот со Елиша. Тој и натаму се надева дека ќе бидат заедно, таа верува дека ќе стави крај на целата приказна. Каква одлука ќе донесе судот на крајот?

Маестрална глума, дијалози поради кои ќе се запрашате колку е обесправена положбата на жената во Израел. Досега немавме израелски филм, чинам и ниту еден филм од Истокот, така да со нетрпение ги очекувам вашите коментари!
Letterboxd листата update-увана, листата на членови, исто така.

@wot , насловот, please. Film Club 2016 (Gett: The Trial of Viviane Amsalem: 26.09 - 09.10)

ţwdh (Немам поим како се изговара ова чудо, но на хебрејски значело: благодарам :P)[DOUBLEPOST=1474929762][/DOUBLEPOST]
Попрво нова сезона од Шерлок ќе дочекаме, отколку нов филм овде...
Брз бев? :P
 
Последно уредено:

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Спиди Гонзалес бе :)

Ова треба да се провери ама има огромна шанса филмов да е најмалку оценуван на imdb од сите досега во клубов, евентуално со тој чешкиот може да е тесна битката, 3821 човек го има изгледано...од кај го ископа бе:)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Спиди Гонзалес бе :)

Ова треба да се провери ама има огромна шанса филмов да е најмалку оценуван на imdb од сите досега во клубов, евентуално со тој чешкиот може да е тесна битката, 3821 човек го има изгледано...од кај го ископа бе:)
Lunacy води - 2782. :P[DOUBLEPOST=1474931055][/DOUBLEPOST]Не, сепак: War of the Buttons - 1573
 
G

grande-juve

Гостин
3821 човек го има изгледано...од кај го ископа бе:)
Ископан е од Скопски филмски фестивал пред година ипол :D. Добра драма, спора, треба концентрација, налик на иранскиот A Separation, со фокус на позицијата на жената во Израел

Едит: Сеа го приметив цитираното од myloxyloto
 
Последно уредено од модератор:
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ископан е од Скопски филмски фестивал пред година ипол :D. Добра драма, спора, треба концентрација, налик на иранскиот A Separation, со фокус на позицијата на жената во Израел

Едит: Сеа го приметив цитираното од myloxyloto
Јас пак мислев на Синедејс сум го гледал, сега ми текна дека беше пролетта 2015 да, СФФ.

Во секој случај, како што напоменав, ова е последниот дел од трилогијата за несреќен брак. Верувам дека и претходните два се врвни како и третиот, така да, кој сака нека ги ѕирне. Еве наслови:

To Take a Wife (2004)
Shiva (7 Days) (2008)

Што се однесува до Gett, како што напоменав филмот е двочасовна trial драма, ќе се изнаслушате дијалози, како што напомена гранде, мора концентрација, и очекувам доста позитивни реакции. Ваљда тоа горното ми се смета како review a? :P Оцена - 9/10 :love::love::love:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Само мала исправка, @MyloXyloto - втор израелски ни е. The Congress на њот беше копродукција во која мислам дека Израел го имаше главниот збор. Дури и режисерот беше од Израел. ;)

Значи, втор е овој.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.607
Поени од реакции
9.766
Неколку години судски процес за развод на брак. Причината за развод? Вивијан веќе не го сака својот маж. Тврди дека нејзиниот сопруг не ја почитува и цени, несреќна е во бракот и одлучна е дека веќе нема да се врати кај него.
Судот не мисли дека тоа е причина за развод. Не мислам ни јас.

Дали нејзиниот сопруг ја малтретирал на некаков начин? Не.
Дали некогаш кренал рака на неа? Не.
Дали нејзиниот сопруг е алкохоличар, коцкар, убиец, неранимајко? Не.
Потекнува од добра религиозна фамилија, познат како добар и грижлив човек, татко и сопруг.
Но, кога Вивијан била нервозна и тажна, кога не и бил денот и била бесна на него, тој го затварал прозорот да не се слуша како се дере, наместо да и даде утеха. Кога Вивијан била болна, тој спиел на каучот во другата соба и замислете еден чај не и однел. Тотална незаинтересираност. Живеат покрај море, а никогаш на плажа не ја однел, на кафе па ич.. Цвеќе во живот не и дал, а не знаеме ни дали воопшто некогаш и кажал дека ја сака. 10 години ги игнорирал нејзините желби.

Вивијан седи во судот со мини сукњичка и голи нозе, судиите или што и да беа тие тројцата и се обраќаат со "вие" ама Вивијан е обесправена, несреќна, жртва..
Ок, еднаш и кажаа да си ја собере косата.

Не ме допре воопшто, не знам јас кој гледа тука дека некој е обесправен и треба да се сочуствува со него, да нејзино право е кога сака да стави крај на нешто во кое се осеќа несреќно и неисполнето и нема потреба од толку влечкање по судови и толку замарање со сведоци, ама да беше вака ќе треба сите бракови во земјава да ги прекинеме.. Тоа е, различни луѓе, различни карактери, секој различно си искажува љубов, после толку време брак со 4 деца позади себе, смешно е да се замараме со кој колку внимание обрнал на другиот. Жените се многу разгалени,тешко на мажите со нив.

Малце повеќе драми при крај ко за мене, требаше уште вториот пат да ги опцуе и да си иде, наместо да се објаснува и да плаче зошто 10 години не ја гушнал во јавност.. нема никој за сожалување во филмов, судот не им чини, бетер од кај нас е. За тоа ми е жал. И за глумицава што умрела. Ај еве 7.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Јаооооооо каков инат човече, овој бетер од мене.
dddh.png
Мислам, дечкото не збори 15 години со пријател затоа што пеел една октава повисоко (неписмен сум за музичко може да се изразив погрешно), шо сакаме поише?
И на почетоков судииве многу ме напнаа, се некако го фаворизираа мажов...
А и оваа па запнала да се разведе па запнала. Аман на тие години сака да оди да се дрољосуе, ете, си живеала одвоено нека си продужи да живее, нека не се занаса дека е како куче на ланец кога живее одвоено.
Мажов е крив да се разбереме ама и правниов систем... убаво им рече таа, у Америка 2 пати не се појавува, готово, решен случај. Овој си игра полов орган не доаѓа со месеци.
За инат бе, за инат.
Сведоците беа смешки.
Цело време адвокатот на мажов буцка прашања за одговорите да го величаат мажот.
Другиов обратно.
7/10
Банална ствар но не беше многу досаден.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.607
Поени од реакции
9.766
Мажов е крив да се разбереме ама и правниов систем...
За што е крив мажот? Зошто сега на 50 год и 4 деца дома и текнало на таа дека не добива доволно внимание?
За тоа дека нештата стануваат монотони со тек на време и дека вистина можеш да бидеш несреќен ако живееш со некого што не го сакаш е во право и во ред да си бара развод, ама дека мажот е за нешто крив не е. Типичен маж, си живеел типичен машки живот, како што живеат скоро сите мажи со своите сопруги. Голема работа ако не ја носел по кафиња и не ја гушкал во јавност. Добар си бил човекот, обезбедил добар живот за неа и за децата, причините беа колку да се најде нешто...
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
За што е крив мажот?
Затоа што очигледно и он не ја трпи дома. И се гледа дека од инат не дава.
И онака она живеела долго време без него, зошто не ја ослободи?
Што му мења него освен што нејзе и го прави животот пекол?
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.607
Поени од реакции
9.766
Затоа што очигледно и он не ја трпи дома. И се гледа дека од инат не дава.
И онака она живеела долго време без него, зошто не ја ослободи?
Што му мења него освен што нејзе и го прави животот пекол?
Не се врти светот околу неа па да биде како што сака таа. 4 деца имаат и по 100 години. Кој би почнал сега на тие години живот од ново? Не е лесно. Не е ваљда само за инает, ете мене ме убеди дека сеуште ја сака... повеќе како таа да се инаетеше да го остави зошто не добиваше тоа што мислеше дека заслужува отколку тој. Човекот врска немаше кај згрешил. И ништо не згрешил уствари.
Од кај виде ти дека не ја трпел дома?
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.607
Поени од реакции
9.766
Сега ќе ви дојде многу од мене во клубов, мислења едни под други, ама морам да си ги изгледам и другите што ми заостанале, да си добијам зелени квадратчиња :)
All About Eve
As always with women who try to find out things, she told more than she learned.
Хах..

Прво, одма се гледа дека некој човек е манипулатор по начинот на кој се наметнува. Јас сум изгубила многу работи во животот поради тие наметливи манипулатори, иако сум поседувала поголеми квалитети од нив. На раб, кога им дојде време на две жени да се пензионираат, јас и уште една девојка бевме предложени за замена. Јас одма се фатив за работа, никој не ме забележуваше, само ми трупаа плус и плус и плус работа, додека другава си идеше по луѓе, си разговараше приватни работи, ги шармираше, им изиграваше асистент, помошник, секретар и којзнае што не и ете сме засега јас со еден куп работа, а таа си доаѓа кога ќе посака, си пие кафиња, се кикоти цел ден, си работи работа од соништата... Нема врска, муабетот ми беше дека во овој свет, ќе успееш само ако бидеш Ив. На крај, тебе ќе те замени друга Ив, нејзе некоја друга Ив и така.. Се е околу Ив.

Добар филм, секогаш се заебувам што ве читам пред да пишам нешто за некој филм и онаква сум ааа ете ова и јас го мислам еве лајк, аа и ти тоа што си го пишал исто ко јас да сум го кажала и испаѓа нема што да кажам јас зошто сите над мене кажале се, па да не се повторувам. Еве ќе се повторам нешто за должината на филмот. Затоа не му давам 9 или 10, многу бавно се дешаваше и со мн непотребни ситуации и ликови, за дијалозите исто ќе се повторам со сите, мада тие дијалози си се такви во сите црнобели филмови. Длабоки, паметни и неповторливи за жал..
8 од мене за All About Eve, одам сега да го гледам A Short Film About Love.[DOUBLEPOST=1475341789][/DOUBLEPOST]A Short Film About Love
Да гледаш површно на филмов, ќе видиш дека нема логика, не се работи за љубов, досаден е, еден дечко манијачи по прозори, мисли дека се заљубил во таа што ја манијачи, се усрами пред неа и се обиде да се самоубие за глупости...

За нормален човек кој добивал љубов под нормални услови и што верува во љубов од бајките каде двајца ќе се заљубат и ќе живеат среќно до крајот на животот, оваа љубов е нелогична, смешна, глупа, не е ни љубов воопшто. Ама, за дечко кој растел цел живот сам и жена што константно била повредувана и никогаш не била вистински сакана, љубовта е насекаде. Во опсесијата, во осаменоста, стравот, понижувањето, во смртта... И во глобала, Томек и Магда се исти.. Двајцата немаат искуство со љубовта, за едниот љубов значи болка, за другиот секс и понижување.. Вистински краток филм за љубов на која не сме навикнати.

Може повеќе ќе ми се допаднеше да има трагичен крај, тоа највеќе одговараше на цела атмосфера и на ликовите, ама и вака е топ. И тука 8.
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.607
Поени од реакции
9.766
Submarino

Многу години после трагедијата што ќе им се случи и лошиот живот што го поминале, двајца браќа (не) се снаоѓаат во животот, секој по свој пат и како што постојат и предрасуди за овие луѓе, така и во филмов, двајцата живеат како темпирани бомби, готови да испукаат и да си наштетат себеси или на околината. Едниот, завршил како наркоман, секојдневно ризикувајќи го животот на своето дете, полн со љубов, но недораснат, несериозен и несигурен како родител. На крај завршува со тоа што ќе си го одземе животот, а неговиот брат слично нешто како него е бездомник и човек што ништо не постигнал во животот, завршува без една рака и којзнае како ќе му продолжи животот понатаму.

Јас не се согласувам дека ако човек има лошо минато и оставен е сам да се бори низ животот, по дифолт мора да стане наркоман, криминалец или паразит. И ме нервира тоа што сите тоа го мислат и секаде е така прикажано. Во филмов, и така се двајца браќа можеле да прикажат две различни приказни. Еден што успеал и еден што не успеал во животот. Еден на кој минатото му било лекција како да постане добар човек и родител и еден што потклекнал под ударите што му ги нанел животот. Еден борец и еден слабак. Тука, иако на крај набрзина се прикажа дека се ќе биде во ред, сепак очигледно дека никогаш ништо нема да биде добро. Детето сигурно ќе заврши по домови и ќе продолжи онаму каде што заврши татко му, а братот сигурно дека нема сега да се вработи, да се ожени и среќно да си живее... Штета, јас познавам многу луѓе кои поминале се и сешто, па сепак се нормални и водат нормален живот. На нив ништо не се познава и никој не би рекол дека немале совршено минато. И се нервирам кога ќе им речат имаш среќа вака што заврши. Демек среќата е во прашање. Како било.
8 и за овој филм, убаво скоцкана драма, би го репризирала и би го предложила на друг.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom