W
wicked_1
Гостин
Од ова пореален филм здравје, тие што потекнуваат од маргинализирани кругови и дисфункционални семејства ретко кога успеваат целосно да сменат мисловен сет, навики, систем на вредности и општо еден светоглед.Јас не се согласувам дека ако човек има лошо минато и оставен е сам да се бори низ животот, по дифолт мора да стане наркоман, криминалец или паразит. И ме нервира тоа што сите тоа го мислат и секаде е така прикажано. Во филмов, и така се двајца браќа можеле да прикажат две различни приказни. Еден што успеал и еден што не успеал во животот. Еден на кој минатото му било лекција како да постане добар човек и родител и еден што потклекнал под ударите што му ги нанел животот. Еден борец и еден слабак.
Не дека ќе немаат прилики и шанси - какви во филмот режисерот им даде и на двајцата браќа, туку заради баш заради тие зацртани навики од кои се обликувани да имаат песимистичка и деструктивна перцепција на светот околу нив.