THE DARK VALLEY
Генерално ОК филмче. Типична revenge драма, ама сместена на едно нетипично место, во една долина опколена со снежни планини во која не баш убави работи се случуваат, со децении. Сценографијата беше супер, и генерално визуелно одличен впечаток остави, освен во некои сцени каде по малку тарантиновски крвта необично се расплиснуваше наоколу. Ама глумата не ми беше некако многу убедлива. Не дека нешто особено лошо изглумеа, ама очекував повеќе бес, повеќе емоции, и кај овој типацов што се претвори во каубоец, и кај домородното население кај кои ретко дури и страв видов. Повеќе беше само апатија и како на сите да им беше сеедно за се што се случува околу нив. Ко да веќе беа мрвти. Може и тоа му било целта на режисерот, не знам, мене ми делуваше неприродно. Приказната како приказна ОК беше, ама ништо веќе невидено, така што, и тука филмот не ги подигна оценките. Инаку, по „професијата“ на типот - фотограф, и по тоа што во еден необичен сетинг се разви вестерн-like приказна, филмов многу ме потсети на нашиот Прашина на Манчевски. Сумирано, пак ќе речам, ОК филмче, ама далеку од тоа да ме остави без здив. Некаде измеѓу 6 и 7 ми е, ама обично 7 давам за нешто посолидни остварувања, затоа 6/10 мислам дека му е доволна на овој.