FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Јa oд рутрaкер oдмa гo симнaв, нaпрaјте си тaму aкaунт и немaте гaјле.

П.С се нaдевaм декa е бесплaтни дa се нaпрaи aкaунт зoштo се е нa руски тaму и ништo не рaзбрaв :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Јa oд рутрaкер oдмa гo симнaв, нaпрaјте си тaму aкaунт и немaте гaјле.

П.С се нaдевaм декa е бесплaтни дa се нaпрaи aкaунт зoштo се е нa руски тaму и ништo не рaзбрaв :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
Сега ко че ти дојди сметка во која како должник имаш 325235 евра за давање :D Че му го дајш како алиби-Член сум во еден силен филмски клуб, морав да го симнам филмот.....
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
На Замунда имате BRRip aко не сакате да се замарате.
 
G

grande-juve

Гостин
Јa oд рутрaкер oдмa гo симнaв, нaпрaјте си тaму aкaунт и немaте гaјле.

П.С се нaдевaм декa е бесплaтни дa се нaпрaи aкaунт зoштo се е нa руски тaму и ништo не рaзбрaв :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
ем е беспари, ем најбрз данлоуд, ем нема никакви обврски за сид... само треба да се пази да го има оригиналното аудио филмот.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
Го немав.
Го ставив.
Тргна:

Ама брзинава...
Две години ќе му требаат вака да се симнува.

Е сега: зошто го немаше url на тракерот кај мене? Од кај го симна торентот ти? Јас од kat.cr . Или, да не има врска тоа што јас не ги download-ирам торентите, туку симнувам со помош на magnet link?
Не ми текнува ама можно е да го симнав од двете места и од пајрат беј и од кикес.
Нема врска магнетот, тој пак си се поврзува со тракери.
Ама најверојатно од пајрат беј бил тој тракер а го немало на кикес.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.561
Не ми текнува ама можно е да го симнав од двете места и од пајрат беј и од кикес.
Нема врска магнетот, тој пак си се поврзува со тракери.
Ама најверојатно од пајрат беј бил тој тракер а го немало на кикес.
100% од пајрат било, мене цел ден не ми го отвараше сајтот, цело време ми пишува порака: пробај пак за 10 мин.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
La nouvelle guerre des boutons. Епа вака, филмов од сам старт беше проблематичен: се измачив додека го најдов и симнав; се измачив додека најдов посоодветен перевод, за на крај да го гледам со превод кој доцни скоро минута и никако не се подесува; кога го пуштив првпат заспав, што ретко ми се случува (го изгледав на два дела).
Како и да е, филмот како филм не е воопшто лош, освен што тематиката е веќе 100 пати гледана. Прогонството на евреите. Сите други филмови со оваа тема најчесто акцентот го поставуваат на страдањето и маките кои ги преживеале луѓето од тоа време. Но, тоа не беше случај со овој филм. Претставен низ играта на децата од селото. Најверојатно ова е првиот филм со таа тематика за кој можам да кажам дека на извесен начин имаше среќен завршеток. Очекував да има поинаков ток, да се случи некаква трагедија со девојчето или сл.
Многу ми се допадна селото, па посакав да сум таму :). Убави предели, убава атмосфера... Можеби не е до сцените од филмот, последно време сакам да сум каде било, само не тука.
Ликовите од филмот ми беа онака. Затоа нема ни да има подлабока анализа. Децата се деца. Некогаш не се свесни што можат да предизвикаат нивните постапки. Најинтересниот дел од филмот беа најверојатно нивните битки. Се млатеа постојано, ама никој не беше повреден и осакатен. За разлика од деншниве деца кои одат на училиште со метални боксови, ножеви, телескопи, пиштоли, нивното основно оружје беа гранките и дрвата. Среќа. Дури имаа и свои трофеи, кои ги понесуваа од победите. Поразените пак, се враќаа во своето село без копчиња. Се на се, симпатично и наивно.
Кога сите требаа да се здружат против непријателот за да го заштитат девојчето, тоа и го направија. И децата и возрасните. Добар пример за кохезија и вистински вредности. Иако цело време очекував да се случи нешто страшно, филмот заврши и толку. Немаше страдања, умирање, заплет, расплет и солзи. Акцентот, поставен исклучиво на играта на децата од двете соседни села. Јас очекував многу повеќе. А за тоа како се претставени нацистите на крајот, подобро да не коментирам. Камо да биле сите како овие од филмов.
Токму поради неколку наведени причини мислам дека ова е филм кој е погоден и за деца, па и за возрасни. Мене лично, не толку многу ми се допадна. И да не се разбереме погрешно, не поради тоа што немаше крај каков што очекував, туку едноставно не ме допре. Ми немаше длабочина и се ми изгледаше веќе видено. Тоа секако не значи дека филмот е лош, само моите очекувања ми го уништија филмот.
Од мене многу слаба 5-ка. Многу ме интересира како останатите го доживеале...
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.561
Го изгледав и јас, и морам да признаам дека имав многу слично размислување како @dejan_k од погоре. Прво што ме стави во мисла беше фактот дека, како што прочитав, ова е адаптација на роман објавен во 1912 година. Па од каде тогаш Евреи, нацисти, депортации? После сфатив дека драстично ја измениле приказната во филмов, вметнувајќи го тој паралелен plot. Ги немам гледано другите адаптации на романот и не можам да споредам што добила, а што изгубила оваа верзија со вметнувањето на приказната за Симон и Вајолет, но ќе се обидам пред да заврши рокот за гледање на филмов да изгледам барем уште една верзија, па после ќе споредам.

За сега ќе премолчам за останатите впечатоци од филмов. Сакам да ми легне малце пред да формирам мислење, зашто ептен тазе ми е, само што заврши. :P
 
G

grande-juve

Гостин
Лошо. Освен убавите пејсажи, и изгледот на Laetitia Casta се друго беше слабо. Ликовите површни, нема шанса да се поврзеш со некој, а тоа е една од најбитните работи. Помошнициве на нацистите многу јако ги напраиле, посебно при крајот:pos:. Децава поише од пола лошо глумеа, другите деца и возрасните просечно, иако тоа се должи и на материјалов со кој располагале глумциве.
Режисеров си имал замисла поише поенти да прикаже, однос татко-син, обединетост против општото зло иако не се мирисаат сите меѓу себе, праведност преку учителов, мини романса итн... Арно ама, лоша реализација, некако евтино се' ми делуеше. И војните меѓу децата ми беа глупи.

4/10, доста му е.
 
Последно уредено од модератор:

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.902
Поени од реакции
6.190
И јас се слагам со сето она што @dejan_k го напиша, предобра рецензија и критички осврт btw. :)
Мало потфрлање кај реализацијата, но во глобала солиден филм. Кадрите беа одлични, како и јаките, светли бои. Селцето ќе те натера да го засакаш и посакаш да живееш таму, како и тајното местенце каде Ле Бланк ја однесе Виолет.

Филмот играше на картата да го прикаже целото богатство на детскиот живот тогаш, за разлика од овој модерниов, динамичен и полн со технологија. Дали успеа во тоа? Да, кај мене се роди таа желба за тој безгрижен живот.
Во другите сегменти, морам да признаам дека потфрли.

За солиден филм, од мене солидна оцена: 6
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Мене ми е глуп, све ми беше глупо, само тоа најмалото дете беше интересно. И тоа девојчето со пуцвал косата има потенцијал. :backa:
Другото за ништо не ми го биваше, не би ми бил интересен ни на 2-13 години коа сум имал.

Боље Умни глави или Рабробил да глеав.

5/10
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.489
Поени од реакции
5.583
Лесно филмче, имаше интересни и смешни ситуации со децата но не се поврзав со никој од ликовите и беше многу предвидлив. Онака го изгледав, оценка 6.

Симон :drk:
 
G

grande-juve

Гостин
како да го сфатам сериозно филмов коа скоро сите носеа ем каиш ем трегери
:ROFLMAO:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.561

Kajgana Shop

На врв Bottom