Cashback (2006)
Главниот глумец доста интересен како лик, не ми е познат од порано.
Бен по раскинувањето со девојката почнува да пати од инсомниа, автоматски добива +8 слободни час, и решава да се вработи во супермаркет се со цел да убива време.
Предвидлива приказна посебно крајот, досаден на моменти, имаше и некои смешни сегменти, кинематографијата извонредна, супер ми беа и споредните ликови. Сепак вреди да се погледне поради тоа што е малку необичен.
За стопирање на времето цело време мислев дека само си замислува, се до крајот.
Видов дека има и некоја кратка претходна верзија на филмот, ќе го ѕирнам и тој.
7/10