Епа тоа е кога пишуваш на латиница
не те разбира човек...
Не се слагам баш дека начинот на раскажување е обичен и дека денес не би прошол, приказната баш е класично структуирана за холивудски филм и денес не гледам големи отстапувања во структурата на приказните што ги прават. Факт е дека ретко има „вакви“ филмови сега, но тоа е затоа што новите генерации се менуваат и индустријата се адаптира на публиката.
Погледни го само колку е романтичен и носталгичен постот на Злате со кој го најавува Титаник. Филмот е скроен баш за во кино и токму во тоа кино од тогаш, денес не би поминал затоа што ќе остане незабележан во ера на суперхеројски филмови, а не дека не би можел да се носи со класичните драми. За мене Титаник е класична драма и како таква, не ми изгледа дека старее, шо знам... Не дека филмот измисли топла вода, али е совршено изработен во секој поглед, погледни ги само карактерите, онакви ликови ретко се пишуваат за да бидат уверливи.
Кога лани го прикажувавме на кино кај нас како што спомнав погоре, имав еден, буквално еден другар кој никогаш го немаше гледано Титаник. Кога заврши филмот и излеговме од салата, ми рече дека не видел толку уверлив женски лик на филм, беше едноставно восхитен од тоа како може да биде изработен ликот на Кејт Винслет. Сепак, тој го гледаше со свежи импресии, додека јас си ги евоцирав изминатите спомени кога бев дете и го гледав на кино и се плашев дека бродот е толку голем.