Ah, distinctly I remember it was in the bleak December;
And each separate dying ember wrought its ghost upon the floor.
Eagerly I wished the morrow;—vainly I had sought to borrow
From my books surcease of sorrow—sorrow for the lost Lenore—
For the rare and radiant maiden whom the angels name Lenore—
Nameless
here for evermore.
Признавам, не ми беше до толку WOW како првите десетина пати кога го гледав
, но тоа беше пред повеќе од 10 години. И тоа добро се сеќавам, во тоа време бев студент, и баш во истиот период кога го гледав, само неколку дена пред тоа, го работевме Едгар Алан По по Романтизам на факс. Само неколку дена пред тоа за прв пат дознав и за наздравувачот на По. Ако не сте слушнале: секоја година, во период од преку 70 години (1930-тите до 2009) на 19-ти јануари, на роденденот на По, во раните утрински часови, мистериозна фигура облечена во црно, со црна шапка и бела машна, оди на гробот на По во Балтимор, остава 3 рози во специфичен распоред, полупразно шише со коњак и чаша во која тура од коњакот, наздравува, и без збор го напушта местото. Понекогаш, покрај розите, остава и парче хартија со одредена порака. Настанот многу често бил следен од илјадници луѓе кои доаѓаат да го видат тој призор, но иако постојат бројни теории, до ден денес никој не знае кој е назравувачот на По, како што популарно е наречен. Традицијата веќе не постои во таа форма во која траела до 2009 година, на денот кога се навршиле 200 години од раѓањето на По, и по кој, во следните години, до денес, мистериозниот човек кој ја повторувал прилично бизарната рутина, веќе не се појавил. Во филмот, девојчето остава букет со рози на гробот на Шели, и една роза на гробот на Ерик Дрејвен. Мислам дека таа сцена не е случајна. А кога прв пат ја видов, ме наежи од срж. Можеби навистина По се првртува во гробот по овој филм, но нема да коментирам за тоа „how bad it is“. Реков претходно: колку и да сте во право со коментарите за сето тоа што не чини овде, за мене овој филм е обвиткан со некоја силна аура на мистичност: и со референците за По и Гавранот, и со адаптацијата на стрипот направен делумно по вистинска приказна (за тоа по тоа), и со смртта на Брендон Ли за време на снимањето, и за уште многу ситници...
Ај назад, од почеток. The Crow е адаптација на истоимената серија стрипови, креирана од Џејмс О'Бар, и објавувана од Caliber Comics во 1989. О'Бар инспирацијата за стрипот ја добил неколку години по трагичната смрт на неговата девојка, а инспириран од романтичарските поети, кои неретко трагичната загуба на саканата личност ја преболувале преку пишувањето, како и од Гавранот на По каде типот ја оплакува смртта на својата Ленор. Дури и во самите стрипови, исто како и тука, во филмот, вметнал многу романтичарски мотиви и елементи: митот за мртвата сакана, надприродното, готицизмот (интересот за средновековната архитектура и уметност), љубовта, тагата, меланхолијата и копнежот. По мотиви од стриповите, The Crow е првиот од неколкуте снимени филмови за суперхеројот кој се враќа во живот по смртта за да ја одмазди смртта на саканата, но за разлика од сите останати, иако прилично се идентични еден со друг, The Crow е единствениот кој навистина ми се допаѓа. Прво, Ли е величенствен во улогата на Ерик Дрејвен! Потоа, целата таа атмосфера со мрачните слики, готската атмосфера, дождот, гавранот... И на крај музиката - имаше многу рок/метал, но добар рок/метал, но онаа централна музичка тема во позадина ми звучеше исто типично романтичарски, со некој ориентален, мистичен призвук, и совршено ми беше вклопена во филмот. Да, реков, во право сте, има многу маани филмот: многу клише моменти, глупави и површни реплики, и однапред познат outcome (ете, затоа ја намалив мојата оценка од пред десетина години од 9 на 8), но зар не се повеќето суперхеројски/стрип-адаптации такви? Какво и да е, за мене ова беше, е, и ќе остане guilty pleasure на кој со задоволство ќе се навраќам и во иднина. Реков, 8/10, без око да ми трепне!
P.S. Роматичарскиот период ми е омилен период во книжевноста па и уметноста воопшто.
But the Raven, sitting lonely on the placid bust, spoke only
That one word, as if his soul in that one word he did outpour.
Nothing farther then he uttered—not a feather then he fluttered—
Till I scarcely more than muttered “Other friends have flown before—
On the morrow
he will leave me, as my Hopes have flown before.”
Then the bird said “Nevermore.”[DOUBLEPOST=1501692968][/DOUBLEPOST]
@devilko ,
@moongoses ,
@Corvus (ако не сум те утнал пак
),
@dejan_k - имате само уште 4 и пол дена за The Crow.
@Zarniwoop и
@Донев - се надевам и вие ќе се вратите во игра.
Сакав да направам мала анализа - кој колку филмови има испуштено. Ваква би била топ листата по број на гледани филмови:
1.
@Anon - 0 испуштени, 42 гледани
2.
@Zlatikevichius - 2 испуштени, 40 гледани
3.
@dejan_k - 5 испуштени, The Crow е шести, 36 гледани
4.
@wot - 7 испуштени, 35 гледани
5.
@Хоуп - 7 испуштени, 35 гледани
6.
@devilko - 7 испуштени, The Crow е осми, 34 гледани
7.
@Goodfella - 10 испуштени, 32 гледани
8.
@Вокерка - откако ни се приклучи - 0 испуштени, 16 гледани, севкупно - 15 испуштени, 27 гледани
9.
@moongoses - откако ни се приклучи - 0 испуштени, The Crow е прв, 16 гледани
10.
@Corvus - откако ни се приклучи - 1 испуштен, The Crow е втор, 14 гледани
11.
@Zarniwoop - откако ни се приклучи - 3 испуштени, The Crow е четврт, 11 гледани
12.
@Донев - откако ни се приклучи - 7 испуштени, The Crow е осми, 7 гледани
а по број на испуштени:
1.
@Anon - 0 испуштени
2.
@Вокерка - откако ни се приклучи - 0 испуштени
3.
@moongoses - откако ни се приклучи - 0 испуштени, The Crow е прв
4.
@Corvus - откако ни се приклучи - 1 испуштен, The Crow е втор
5.
@Zlatikevichius - 2 испуштени
6.
@Zarniwoop - откако ни се приклучи - 3 испуштени, The Crow е четврт
7.
@dejan_k - 5 испуштени, The Crow е шести
8.
@wot - 7 испуштени
9.
@Хоуп - 7 испуштени
10.
@devilko - 7 испуштени, The Crow е осми
11.
@Донев - откако ни се приклучи - 7 испуштени, The Crow е осми
12.
@Goodfella - 10 испуштени
А еве и една по просечна оценка:
1. Zlatikevichius - 7.68
2. Вокерка - 7.66
3. Goodfella - 7.61
4. devilko - 7.49
5. wot - 7.46
6. Хоуп - 7.40
7. Донев - 7.29
8. Zarniwoop - 7.27
9. Corvus - 7.14
10. Anon - 7.00
11. moongooses - 6.69
12. dejan_k - 6.55
Јас сум бил многу дарежлив бе![DOUBLEPOST=1501693189][/DOUBLEPOST]
@Bateman - ти што „не шпионираш“ само, имаме место во клубот.