FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Ама луѓе бре, како да направи твистови и нелинеарна приказна режисерот, кога главниот актер му умрел на сред снимање, и тоа баш на сет? Добро е што успеал да го склопи и толкав и таков ко што е.

Јас ви го разбирам хејтот, ама мене целата аура на филмов и неколкуте чудни (морав да одберам соодветен збор тука, не знам како дојдов до "чудни", ама најблаго ми делуваше во споредба со другите опции) работи поврзани со и околу него, ми го прават guilty pleasure. Ќе го репризирам, па ќе пишам повеќе.
 
Ама луѓе бре, како да направи твистови и нелинеарна приказна режисерот, кога главниот актер му умрел на сред снимање, и тоа баш на сет? Добро е што успеал да го склопи и толкав и таков ко што е.
а океј еве му 4.5/10
 
Да беше друг актер или сега да беше жив и да не беше сличноста со џокерот или Леџер да беше жив и да постоеше сличност, може ќе добиеше пониски оцени шо знам.... Мене ме фати на тоа највеќе мислам, мада не знам дали од жал или дека ме потсеќа на џокерот, или без разлика ќе ми беше ок, ама ептен ми влезе во срце ликов.
 
а океј еве му 4.5/10
Абе кој спомна нешто за оценката, па ти? Само замерките некако ми се чудни.

BTW - нејќам филмови во кои гавраните ги разнесуваат со динамит. :kuracc:[DOUBLEPOST=1501438341][/DOUBLEPOST]
Да беше друг актер или сега да беше жив и да не беше сличноста со џокерот или Леџер да беше жив и да постоеше сличност, може ќе добиеше пониски оцени шо знам.... Мене ме фати на тоа највеќе мислам, мада не знам дали од жал или дека ме потсеќа на џокерот, или без разлика ќе ми беше ок, ама ептен ми влезе во срце ликов.
Ма тоа прво. Второ, што ми е mindblowing што загинува на ист начин ко татко му, Брус Ли - за време на снимање на филм. Некој ги заменува ќорците во пиштолот од кој треба да пукаат во него со вистински куршуми. И после тоа - несреќен случај било. Ма немој! Има тука во позадина некоја уште поголема мистерија и од враќањето на Дрејвен од оној свет. И трето: дента откако за прв пат го гледав филмов, на факултет го работевме По по Романтизам, и тогаш за прв пат ја слушнав приказната за наздравувачот на По. Ежење ми се тие моменти сега, ко ќе се потсетам.
 
Последно уредено:
Мене цела таа ситуација ми е многу нејасна и измешана, сцената кога умрел, прво во рака му пукаа нели виделе тогаш дека се вистински куршуми?

И го гледав сега The age of shadows.
Прво кога беше предложен не можев да се снајдам со ликовите и сега не можев и не зошто се корејци него зошто приказната е многу комплицирана и измешана. Се мачев да дознаам кој на која страна е, кој е добар кој негативец. И уште не знам. И на крај баталив и си гледав само и како идеше понатаму се поинтересно ми стануваше, башка и двата симпатични актери тука ми беа. Ко за филм што 40% не му сфатив не беше толку лош. : )) 7/10
 
Кога некој лик ќе ми остави ептен впечаток, си го цртам понекогаш кога нема што да правам и ги лепам некаде по дома, на фрижидер или на една табла... не дека нешто посебно професионално знам да ги нацртам, ама сакам да си ги имам и мене ми значат ептен. И овој ќе го имам сега на фрижидер : ))PicsArt_07-31-10.43.22.jpg
 
Мене цела таа ситуација ми е многу нејасна и измешана, сцената кога умрел, прво во рака му пукаа нели виделе тогаш дека се вистински куршуми?

И го гледав сега The age of shadows.
Прво кога беше предложен не можев да се снајдам со ликовите и сега не можев и не зошто се корејци него зошто приказната е многу комплицирана и измешана. Се мачев да дознаам кој на која страна е, кој е добар кој негативец. И уште не знам. И на крај баталив и си гледав само и како идеше понатаму се поинтересно ми стануваше, башка и двата симпатични актери тука ми беа. Ко за филм што 40% не му сфатив не беше толку лош. : )) 7/10
Приказната измешана?
Едните се борат за независност, другите сакаат да ги убијат. Јапонците се познаваат какви се во филмов, поубаво облечените, така најубаво ќе се познае.
 
Приказната измешана?
Едните се борат за независност, другите сакаат да ги убијат. Јапонците се познаваат какви се во филмов, поубаво облечените, така најубаво ќе се познае.
Па не знаев кои се јапонците ни кој за кого и против кого работи. Овој филм го испратиле за оскар?
 
Па не знаев кои се јапонците ни кој за кого и против кого работи. Овој филм го испратиле за оскар?
Да, и остана без номинација. Глупо нели?
Па знам дека не си знаела, затоа ти кажувам како се распознаваа, а и приказната не беше нешто тешка за сфаќање.
 
Кога некој лик ќе ми остави ептен впечаток, си го цртам понекогаш кога нема што да правам и ги лепам некаде по дома, на фрижидер или на една табла... не дека нешто посебно професионално знам да ги нацртам, ама сакам да си ги имам и мене ми значат ептен. И овој ќе го имам сега на фрижидер : ))Прегледај го приврзокот 175056
Убавко е. :love: Ај нацртај по едно за секој филм во клубов? Или преголем залак е?
 
Убавко е. :love: Ај нацртај по едно за секој филм во клубов? Или преголем залак е?
Ако предложувате филмови со ликови што ќе ги засакувам :P
Ќе пробам ајде.
 
Еј абе каде до толку :ROFLMAO:
Некоја ситница нешто можам да чкртнам да ве асоцира на филмот, за ова погоре ќе си бараш некој уметник. И... Само за филмови од клубот цртам, ако имаш желби придружи се и предложи филм па ќе се договориме :D
 
а може ли секој да предложи филм, и другите ќе го гледаат ?

Gau ngao gau (2006) Dog Bite Dog
 
а може ли секој да предложи филм, и другите ќе го гледаат ?

Gau ngao gau (2006) Dog Bite Dog
Може секој да предложи филм ама кога ќе му дојде ред. Сега има уште една недела од овој филм, па има ред луѓе, па можеш да се пријавиш и да ти дадат бројче, ама мораш и да ги гледаш другите филмови што се пред тебе..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom