FILM CLUB (КРУГ 5) (204. Palmer: 28.10-10.11.2024)

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
И јас не сакав мјузикли, и после го начекав Grease на телевизија. Сеуште ми е омилен мјузикл, субјективно, знам дека има подобри од него, ама Сенди и Дени Зуко <3
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.620
Поени од реакции
36.316
И јас не сакав мјузикли, и после го начекав Grease на телевизија. Сеуште ми е омилен мјузикл, субјективно, знам дека има подобри од него, ама Сенди и Дени Зуко <3
Мене Footloose ми беше бр1 и guilty pleasure (до душа не е класичен мјузикл туку музичка драма, но вклучува мноооогу танц и музика, па сеедно). И не само омилен мјузикл, туку и еден од омилените филмови со тинејџери ми е. На МТВ1 го репризираа 100 пати, го имам минимум 5 пати гледано. И римејкот од пред 3-4 години го гледав, ама слаб некако тој.[DOUBLEPOST=1473670065][/DOUBLEPOST]@wicked_1 е на ред за предложување (за прв пат), па му оставам простор до 20:00 самиот да пише кој филм го избрал и зошто баш него. Ако не се појави до тогаш (во што се сомневам) вечер јас ќе ви кажам кој е филмот кој тој го избра.[DOUBLEPOST=1473671914][/DOUBLEPOST]Да резимираме за Singin' in the Rain: десетмина го гледаа, меѓу кои и повратникот @Iceboy , а само тројца го испуштија @MyloXyloto и @Daedalus - прв и @Erich Zann - трет по ред :place:. (Зарем само толку останавме? :place::place::place:). Средна оценка - 7,1.
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.626
Поени од реакции
31.828
Јас ваљда толку од клубов. Едно не гледам филмови во последно, друго немам време да бидам искрен. Навечер по една епизода од Сопранови ако гледам и то е така мојот филмски живот во овој период :D

Длабоко се извинувам, и во некое идно време можеби ќе навратам пак. Општо и форумов послабо го отворам, не само темата.
 
D

Daedalus

Гостин
@Zlatikevichius Еј извинете што шитнав за овој, ме јебеа обврски, само конечно ми се ослободи време.

НЕ, не Precious, не, не!!!
Вака, филмов не само што го имам гледано, туку го имам и преведувано.
Тоа значи дека го имам гледано едно 50-100 пати. Може одма ривју да му здрвам или морам да поминуем низ пеколот пак? :place:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.620
Поени од реакции
36.316
@Zlatikevichius Еј извинете што шитнав за овој, ме јебеа обврски, само конечно ми се ослободи време.

НЕ, не Precious, не, не!!!
Вака, филмов не само што го имам гледано, туку го имам и преведувано.
Тоа значи дека го имам гледано едно 50-100 пати. Може одма ривју да му здрвам или морам да поминуем низ пеколот пак? :place:
Може
 
D

Daedalus

Гостин
Генерално добар филм. Опфаќа многу социјални динамици што постојат кај луѓе кои живеат во ужасни услови и е фокусиран на црнечката „работничка“ класа во Америка. Класичен гето муабет, проблеми со образование и писменост, дроги, семејно насилство, силувања, полови заболувања, абортуси и сите тие социјални аспекти на црнецот од гетото. Филмот е емотивно тензичен со многу болни сцени кои не се за секаква публика.
Причата е добра, дијалозите се мамата. Мајка и' на Прешс ми беше омилена. Иако беше претставена делумно како негативец (со што ако некој навлезе подлабоко у нејзиниот карактер, може да ги разбере причините зошто е таков шупак), дијалозите со Прешс, креативноста у начинот на кој мрчеше и сите тие елементи беа на ниво на оној од Фул Метал Џекет што импровизираше со креативни пцовки. Дури и имаше елементи кои комотно би ги класифицирал во црна комедија, а беа поврзани со Мери (на Прешс мајка и').
Иако не ми се по вкус социјални драми, оваа си има посебен чар.

Ја лично давам 7.5/10 на филмов.
 
G

grande-juve

Гостин
Од прва коа го видов постерот си викам апсолутен погодок напраил Викед со Anatomy of a Murder, таман да си репризирам класика.. Али Прешс бил, кој не дека е лош, прилично солиден филм е, и се согласувам целосно со Daedalus, и со напишаното и со оцената. Гледан ми е на времето коа беше оскаровската сезона, и тешко дека пак би го репризирал, како што реков добар е, али тежок филм, исцрпува.. Мајката растури со глумата, исто и сценариото беше доста добро ко што памтам, успеа да ме натера да се грижам за главниот лик, на моменти и премногу се трудеше филмов во тоа за мој вкус, но сепак има некоја емоционална издржана тежина, успева да ја продаде таа трогателна приказна, да бидеш силуван и физички и психички секој ден, и некако да собереш сили да се избориш со сето тоа, макар и од други да е иницијативата. 7,5/10
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
Јас го исклучив кај мишката на онаа, пошто јадам. И се згадив.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
Clareece 'Precious' Jones: [Crying hysterically] Nobody loves me!

Ms. Rain: People do love you, Precious.

Clareece 'Precious' Jones: Please don't lie to me, Ms. Rain! Love ain't done nothing for me... but beat me... rape me... call me an animal! Make me feel worthless! Make me sick!

Ms. Rain: [Tears begin falling from her eyes] That wasn't love, Precious. Your baby loves you. *I* love you!
Порано се вакви филмови гледав со нешто проблематични деца во посебни паралелки и генијалци професори ептен што допираа до нив и на крај ги вадеа на прав пат како примерни граѓани, а овој филм ништо посебно не ми отскокна од нив. Добро, интересно, онака да не си тупиш мозок, да видиш какви се не дешавки постојат и како живеат и се борат луѓето со животот. Јас работам со вакви случаеви и за жал сум видела и полоши сценарија и од ова..

Мајката.. Што да кажам. И онакво нешто може да биде мајка. И пошто јас редовно заборавам што се дешавало во филмовите, мислам дека кога ќе ми го спомнат филмот, само на неа ќе ми текне.

Ретко онакви случаеви завршуваат на добар пат, ама добро е да се види тоа макар и на филм.

И нешто што највеќе мразам е пејачи да ми глумат во филм. 7/10
 
Последно уредено:
W

wicked_1

Гостин
Мајката.. Што да кажам. И онакво нешто може да биде мајка. И пошто јас редовно заборавам што се дешавало во филмовите, мислам дека кога ќе ми го спомнат филмот, само на неа ќе ми текне.
Може, иако при крајот филмот суптилно дава некој аргумент/оправдување за причините кај мајката вака да ги перцепира работите, сосема е свесна за случувањата, иако е на раб на непресметливост.

Child neglect секогаш треба да се третира како child abuse, поинакво толкување не треба да постои.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
Може, иако при крајот филмот суптилно дава некој аргумент/оправдување за причините кај мајката вака да ги перцепира работите, сосема е свесна за случувањата, иако е на раб на непресметливост.

Child neglect секогаш треба да се третира како child abuse, поинакво толкување не треба да постои.
Ништо не треба да биде оправдување за сторени такви дела најмалку па свесност за случувањата. Не знам вие како размислувате, ете и за другата мајка од Artificial Intelligence ми кажувавте дека мајката мора да се сфати, имало причини.. Секое сторено лошо дело посебно спрема дете треба да се осуди и казни. И јас не ги сфаќам причините. Причина за да се молчи пред силување на дете нема. Ни па психички и физички да се малтретира. Не можам јас да и верувам неа на крај дека се тоа е вистина после се што видов. Што ми значат три солзи од чудовиште што се обиде да убие бебе?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom