Го изгледав и јас Lunacy, конечно, и не ми се допадна. Втор по ред филм во клубов што не ми остави позитивен впечаток. Ќе кажам накратко зошто. Во филмов не знам кој е полуд: лудаците, докторите или јас што успеав да го догледам до крај. Ве читав сите дека филмов ви предизвикал мачнина и гадење - мене па напротив, ми беше смешен. Монтипајтоновски смешен. И тоа му беше една од ретките позитивни страни. Сцената кај што џуџето копаше гроб и кога требаше да го симне во гробот мртовецот овој оживува, па за да не биде залудно копањето го отепа со лопатата по глава ми беше врв. Најдбра сцена во цел филм - сум се смеел ко ненормален (пак лудило во прашање). Stop motion сцените со месиштето што се движи беа сосема непотребни. ОК, им ја сфаќам поентата и причината зашто се вметнати тука, но според мене филмот би функионирал одлично (можеби дури и подобро) и без нив. Мене не ми беа одвратни, грозни, туку глупави и досадни. А од друга страна пак, ме потсетија на stop-motion чехословачките анимации кои како мали ги гледавме на МТВ (само секако, таму беа со моливчиња, тетратки, прибор за боење, а не со месишта, јазици, крвишта и очи). Остатокот од филмот - иако направен со поента и порака, сепак мене ми делуваше премногу ларпурлартистички и по малку бесмислено. Што знам, веројатно се работи до мене и мојот вкус само, инаку не знам како би ја објаснил високата оценка и на IMDB а и тука. Едно е сигурно, јас не уживав во филмов. Му давам само 4/10, и тоа само заради тоа што успеа да ме изнасмее, на моменти дури и онака, добро + заради некојаси филозофија во филмот која те тера да размислуваш. Толку. Sorry турви, not my cup of tea.