FILM CLUB (КРУГ 5) (204. Palmer: 28.10-10.11.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.627
Поени од реакции
36.359
Ова беа две многу напорни недели за вашиот модератор. Минатата - ги имав сите можни симптоми на Covid-19, и останав закован за кревет 2-3 дена, без можност со прст да се поместам, а не па да анализирам. За среќа (или не?), PCR-от испадна негативен, а по 2 дена исчезнаа 90% од симптомите, по 5 - 100%, па така се вратив во нормала, се до понеделникот кога ко гром од ведро небо се случи најстрашното со близок човек... :( Па така, @Zlatikevichius не беше баш на висина на задачата, sorry for that.

Ама еве, полека се прибираме, па да врземе крај со крај, м?

Secret - го гледаа 14 души (трет филм по ред со ист број на гледачи). Му дадоа средна оценка 5,5. Го испуштија:
- @Imperatorot , @Shawn Spencer - прв неизгледан
- @Leo Bonnie , @Tyler Durden - втор неизгледан (жолт картон)

Angst - уште еден ден за него. @Setsuko , @Leo Bonnie , @Tyler Durden , @wot , @Imperatorot , @Shawn Spencer и @Violetova - имате време да се впуштите во авантурата.

Јас го гледав. Ќе пишам рецензија подолу.

Веќе скоро недела дена го имам и насловот за новиот филм, па како што практикував за првите неколку предлози, еве мал хинт:

Не, нема мир, ни војна, ниту враг;
се плашам в надеж, стинеам и горам;
се влечам в прав, со облаци се борам;
за сите туѓ, ги барам сите пак.

Во власта нејна злото не го корам.
Ни тоа иде, гневот ѝ е драг;
Амор не убива, но оковот е јак,
сред живот - бескрај само мака творам;

Без очи гледам; нем - за болки зборам
јас барам спас за гибел и за жед,
се мразам сам, го сакам сиот свет.

Од бол сум жив; од плачот насмев творам;
и смрт, и живот, проклетство ги сви,
а виновна си Дона само ти.

@Corvus е предложувачот, да видиме дали некој би можел да погоди кој е филмот...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.627
Поени од реакции
36.359
ANGST

Обично никогаш не практикувам така, ама сега за да сумирам што се случило во меѓувреме, ве исчитав од почеток до крај. И, се согласувам со по нешто и со едниот табор, и со другиот.

Прво - да, ова беше одлично навлегување во психата и одлична визуелизација на истата на еден психопат, садист, убиец.

Второ - чудна ми беше мене камерата. Да, моментите со гро-планови и движењата со ликот беа навистина ефектни и покажаа некоја слика на конфузност за што би можеле да најдеме оправдување - ко да сака да ни претстави што се случува во неговата глава. Но, имаше и многу кадри од птичја перспектива, дел од нив релативно долги и misleading, според мене, зашто сугерираат на некаков спокој (или не?). А имаше и такви од жабја перспектива, особено на почетокот, кога излегуваше од затвор. И за едните, и за другите, јас не успеав да најдам НЗС.

Трето - музиката беше репетитивна, да, и не ми сметаше, зашто само го надополнуваше дејството и создаваше дополнителна конфузија, но имаше некој бит, некој ритам кој таму некаде по моментот кога по убиствата се реши да ги стрпа телата во кола, беше толку изразен и повторлив што се чувствував ко некој со малечко чеканче да ми кова 20-ка шајка во слепоочница.

Четврто - Филмов се вика „Страв“, а реално, од изразите на лицата на луѓево што ги убиваше, сметам дека подобро ќе било да го нарекле „Рамнодушност“. Таа бабата ко да сакаше да биде убиена. Оваа младава кога ја одврза од кваката на вратата, место да се обиде да бега, почна да го лапа (одвратно бр 1!). Тој па што мислеше дека е татко му, имаше 5 пати можност да направи нешто (како и другите двајца што имаа можност да направат), ама ништо не направија, ко да сакаа да бидат убиени.

Петто - мислам дека најдов две смешни филмски грешки. Првата, ко ја давеше бабата: нејзините нозе стоеа помеѓу неговите, а таа не се ни обидуваше да мрдне со нив (значи некој те дави, а ти не се браниш). Баш си помислив: колку е добро наместена и може да го оптегне така јако по мадиња, да не може да се исправи до крајот на филмот! И се случува: рез! Камерата за момент се фокусира на нешто друго, 1-2 секунди (не ни памтам што беше од што беше неважно), и се враќа веднаш назад на истиот момент кај што Психи ја дави бабава, ама сега неговите нозе се меѓу нејзините (а не обратно, како претходно), а таа ги расчепатила нејзините ко Миа Калифа.
Втората беше откако ја удави бабата и ја преместуваше таму-ваму ко парталче (секоја чест за актерите, ако се навистина актери, а не кукли), имаше момент кога бабата мрдна со окото: значи не да трепне, туку ја помести зеницата.

Шесто - да актерот, и сите актери воопшто изглумија прејако! Секоја чест!

Седмо - мене целата конфузија во филмов ми личеше на кошмар, од оние кога ќе те стрефи некоја парализа во сон и свесен си дека сонуваш, сакаш да се разбудиш, ама не можеш. Тие се такви: нереални, а гадни или страшни. Така беше и тука: еден куп нереални нешта - тој ги убива и дави, овие си гледаат рамнодушно ко да игра Клиска со нив! Единствено убиство што беше навистина гадно и реално беше на девојката во тунелот. Таа бегаше и врескаше (КО-НЕЧ-НО!!!!!!), и тој ја искасапи. Единствена сцена што предизвика ужас, гадење, чир во желудник... кај мене.

Осмо - зошто, побогу, не го уби тој глупав, annoying пес? Навивав за тоа! И зошто, побогу, некој чува пес кој ќе му додава топче на убиецот додека тој го коли неговиот сопственик?

Деветто - 5/10 од мене. Не сакам филмови кои ми создаваат гастритис. Sorry @Gazpapir . Но...

Последно - заедно со тој филмот со кременадлите што одеа и со Конгресот на @wot , чинам дека ова е најоригиналниот филм кој сме го гледале во Клубов. Kudos for that!
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.718
музиката беше репетитивна, да, и не ми сметаше

имаше некој бит, некој ритам кој беше толку изразен и повторлив што се чувствував ко некој со малечко чеканче да ми кова 20-ка шајка во слепоочница.
pick one
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.886
Поени од реакции
6.156
100%, па така се вратив во нормала, се до понеделникот кога ко гром од ведро небо се случи најстрашното со близок човек... :(
Прими сочувство. :(
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Уште го немаме предлогот? :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.560
Море бришење постови...
Вилијам Златекевичиус Хејс.

А насловот, ќе го добиеме во петок, пред да излезе Corvus од дома :)
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Sorry, не бев во близина на лаптоп овие три дена, затоа не пишав и јас нешто за Angst, а гледам и толку сум битен што Злате и заборавил да ме потсети :) :) :)

Горе-доле очекував ваков исход, знаев дека на повеќето од вас нема да ви се допадне или па ќе ви фали нешто за да го ставите едно скалило погоре. Не планирам да го гледам по втор пат, али пресно беше секако.

Прво, сакав да спомнам за убиствата уште кога го предложував филмот, дека се аматерски и дека не личат ни приближно на нешто што сме навикнати да го гледаме од актерите во такви ситуации. Напоменав и јас, на некој од тука реплицирав мислам, дека се тотално аматерски и немаше никаква емоција. НО, големо но, воопшто не ми сметаа во целосното возење. Не ми сметаше оти јас некако ги доживував на мој начин, го занемарив глумењето и необјаснетите потези на жртвите, занемарив фактот дека ја врзаа девојкава за квака со хулахопки и оваа не знаеше како да се одврзе, а мислам, ако добро се сеќавам, двете раце првично и беа одврзани или така нешто. У мојата имагинација поинаку се случуваше сето тоа, затоа нема да давам драстично помала оценка оти не заслужува според мене филмот да биде суден ради тие сцени. Нискобуџетен австриски филм од 83', очекував вакви работи.

Ново искуство беше за мене, немам гледано до сега филм, а и не знам дали има ( ако има навелете, понудете ги сите што ги знаете, сакам да ги изгледам ) каде што сме влезени тотално во психата на психопатот, каде што гледаме и setup-от и планирањето и егзекуцијата и справувањето со жртвите, со маката за да ги изнесе...сето тоа за мене е ново, а нешто што е ново после 1200+ филма заслужува да биде добро оценето. Се интересирам за психата на ваквите луѓе и имам гледано се и сешто, од Mindhuнтер, до документарци, до филмови, муабетот абе има документарци подобри од ова, има ова има она е за мене глуп и непотребен. Друго е филм да гледаш каде што некој се потрудил да го долови тој гаден и нечовечки акт, друго е документарец кај што некој само ми јаде лајна. Неверојатно реално е се.

Почетните сцени беа за мене тахикардија, кога ја бараше следната жртва, кога во глава си правеше планот за како ќе ја убие таа во таксито, за тие во ресторанчето ( не бев некој фан на кбаси, сега ич не сум, камерата не мораше до толку блиску да биде кога овој се давеше у кбасот ). Кога ја најде куќата, која според него се наоѓа на префектна местоположба, импулсивниот и неорганизиран план што го правеше, сето ова ми беше едно ново искуство, обично ги гледаме убијците наместени и вааа те колат. После тоа нели следат убиствата, кажав што имам да кажам за тоа.

Музиката беше одлична, доволна.

На летер, прочитав една рецензија каде што ја спомнува камерата и морам да ја споделам бидејки прекрасно ја опишува.

The camera...
That camera is a protagonist. It is alive...
It moves like a mouse in closed spaces, like a kite through buildings and trees, like an observable stalker through the streets, like a mirror of human faces observed closely, and turns its head as quickly as a bird.

8/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.627
Поени од реакции
36.359
@Corvus ми пиша дека не е дома, и дека ќе пише вечерва. Ако ја нема до 23:00, ќе ви кажам јас кој е филмот.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.160
Поени од реакции
10.111
Чекај, нели петок беше проблемот, не е дома, имала работа, излезена била, Џонката да и го презентирал филмот... Каков е овој башибозук, фраерлук, курназење?

За мислењето од погоре што ми беше избришано, а ништо навредливо немаше, немам зборови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom