FILM CLUB (КРУГ 5) (204. Palmer: 28.10-10.11.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.745
Поени од реакции
2.560
Не сакав да реплицирам, зашто ептен му навлеговме во терминот на @moongoses , ама за ова морам, накратко. Ако гледаш така на работите, тогаш треба ли за секој еден филм да знаеме сѐ за темите кои ги обработува? Значи треба да сме експерти за се што нѐ опкружува, за да можат да ни се допаднат? Еве, пример: треба ли да бидам експерт за економија и да знам сѐ за економски теории за да го разберам влијанието на Џон Неш во економската сфера (A Beautiful Mind)? Не. Поим немав што направил, пред филмот и за време на филмот, па можам да кажам и дека уште не ми е баш јасно зошто е голема неговата заслуга, но сепак тоа не го намали ни мојот ужиток во филмот, ниту пак постапките на ликот и однесувањето на другите ликови кон него. Може не е баш најумесна споредбата, зашто се работи за две различни области, но така ми звучеше ова твоето погоре.
Токму така дека гледачите не треба да се стручњаци на темата што ја обработува филмот. Треба филмот донекаде да ги објасни „стручните“ работи. Но затоа пак стручњаците сосема поинаку ќе го доживеат филмот. Марифетот е да се направи филмот така да допре до сите подеднакво.
А откако го изгледав баш си помислив дали по оценките ќе може да се види кој има деца, кој не :)
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Пак ќе упаднам. Дискусијата со Злате ме наведе да го спомнам Торнаторе, и мотивирана од тоа, вчера го гледав Una Pura Formalita, филм којшто ми е симнат уште кога @Iceboy го предложи во клубов, па моменталнов radio silence на темава ќе го искористам за да пишам рецензија за него.
Мене Торнаторе не може да ме разочара, овој филм како и останатите 5 што ги имам гледано од него, ептен ми се допадна. Можеби е еден од поедноставните, не толку грандиозен како што е на пример Синема Парадизо, или Малена, или Леџенд оф 1900, ама сепак достави тоа што Торнаторе секогаш доставува. Многу е чудно да се гледа Торнаторе, цел филм ништо посебно не се случува и кога ќе дојде крајот, го крева филмот за неколку оценки. Така беше и со овој, поприлично минималистички изработен, со дејството сместено главно во една соба без некој особено впечатлив муабет, но како се наближуваше крајот така, филмов растеше во интензитет. Јас interrogation филмови многу сакам, во некои аспекти ме потсеќаше на шпанскиот El Cuerpo кој исто многу ми се допадна кога го гледав, генијален жанр е тоа, зимаш неколку луѓе, ги ставаш во соба и градиш suspense. Да се вратиме на Торнаторе и Формалноста. Јас неретко see it coming, и многу поштовам филмови што стварно можат да ме изненадат, не е некаков skill во прашање, туку филмовите се снимаат шаблонски и многу често твистот може да се предвиди. Овој твист не го предвидов, и многу пријатно ме изненади тоа, Торнаторе се повеќе и повеќе ја цементира неговата репутација кај мене. Филмот како што кажав, беше доста uneventful и до некој степен репетитивен додека не дојде твистот. Меѓутоа воопшто не беше тоа здодевно да се гледа, напротив доста брзо помина времето, можеби најголем удел во тоа имаше глумата која беше феноменална, и дури и да седеа само и да молчеа Полански и Депардје ќе ми беше забавно да ги гледам бидејќи навистина, беа феноменални во тоа што го сработија. Мориконе во досега можеби... најоскудното негово издание со оглед на тоа што музиката не го водеше филмов, и беше ограничена на неколку сцени кај што дојде до израз најмногу во функција на интензивирање на suspense-от и толку, ама како што кажав, филмов е сниман минималистички па и музиката воедно.
Во секој случај, Торнаторе не разочара и ептен уживав додека го гледав филмов и особено крајот, така што

8/10


И додека сум тука, ќе напишам некоја реченица и за уште еден филм кој вчера забележав дека ми стои како негледан, а го гледав уште кога беше предложен ама сум заборавила да пишам рецензија тука, па само накратко зашто тој, обратно од овој, воопшто не ми се допадна и ми беше тортура да го изгледам. Се работи за филмот Far From Heaven, кој освен тоа што е мелодрама, а јас тие воопшто не ги сакам, целата приказна ми беше многу чудна. Во моментов и не се сеќавам убаво на сите детали од филмот, ама памтам дека испадна мажот на оваа педер, па таа се заљуби во градинарот што беше црнец.... еххх, многу некако иссилени работиве ми беа, додека го гледав, си замислував дека креаторите на филмов кога го пишувале рандом си нафрлале идеи од типот: што ако ги стаиме сите маргинализирани групи во еден филм.....вооооо......љубовен тријаголник? њат? Ми немаше смисла филмот стварно, и досадно ми беше да го гледам, и уште повеќе што стварно ми се досадни „реално-шоу“ филмови кај што глеам рандом луѓе како си живеат рандом uneventful живот каков што живеат рандом луѓе насекаде низ светов и ако им стаиш дома камери ќе го видиш истото што и на филмот. Ништо особено интересно не се случуваше, ниту па некоја приказна имаше да ме задржи, на пазар да излезам поинтересни приказни ќе слушнам од филмов што понуди. Тоа што морам да го направам, на страна од приказната, е да го наградам за глумата. Така што нешто повисока, од што реално би му ставила.

6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.613
Поени од реакции
36.301
А јас пак, поттикнат од @Corvus направив мала анализа кој колку филмови од клубот има изгледано (Shine не е земен предвид):

@Zlatikevichius - 79 од 83 (4 неизгледани, тука од филмот бр.1)
@grande-juve - 72 од 83 (11 неизгледани, тука од филмот бр. 1)
@devilko - 60 од 83 (23 неизгледани, тука од филмот бр.1)
@moongoses - 58 од 83 (25 неизледани, но од неговото приклучување во клубот, од филмот бр. 26, до денес сите 58 изгледани)
@Corvus - 54 од 83 (29 неизгледани, од доаѓањето во клубот, од филмот бр. 24, 54 од 60 изгледани, т.е. 6 испуштени)
@Хоуп - 48 од 83 (35 испуштени, тука од филмот бр.1)
@Vlatko_Gjorce - 6 од 83 (77 неизгледани, но од неговото доаѓање во клубот, од филмот бр. 77, 6 од 7 изгледани, т.е. 1 испуштен)

и од тие кои дезертираа (ќе спомнам само некои, поточно само оние кои имаат повеќе од 10 изгледани):

@Anon - 77 од 83 (6 испуштени, тука од филмот бр. 1)
@wot - 57 од 83 (26 испуштени, тука од филмот бр. 1)
@Iceboy - 44 од 83 (39 испуштени. Тука од филмот бр. 1)
@Gazpapir - 42 од 83 (41 испуштен. Подоцна се приклучи, некаде од 42 филм, но ги гледаше и старите филмови и пишуваше за нив, затоа сметаме дека е со нас од старт)
@dejan_k - 41 од 83 (42 испуштени. Со нас беше од филмот бр. 1, и беше еден од најредовните членови на почетокот. До последниот негов изгледан филм, бр. 44, имаше испуштено само 3 од 44)
@Goodfella - 36 од 83 (47 испуштени. Со нас беше од филмот бр. 1, но не сме го виделе од филмот бр. 46)
@ob1 - 34 од 83 (49 испуштени. Со нас беше од филмот бр.1 до филмот бр. 34, и во меѓувреме ги изгледа сите испуштени филмови, па во моментов од првите 34 филма во клубов има скор од 34 од 34)
@Вокерка - 29 од 83 (54 испуштени. Се приклучи од 28 филм,но во меѓувреме ги гледаше и старите филмови, а не сме ја виделе од филмот бр. 46)
@MyloXyloto - 23 од 83 (60 испуштени. Со нас беше од филмот бр. 1, но не сме го виделе од филмот 57)
@Zarniwoop - 22 од 83 (61 испуштен. Но се приклучи од филмот бр. 28, а не сме го виделе од филмот бр. 55)
@ManUtdChampions - 19 од 83 (64 испуштени. Со нас од филмот бр. 1, но со 3 огромни паузи)
@Bojan Van Buuren - 18 од 83 (65 испуштени. Со нас беше од филмот бр.1, но не сме го виделе од филмот 58)
@whatto - 16 од 83 (67 испуштени. Но подоцна се приклучи, од филмот бр. 51, па од тогаш до денес има 16 од 33 или 17 испуштени)
@Џонтра Волта - 15 од 83 (68 испуштени. Со нас беше од филмот бр. 2 до филмот бр. 32)
@Erich Zann - 15 од 83 (68 испуштени. Со нас беше од филмот бр. 1 до филмот бр. 16)
@wicked_1 - 14 од 83 (69 испуштени. Се приклучи за 18 филм, а се исклучи на 30)
@Leo Bonnie - 14 од 83 (69 испуштени. Со нас беше од филмот бр. 1 до филмот бр. 14)
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
За филмов мајка му на Давид рекла дека е зло што ја прогонува, сестра му дека ни еден факт во филмов не е точен, а критиката дека музичките способности претерани и дека воопшто не бил таков гениј и никогаш не доживеал таков успех. Сопругот, т.е таткото бил емоционален и добар човек што сосема нормално се однесувал, дури бил и малце повлечен и срамежлив и потешко емоционално се изразувал и воопшто не бил тиранин опседнат со победа кој не прифаќа пораз и компромис како што е прикажано и тие тврдат дека филмот е претеран само за добие публицитет и слава и да привлече повеќе гледачи. Јас прво ова го прочитав па го погледнав филмот и може не требаше пошто се осеќав излажано, како да е направена будала од мене и затоа ништо не допре, ни ме восхити освен актерските способности на глумецов и музиката, класичната музика е еден цел свет на совршенство и емоции и освен тоа што прочитав, јас и не обожавам многу филмови со музика и поврзани со неа освен Амадеус што е ремек дело и за жал се собра се и филмот не ми беше ништо посебно, а не знам зошто и очекував дека така ќе ми биде уште пред да прочитам ова се. Жал ми е, @moongoses за мене е еден ептен фин и културен лик со префинет вкус и ептен го почитувам, толку многу ептен што дури виновно се осеќам што не ми се допаднал филмов. 6/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.745
Поени од реакции
2.560
Shine (1996)

Приказна за цената на успехот која ја плаќаат членовите на семејството. Таткото кој ја има доминантната улога во семејството на своите деца им наметнува високи очекувања во кои единствена опција е победата а истовремено не им дава слобода да напредуваат. Го следиме едно од децата најталентирано за свирење на клавир во три периоди од неговиот живот.

Филмот е одлично воден и успева да допре без да наметне негативни чувства кон некој од ликовите. Можеби дека мене ми е симпатичен актерот што го игра таткото па не можам да го прифатам како негативец.

Одлични беа и сцените од настапите. Солидно склопена драма иако не нуди ништо ново ниту невидено, така си е за стандардна седумка. Но заради феноменалната изведба на Џефри Раш, една погоре.
8/10

п.с.

Во врска со филувањето на вистинските настани и отстапките од нив, затоа е игран филм не е документарен.

Жал ми е, @moongoses за мене е еден ептен фин и културен лик со префинет вкус и ептен го почитувам, толку многу ептен што дури виновно се осеќам што не ми се допаднал филмов.
Ти благодарам за таквото мислење што го имаш за мене и ич да си немаш гајле што не ти се допаднал филмот. И нечитај и негледај ништо пред да гледаш, не се гледа со предрасуди :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.626
Поени од реакции
34.011
ne se alarmirajte, vonredno wotojavljenije e, cisto da spomnam za shine

.мада иам замерки за (номинациите за) монтажата и сценариото, зш на некои настани и ликови можеа да се задржат повеќе и да образложат, има доста loose ends....посебно при крајот ми беше некако избрзан...
Isto i ova mene mi precese, pogotovo montazata, ne samo na likovi tuku nemase dolgi sceni voopsto... kavgata so tatko mu, trcase kaj profesorot, se iskaka u kadata, davaat evrejsko citanje od 20 sekundi u crkva... abe scena po scena, sve ova u 3 minuti, ne ostava prostor da uzivas

inace ubav film, pogotovo muzikata odlicna, mnogu mi e milo koga vaka predupreduvate, si go gledav sam na sprat so glas so sve, da go pustev u dnevna u sred den voopsto nemase da mi legne, takov tip dade ednas anon da gledame bez prevod i navistina pomogna. Odlicna gluma od Rush mlagji i stari, tatkoto se soglasuvam klise... pa duri scena kade go ceka u temna soba u fotelja pa pusta struja koga vleze momakot... ive been expecting you mister bond *strokes tha kitty* -- no sepak pomaga pri emocionalnoto povrzuvanje so filmot i mu dava edna ubava tezina, t.e sto zboram glaven plot device bese...

Da ne tupam, uzivav, no ne mi e od klasa nezaboravni... 3.5/5

Me potseti na stihovite od pink floyd, samo daddy

Hush now baby, baby, don't you cry.
Mama's gonna make all your nightmares come true.
Mama's gonna put all her fears into you.
Mama's gonna keep you right here under her wing.
She won't let you fly, but she might let you sing.
Mama's gonna keep baby cozy and warm.
Ooh baby, ooh baby, ooh baby,
Of course mama's gonna help build the wall.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.482
Поени од реакции
7.305
Shine

И јас коа се работи за филм базиран на вистински случки го глеам како секој друг, филм ко филм, важно е како вози.. Shine беше убаво филмче за односот татко/син, претераната опседнатост на таткото(мене ми беше негативец) за да ги контролира сите, а посебно ликот на Џефри Раш и притисокот на кој подлегна. Сепак ко шо кажа Вот освен глумата на Џефри ништо друго не беше незаборавно и затоа едно убаво 7,5че од 10
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Јас Shine пред една недела го гледав, ама не стигнав рецензија да напишам. Не беше лош филмот во глобала, иако малку структурно несреден ми беше. Глумата од сите беше одлична и на ниво, меѓутоа после кулминацијата на филмот, односно тој завршниот концерт во Лондон потоа некако почнав да губам интерес, можеби се што имав инвестирав во таа сцена и после некако како да почна да ми паѓа филмот. Исто така, втората половина, онаа со Џефри Раш ми беше некако чудна од аспект на фокус. Многу повеќе минутажа и се даде на таа девојката што работеше како келнерка и филмов водеше кон тоа да се заљуби Раш во неа, но наместо тоа на крај заврши со некоја женска што ја имаше само во 2-3 сцени и не ни видов некој развој таму, за разлика од развојот во односот помеѓу Раш и келнерката, тоа сето ми беше некако чудно, севкупно втората половина на филмот ми беше чудна. Ама имаше убава музика, и концертот беше breathtaking. На сметка на тоа, на првата половина на филмот и глумата на двајцата Рашовци, филмов од мене има 7/10.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Е па дечки, со новиот филм во клубов правиме full circle, и тоа поприлично голем сркл што почна лани во Февруари. Имено, тогаш почна серијата на Одри Хепберн предлози на форумов со Love in the Afternoon. По него, во предизвикот цел месец гледавме селекција на филмови со Одри, во која филмот што ќе го гледаме овие две недели намерно беше изоставен за да можам да го предложам тука. So then, овие две недели ја гледаме Одри, и for better or for worse завршуваме со серијава филмови со Хепберн, па мило ми е што и вие бевте вклучени во тоа, иако под присила ама се надевам уживавте :LOL:

Филмот што ќе го гледаме, е класичен Одри филм, многу позитивен, со специфичниот филгуд вајб и хумор во нејзините филмови, Одри се глуми њелл, себеси, како и во сите нејзини филмови и мене ми е еден од омилените. Се работи за How to Steal a Million кој некои од клубот го имаат гледано, се надевам има и некои што го немаат и ќе им се допадне.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.558
Поени од реакции
2.521
How To Steal A Million

Искрено, не гледам зш толку висока оцена има. :toe:
Едвај го изгледав од еднаш, беше толку развлечен (2 сата е многу за вакви лесни филмчиња да ти го држат вниманието, ај сат и пол макс) во поглед на дејството, а и ликовите ми беа тотално неинтересни.
Од режисер како Вајлер очекуваш повеќе...
Актерите ми изгледаа неискористено...посебно Eli Wallach со премалата минутажа...
А тука е и лошиот акцент на О. Хепберн.

Кога сум кај неа...можеби малку преслаба тука за мој вкус, а и не ми се баш по ќејф девојки со кратка фризура, ама, пак, тоа што ја прави кјути е тој нејзин поглед со тие преубави големи очи (какви што има и Корвус).

Ми текна при крајот од каде ми е познат овој што го глумеше татко и у филмов... од Револуцијата на Вуди Ален ми е останат во сеќавање кога во една сцена ќе се појави само он у костим на кокошка и ќе рече "i thought it was a costume ball !" :ROFLMAO: ...така да нз дали сите ликови му се вакви ексцентрични...?, не ми текнува дали сум го гледал уште у некој друг филм.

Питер О Тул секогаш го има(л) тоа елегантно држење / тој стил, класа...call it what u want...
О. Хепберн секогаш е задоволство да се гледа...
Имаше и добар суптилен хумор ама штета само на моменти, на пр. кога она го читаше Хичкок... ме потсети на Clueless кога Пол Руд (единствениот филм кајшто бил кул) го чита Ниче....
И тој чуварот со мустаќите беше добар :LOL: ...и на крај така и го пишуваше "guard Moustache":D...
А и sucker сум за олдтајмери како жолтиот Јагуар :love:...

...па, поради ова, оцената не иде под -

5/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.626
Поени од реакции
34.011
Ke pocekam zlate za datite, ke editiram naslov natamu...

Prv pat koga go gledav, a skoro bese - pred nekoja godina, me voodusevi epten. Mnogu pozitiven, lajt a pred se... sladok. I se sekjavav samo na cuvstvoto, i bev srekjen da go repriziram. Vpecatokot mi e skoro ist, so malku korekcija na ocenata. Filmot bi go opisal kako definicija za film, da go pustis so piche ili so mache (i know, redundant) i caj. Imas triler, ljubov i komedija od poim vo dvizenje Peter i klise-da-ja-sakas Audrey. Sovrseno da si pomines u nedela vecer. Da sum go gledal koga iskocil ke mi bil omilen film. Soliden rewatch, fala Corvus ljubavi, hopeless romantiku, dont ever change! <3

4/5
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.883
Поени од реакции
6.142
Јас ќе замолам за побрз апдејт на датата и се надевам дека нема да го пропуштам и овој филм и дека побрзо ќе ги заменам болничките одаји со домашните. Поздрав луѓе и само добро нека ве прати.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Јас ќе замолам за побрз апдејт на датата и се надевам дека нема да го пропуштам и овој филм и дека побрзо ќе ги заменам болничките одаји со домашните. Поздрав луѓе и само добро нека ве прати.
Од 18.03. до 31.03. се датите. Со лесно, и да ни се вратиш што е можно побрзо. Ти праќаме позитива колективно ^_^[DOUBLEPOST=1553202992][/DOUBLEPOST]@wot <3
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.883
Поени од реакции
6.142
@Corvus,
фала многу за позитивната енергија што ја ширите. Ми значи.
Ќе ви се вратам како нов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom