FILM CLUB (КРУГ 5) (204. Palmer: 28.10-10.11.2024)

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.714
Ќе пишам збор два утре т.е денес. А на Зарнивуп ќе го изгледам вторник или среда.Не ми пишујте минус!!![DOUBLEPOST=1510573505][/DOUBLEPOST]Злате ми стави огромен притисок со нагласувањето дека е јубилеен 50-ти филм...Па, вашиот и мојот јубилеен филм е Tell No One. Кога ми рече Злате дека сум следен за предложување, инстант ми текна на филмов, не знам зш. Плус е и тоа што го немам гледано 4-5 години веќе и сакав со месеци да го репризирам,еве ми шанса да го репризирам. :D:D Кога видов дека The Intouchables сте го имале во клубов помислив деке повеќето од вас може и го имаат изгледано Tell No Onе.:cautious:

За филмот не сакам да должам , а и не сакам на тие што го немаат гледано да гледаат и трејлер бидејќи многу е поубаво кога се гледа филмов без ништо да знаеш за него. Just trust me! ( вајда нема да ве разочарам :D )


Плус француски филм е хихи што повеќе сакате :D


From Naum With Love.
 
Последно уредено:

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.014
Land of Mine

Koga zavrsi si rekov... uf, dobar film. Megutoa, gi imam istite zabeleski ko corvus, ne dopre do mene zatoa sto isto ne gi razlikuvav decata i ne se povrzav bas mnogu, imase klise i genericki fori i na smetka na toa malku predvidliv. No mene svetlata tocka, osven sto filmot izgledase ubavo i se toa, bese Carl. Likot kaj mene sozdade omraza i gledav so nadez da se zberat i da go roknat. Zosto? Poso za mene toj covek ne e dobar covek. Bez razlika na okolnostite. Ima likovi, a opsto i lugje, koi se zlobni i toa e toa, go ocekuvas od niv toa, znaes deka se sposobni za toa. Megutoa polosi mi se tie "dobri" koi svesno znaat deka toa sto go pravat e loso. Toa pocna od koga gi pusti raka za raka da odat po proverenata zemja za u slucaj ako propustile nekoja mina. I zosto? Zatoa sto kuceto taka mu umrelo. Da rizikuvas tolku mladi zivoti svesno, biduvajki "dobar" covek za mene e dno covek. I ne, ne mi go iskupi likot poradi toa sto gi spasi na krajot, bez razlika na griza na sovesta neli, dali, recimo, ke gi spasese ako tamu ne bese deteto sto mu ja spasi kerkata? Dali isto ke se grizese za site drugi? Drugi na koi sto na nekolku navrati i imeto ne im go pamtese. Besot sto go prikazaa kaj nego uste na pocetokot na filmot ke go ima do samiot kraj na zivotot. Toj covek e isto sposoben za sve sto nacistite im storile. Sto bi rekol jokerot: all it takes is one bad day. And a little push.

Mozebi do utre ke go zaboravam filmot, ali 4/5.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.623
Поени од реакции
36.345
Еве вака, со задоцнување (ко што по обичај почнаа да се случуваат нештата во клубов), да го заклучиме Land of Mine: само шестмина го гледаа, со средна оценка 7,3. Го испуштија многумина, повеќето од нив, за жал и за црвен картон. Црвен добиваат: @devilko , @Goodfella , @Толстој , @Angello и @Вокерка . Не го гледаше и предложувачот @Zarniwoop за кој е втор филм, и @Gazpapir кому е прв неизгледан.

Следна требаше да предложува @Вокерка , но поради обврски (да, @Anon , обврски) не беше во можност, па затоа 50 филм го предложи @Gazpapir , кој беше следен на листата после неа и @dejan_k . Сега имаме ваква ситуација - после @Gazpapir нема никој кој ги исполнува условите за да предложи филм, затоа, практично со него го затвораме и третиот круг и ќе треба да почнеме нов, четврт. Но, бидејќи некако брзо помина, и многумина кои учествуваа во него не предложуваа, еве, им давам уште една, последна шанса:

@Толстој , @Донев , @Вокерка , @dejan_k , па и @Hurin (кој иако никогаш официјално не беше дел од клубот, јас ги бележев и неговите оценки, и има подеднакво право да предложува како и останатите спомнати) - доколку до недела, 19.11.2017, 20:00 часот изгледате барем еден од последните 3 филма: The Phantom of the Opera, Land of Mine и Tell No One, напишете коментар тука за филмот, и веднаш можете да предложувате филм следни.

Истото право го има и @Angello , но тој мора до недела, 20:00 освен еден од последните 3 филма: The Phantom of the Opera, Land of Mine и Tell No One, да изгледа уште два други, било кои филмови од третиот круг, и исто така да напише коментари во темава и за нив. Филмовите од третиот круг се:

Four Lions
The Crow
Titanic
City Lights
Ikiru
What Ever Happened to Baby Jane?
The Man Who Shot Libery Valance
The Phantom of the Opera
Land of Mine
Tell No One


Дополнително, ги повикувам и сите учесници од почетокот на клубов до сега, ако сакаат да ни се вратат. И за нив важи истото правило: доколку во минатото гледале минимум 3 филмови и напишале коментар за истите, доволно е да изгледаат само еден филм од последните 3 предложени, и ќе предложуваат следни. Доколку имаат само 1 или 2, тогаш мораат да ја надополнат бројката до 3, и да изгледаат уште 1 или 2 филма од третиот круг (напишани се погоре). Значи: @grande-juve (или ако се вратиш на форумов, со кој username и да си), @MyloXyloto , @џимеј , @Iceboy , @wicked_1 , @Џонтра Волта , @ManUtdChampions , @ob1 , @Васил МКД , @Spiegel , @RectumAnale , @Bojan Van Buuren , @Leo Bonnie , @Erich Zann , @Krk1 , @Chovek , @AniMagus , @K!KI , @Saladin , @Хефест , @beaverknight , @Daedalus , @bobipp , @Shawn Spencer и @Carax .

Колку филмови имате изгледано и во која група спаѓате можете да видите ТУКА.

Следен ќе предложува оној кој прв ќе напиѓе коментар за некој од трите последни филма.

Ако никој не се пријави до недела, 19.11.2017, 20:00 часот, @Anon , спремај се, почнуваме четврт круг, а ти си пак прв во него!



П.С. До душманите: клубов нема да престане да постои, па макар останале само јас, @Anon и @Corvus во него. И собиранките на Синедејс опстанаа, иако само ние тројца сме учесници, mostly. ;)
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
клубов нема да престане да постои, па макар останале само јас, @Anon и @Corvus во него
Па не е баш дека само вие тројца сте тука, има барем уште најмалце двајца што го сакаат клубов, гледаат се, се трудат и тука се исто колку ти и пријателите. Не биди пристрасен, како кажа еднаш клубот е за сите, да не правиме секта и од него ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.623
Поени од реакции
36.345
Па не е баш дека само вие тројца сте тука, има барем уште најмалце двајца што го сакаат клубов, гледаат се, се трудат и тука се исто колку ти и пријателите. Не биди пристрасен, како кажа еднаш клубот е за сите, да не правиме секта и од него ;)
Нееее, јас знам дека и ти, @wot , @moongoses , @Gazpapir ... не би не оставиле за ништо на светот, вашиот придонес е неоспорен, и ти знаеш дека така мислам. :love:

Може изгледаше неумесно споредбата, sorry, ама навистина така е (за Синедејс) - се пријавуваат 15 души, одиме на кино, пред Милениум пак само ние тројца + 1,2 други, секогаш различни. Ајде, бујрум во петок, 20:00 на The Shape of the Water.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
Нееее, јас знам дека и ти, @wot , @moongoses , @Gazpapir ... не би не оставиле за ништо на светот, вашиот придонес е неоспорен, и ти знаеш дека така мислам. :love:

Може изгледаше неумесно споредбата, sorry, ама навистина така е (за Синедејс) - се пријавуваат 15 души, одиме на кино, пред Милениум пак само ние тројца + 1,2 други, секогаш различни. Ајде, бујрум во петок, 20:00 на The Shape of the Water.
Фала ти, да живеев таму сигурно дека ќе ве дружев, ама ете... Повелете вие накај мене кога сакате, може еден филм од клубов и со пиво да го коментираме.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Јас @dragonsky ќе го повикам да се приклучи кон клубов, ептен ми е film club material, може лани во таа темата Новогодишни желби го викнав, не памтам, пак истото ќе му ги пишам и оваа година ако не дојде до тогаш, ама да не чекаме до тогаш, еве да искористам кога Злате ги нареди сите досегашни членови, да го спомнеме и него.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.718
bese Carl. Likot kaj mene sozdade omraza i gledav so nadez da se zberat i da go roknat. Zosto? Poso za mene toj covek ne e dobar covek. Bez razlika na okolnostite. Ima likovi, a opsto i lugje, koi se zlobni i toa e toa, go ocekuvas od niv toa, znaes deka se sposobni za toa. Megutoa polosi mi se tie "dobri" koi svesno znaat deka toa sto go pravat e loso. Toa pocna od koga gi pusti raka za raka da odat po proverenata zemja za u slucaj ako propustile nekoja mina. I zosto? Zatoa sto kuceto taka mu umrelo. Da rizikuvas tolku mladi zivoti svesno, biduvajki "dobar" covek za mene e dno covek. I ne, ne mi go iskupi likot poradi toa sto gi spasi na krajot, bez razlika na griza na sovesta neli, dali, recimo, ke gi spasese ako tamu ne bese deteto sto mu ja spasi kerkata? Dali isto ke se grizese za site drugi? Drugi na koi sto na nekolku navrati i imeto ne im go pamtese. Besot sto go prikazaa kaj nego uste na pocetokot na filmot ke go ima do samiot kraj na zivotot. Toj covek e isto sposoben za sve sto nacistite im storile. Sto bi rekol jokerot: all it takes is one bad day. And a little push.

Mozebi do utre ke go zaboravam filmot, ali 4/5.
Сите правиме грешки во животот. :)
да живеев таму сигурно дека ќе ве дружев,
Да видам - да не верувам.
 
Последно уредено:
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Жал ми е, ама принуден сум да го напуштам клубот, барем додека немам време за филмови. Минатиот месец 2 изгледав, а овој месец сеуште ниеден :place:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.745
Поени од реакции
2.560
Ќе се направам дека не забележив дека Злате не ме смета во тие што ќе останат во клубот до крај :eek: (Злате ако некојпат се затвори клубот, последниот пост ќе биде мој! :P)

Сега за актуелниот филм.

Tell No One (2006)

Филмов е сниман по истоимената книга на Харлан Кобен, што случајно ја читав уште кога излезе. Искрено, освен главниот заплет не сеќавав на деталите од книгата кога започнав да го гледам филмот, така да не можам да коментирам за успешноста на екранизацијата, затоа ќе се задржам само на филмските аспекти.
Солидно направен трилер, во кој се користи премисата на Хичкок „обичен човек ставен во необична ситуација“ и тогаш речиси и да нема промашување, барем што се однесува до заплетот и „јадицата“ за гледачите. Мајсторот се познава подоцна, во развојот и секако расплетот. На моменти потсетува на „Бегалец‘ со Харисон Форд во делот обвинет невин човек, сите докази се против него, а тој криејќи се од сите се обидува да го најде вистинскиот кривец. Искрено, ме чуди како досега американците не екранизирале некоја книга од Кобен, туку први и колку знам досега единствени се французите со овој филм.
Квалитетни ликови се одлика на филмов, добро направен кастинг и добро изглумено. Успеваат да го задржат вниманието до крај. Има доста многу вешто проткаен хумор низ целиот филм иако се работи за ситуации живот или смрт. Многу симпатични детаљи, тоа кучето имаше супер улога, работата со децата во амбулантата исто внесуваше додатна топлина, секако во прилог на карактеризацијата на главниот лик. Одлични и акциските сцени. Немам посериозни забелешки, но сепак се работи за филм кој е само за едно гледање. Штом го знаете крајот, второто гледање нема шанси да и исто интересно.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.623
Поени од реакции
36.345
Ќе се направам дека не забележив дека Злате не ме смета во тие што ќе останат во клубот до крај :eek: (Злате ако некојпат се затвори клубот, последниот пост ќе биде мој! :P)
Нееее, јас знам дека и ти, @wot , @moongoses , @Gazpapir ... не би не оставиле за ништо на светот, вашиот придонес е неоспорен, и ти знаеш дека така мислам. :love:

Може изгледаше неумесно споредбата, sorry, ама навистина така е (за Синедејс) - се пријавуваат 15 души, одиме на кино, пред Милениум пак само ние тројца + 1,2 други, секогаш различни.
:pipi:
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.714
Искрено, ме чуди како досега американците не екранизирале некоја книга од Кобен, туку први и колку знам досега единствени се французите со овој филм.

7/10
Истово го коментирав и за The Woods ако ја имаш читано.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.623
Поени од реакции
36.345
Никој не се јави за збор. Бидејќи никој не се јави за збор, во 20:00 го заклучувам претресот и законот го ставам на гласање. Кој е за, моламм да крене рака... Oh, wait, на друго место беше тоа. Овде: до 20:00 имате уште 3 часа да бидете следниот кој ќе предложува филм. Ако не, вртиме нова страница, почнуваме нов круг...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.718
6/10
Интересен ми беше се додека не стана шпанска серија. Овој е умешан, оној е умешан, мајндфак ваму, мајндфак таму.... малку и конфузен ми беше искрено, претежно поради јазичната бариера. Ма Invisible guest полесно го пратев.
Иако нумерите во филмот беа по мој вкус, не беа вклопени како што треба.
И романтичен крај awww <3
Имаше неколку интересни сцени, ми се допадна кога го бранеа тој црнецот голем и таткото на хемофиличното дете.
Исто сцената кога му се мешаа погребот и свадбата, интересен преклоп.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom