FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.512
Поени од реакции
42.903
Јас во продолжение, ако се важи. :D


И јас како дел од членовите тука не сум некој обожавател на анимирани филмови. Генерално се чувствувам како да гледам цртан филм и неможам да ги сфатам сериозно, појма немам зошто. :D Сепак, филмов ми легна баш супер, онака лабаво си се одморив после малце понапорен период со работа, а богами и гужви со луѓе ради празнициве. Да не ја тупам пошто е касно и ми се спие, би рекол 7/10, што е сосема солидна оценка од моја страна за анимиран филм. :D
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.901
Поени од реакции
24.485
@Zlatikevichius може така? :D

Исто како и @Zlatikevichius одбрав филм кој ниту јас го немам гледано. На Letterboxd од листата на пријатели тука на форумов видов дека апсолутно никој го нема гледано. Филм излезен во 2019та но го гледам во сите листи за филм кои би можел да биде номиниран за овогодинешните оскари. Сакав тешка драма да предложам, срцепарателна која нема да не остави рамнодушни, ќе видиме дали филмов ќе го има тој ефект. Како и да е, ако ништо друго ќе не доближи поблиску до хендикепираните луѓе и низ што они секојдневно поминуваат. А да, за на тие што им фалеше музика во Soul, епа тука претпоставувам дека ќе има. :D

116. Sound of Metal (2019)
Darius Marder

sound-of-metal-poster.jpg
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.106
Поени од реакции
34.902
Филмот кој на Letterboxd Year in Review е на шесто место со најдобар рејтинг во 2020, а на истата листа рангиран како најдобро режисерско деби, и треторангиран меѓу драмите. Филмот кој е еден од канидатите за Оскар за најдобар филм за 2020, а главниот актер, Риз Ахмед, можеби најсериозниот кандидат за Оскар за најдобар актер во 2020... Во следните 2 недели, друштво, по препорака на @ob1 , со огромни очекувања, го гледаме Sound of Metal!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.106
Поени од реакции
34.902
Ми се допаѓа што во филмот е вклучен новиот тренд кој сега го дознав

Прегледај го приврзокот 280717
Не дека е ова тренд, туку секоја година прават ваква листа со филмови што ги поврзува нешто тривијално. Не знам лани дали беше или пред некоја година, имаше филмови со жолти постери, пред тоа црвени, црни, и сл. Имаше една година со листа со танцови на филм. Годинава, ете, споиле со појадок.
Автоматски споено мислење:

EDIT: Ете, имало танцови и годинава. Искрено, баш пред некој ден мислев дека годинава имаше доста танцови за помнење: Мадс Микелсен во Another Round, танцот во I'm Thinking of Ending Things, цел филм но особено последниот танц на Мерал во And Then We Danced, танцот во пабот на Енди Самберг и Кристин Милиоти во Palm Springs, па дури и настапот со тркалото на Евровизија во Eurovision Song Contest: The Story of Fire Saga.

Кога сме кај песна, Ja Ja Ding Dong е дефинитивно број 1 на 2020! :icon_lol:
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.365
Поени од реакции
28.133
Стварно не би сакал да репризирам филм што го гледав пред 2-3 недели.

Како да се справиш со траумата губење на слух? Ова е веројатно најстрашното нешто што може да му се случи на секој музичар.
Борбата, инаетот, желбата да се вратиш на сцена, упорноста дека ова не е крај, дека ќе има повторно музика се одлично доловени од Риз Ахмед.
Упорно се бори да си го врати слухот, се до оној момент кога сфаќа дека ова е новиот начин на живот. Сфаќа дека нема начин како да си го врати оној нормален слух, туку треба да се адаптира на новиот живот. Рубен помина низ се, од фрустрација, нервоза, разочарување, среќа.. буквално сите можни емоции ги доживеа и ги прикажа маестрално.

Од техничкиот дел би ги издвоил опасните транзиции на некои сцени, и предобриот саунд. Доловувањето на високите и ниските тонови мене ми беше феноменално, заедно со делот кога му се дешаваше бродолом и полека го губеше слухот.

Сакав да видам малце повеќе и од Оливија Кук, ама дефинитивно немаше место за нејзе. Риз во буквална смисла сам го држи цел филм.
Како и кај Soul, така и овде... ми фалеше повеќе метал. Али кога би ја земал приказната во обзир, логично е зошто немаше. :D

Од мене, 8/10 за филмот.


А да, за на тие што им фалеше музика во Soul, епа тука претпоставувам дека ќе има. :D
Not! :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.106
Поени од реакции
34.902
SOUND OF METAL

Супер филмче! А ако земеш во предвид дека е деби на режисерот, дури и изненадувачки добро! Младиот музичар Рубен полека почнува да го губи слухот. За него е уште потешко да се справи со новонастанатата ситуација, зашто на некој начин - од тој слух заработува за живот. Без да слуша не може да свири, да настапува, да продолжи да живее онака како што живеел. Што е уште пострашно - тој е поранешен зависник од хероин, и иако чист 4 години, над него бдее заканата да се врати на старите лоши навики. Но токму тоа и најмногу ми се допадна овде: уште од почеток на филмот се плашев дека ќе има милијарда клишеа - дека можеби ќе и се врати на дрогата, или дека губењето на слухот ќе биде причина неговата девојка да престане да го сака и да го изневерува, или дека можеби повторно ќе проба да се самоубие (на рацете и се видливи траги од исекотини), и сл. Но ништо од тоа нема да се случи, за среќа! Ова е далеку поедноставно, и затоа далеку подобро филмче пред сѐ за прифаќањето на себеси. Рубен успева, сепак, со помош на една заедница финансирана од црквата, да го пронајде својот душевен мир и по огромната загуба, и на крај, ултимативно - да ужива во тишината!

Риз Ахмед е брилијантен! Него го памтиме од претходно во клубов, по Four Lions, предлог на @Anon , но тоа беше комедија и таму не се гледаа баш неговите актерски способности. Јас го знам и по минисеријата на HBO - The Night Of, каде имаше сосема поинаква улога, и исто одлично доловена, но по оваа негова, трета трансформација, можам без двоумење да речам дека дечково знае да глуми! Годинава веројатно главен фаворит за Оскар за најдобар актер е Чедвик Босеман за Ma Rainey's Black Bottom, но пред некој ден го гледав тој филм, и мислам дека веќе пишав некаде дека ако го земе Оскарот, тоа дефинитивно во одредена мера ќе биде заради фактот што веќе не е меѓу нас, за жал. За разлика од неговата изведба таму, за Риз Ахмед дефинитивно не би имал замерки ако му ја дадат златната статуетка. Ете, една слична веќе доби - Gotham Award за најдобар актер. Тука до таа мера би бил Оскарот за него заслужен, зашто сметам дека на свои плеќи го носи буквално цел филм. Сите останати ликови, колку и да беа добри, по неговата изведба, се забораваат.

Но она што веројатно сите тука ќе го пофалат најпрво, воедно и најважното нешто во овој филм е звукот и монтажата на звук! Брилијантно! Се чувствував во секој момент буквално како да сум меѓу ушите на Рубен. Феноменално беше изведено и со моментите на неговото губење на слухот, подоцна и со звукот кој го слушаше по пуштањето во употреба на имплантот. Прејако!

Единствено, некако како да ми фалеше малку повеќе емоција во филмов. Не дека емоциите изостануваат, имаше и длабоко емотивни сцени, и плачки и сѐ, ама сметам дека можеше режисерот уште малку да го појача тој момент, за да биде сликата, бар за мене, покомплетна.

Обично избегнувам да давам пола оценки, и во клубот никогаш не сум го направил тоа, но за ова се двоумев меѓу 8 и 9. На LB му ставив 9, па ете, нека биде така и овде, мал попуст дека филмов е дел од клубов. :love:
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.505
Поени од реакции
9.580
Sound of Metal

Кага почна за момент помислив дека филмов ќе е приказна за музичари којшто се обидуваат да успеат на метал сцената, но за кратко време бев демантиран за на каде ќе се движи дејствието во филмот. Филмов би го поделил во три чина. Во првиот чин гледаме како главниот протагонист полека гу губи слухот, фрустрациите од самото тоа, проблеми кои губењето на слухот му ги создава на професионален план, и секако потешкотијата да се навикне на „новото нормално“ затоа што губење на слух е сериозен проблем и засекогаш го променува начинот на живеење. Во вториот чин оди во supporting group создадена и финансирана од црквата со цел да им се помогне на глувите луѓе. Таму Рубен учи знаковен јазик и полека почнува да се навикнува на фактот дека е глув, за во третиот и последниот чин Рубин целосно да се помири, да се навикне на новата реалност, да се прифати себе си и конечно да доживее катарза.
Глумата во филмов беше одлична, Риз Ахмет одглуми одлино, а особено треба пофалба за монтажата на звукот. Толку добро и реално беа доловени моментите кога Рубин го губи звукот, да и ние гледачите да го почуствуваме тоа.

Оцена 8/10.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
6.711
Sound of Metal

Уште по стартната сцена јасно ми беше дека ќе гледам одличен филм, само воопшто не очекував дека ќе се движи по патот по кој се движеше. Насловот многу лаже, мислев дека цел филм ќе биде како он свири без слух и пробува да ја надмине таа пречка. И искрено, многу ми е мило што не испадна така, оти вака, емоционално ме изора, буквално. Монтажата на звукот...јас бев глув, јас бев Рубен, јас се чуствував исто ко што Рубен се чуствуваше, јас бев изгубен кога сите комуницираа меѓу себе со знаковен јазик ( иако првично помислив дека преводот ме јебе хаха ), кога му ставија имплантите и мене ми сметаше. На крајот и можев да го разберам, се помири со тишината. Глумата на Риз беше феноменална.

Крајот или финалниот акт од филмот не ме изненади. Гледајќи го некако филмот, уште од кога Рубен и Лу се разделија, знаев дека така ќе заврши, знаев дека натаму води се. Не викам дека ми смета, само што знам, некако можеби и очекував нешто друго. Кога сме веќе кај крајот, според мене требаше да заврши кога Лу пееше со татко и, во таа сцена кај што Риз се чуствуваше изгубено. Верувам дека на сите вас ви стана јасно дека Риз не е повеќе за во светот на Лу, лицето негово во таа сцена беше се што се случи во следните непотребни неколку минути. Е, тука требаше да заврши и во мои очи ќе беше вредно една оценка плус.

Се на се, одличен филм, тоа што во моментов можда и ми требаше. И јас исто ко Злате се мислев помеѓу 8 и 9 ама имам навика да не ставам секогаш повисоката оценка од првото гледање, така да 8/10.

 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Sound of Metal

За мене овој филм беше едно горко искуство, го доживеав многу лично, пред сè затоа што имам блиски личности кои се соочени со овој проблем од блиску сум ја гледала нивната болка, начинот на кој го примаат светот и нивното (не)прифаќање на истиот. Повеќе од половина филм бев со насолзени очи затоа што во амбуланта сум ги слушнала истите дисторзии кога за првпат сум сфатила како „слушаат“ луѓето со кохлеарен имплант и дека еднаш глуво лице е засекогаш глуво лице. И сум благодарна што постојат вакви уметнички дела кои ќе ни ја засилат емпатијата и ќе нè потсетат да не ги земаме работите здраво за готово. Пред некое време гледав некој клип во којшто на слепо девојче му го подаруваат комплетот книги „Хари Потер“ на брајово писмо и посреќен израз на лице не сум видела во животот. И тогаш сите наши обични грижи и проблеми ми изгледаат себични и незначителни.

Филмов и едитирањето на звукот неверојатно помогна да влеземе во чевлите на Рубен. А само кога туѓото искуство ќе го почувствуваш како свое, тогаш и вистински ќе го разбереш. Како што одамна констатирал нашиот Петре М. Андреевски - „А колку би било поинаку, кога болката би ја чувствувал и оној што ја предизвикува.“ Но, Достоевски па од друга страна се измачувал - "My God, a moment of bliss. Why, isn't that enough for a whole lifetime?" Сите ние моментално ги сфаќаме работите и потоа си продолжуваме со животите, останувајќи истите неблагодарни ѓубриња.

Верувам дека овој филм барем малку ќе нè замисли и промени на подобро.

Риз Ахмед ми беше неверојатно харизматичен, актерот го износи цел филм целосно влегувајќи во светот на „глувата заедница“ со сите фацијални експресии и леснотијата со која го совладал знаковниот јазик. Тоа што ликот му беше во denial во поголем дел од времето, токму тоа ја засили емотивноста и катарзата на крај. Фантастично напишан беше и ликот на Paul Raci којшто знаеше дека зборовите напишани на лист се вистинскиот издувен вентил кои носат смиреност и себеприфаќање.

Единствено не ми се допадна сцената со цртањето и LGBT подбутнувањето по секоја цена. Ама стварно нема потреба и кајшто им е место и кајшто не им е да ги има, со единствена цел, упикување и застапеност.

Крајот ми беше единствениот логичен, целата тензија и градењето на ликот водеше кон тоа - да се ужива во тишината. А сепак, по тие секунди целосен молк, никогаш не сум била поблагодарна што можам да ја чујам одјавната шпица.

@Zlatikevichius, пиши 9/10.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.854
Поени од реакции
5.992
Sound of Metal

Одлично спакуван филм, сосема скромен, а толку голем. Баш тоа е она што го прави уникатен.

Аудиото во филмот беше маестрално, пловејќи не низ сите фази на Рубен, од кога почна да го губи слухот, неговото неприфаќање, борење да го поврати, па се до конечното прифаќање и наоѓање на внатрешната хармонија.
Недостатокот на звукот во одредени сцени, а подоцна прикажувањето на сите звуци од допири, удари, покрети успеа да ни ја долови ситуацијата во која се овие луѓе. Една од многуте сцени која ќе ја издвојам беше онаа на масата кога Рубен се придружи во групата, па онаа во камперот кога свиреше на тапаните, па се до пеењето на роденденот. Може сцена каде требаше и да заврши филмот, но секако и овака крајот беше убав.

Некогаш тишината е и најубавата музика.

9
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.190
Поени од реакции
56.760
Што би рекол Пинки од Вратиче се роде, ни да ме диWне.


Девојкава по самоубиството на мајка и со која живеела после разводот од татко и, наоѓа зависник од хероин (она нели емоционално нестабилна, склона на себеуништување со самоубиствени мисли и дела) почнуваат врска, основаат бенд, живеат ко хипици у комбе, нели ко што рекоа на крај си ги спасиле меѓусебно животите. Татко и е богаташ кој живее у Франција.

Дечково оглувува, докторот му кажува дека постои апаратче кое чини 3-40 илјади долари со кое ќе може повторно да слуша. Овој нели нема пари пошто живее у комбе, некако, од некој извесен Хектор најдоа бројче од некоја заедница каде живеат глуви луѓе, без никаков контакт со хм - луѓе што слушаат? Као да ги наречам бе, нормални? Неглуви? Во заедницата луѓето учат да комуницираат со знаци, има и училиште за истото. Е мене што малце ме рчна кога овој индијанецов го избрка Рубен и му рече дека тука глувите луѓе не се сметаат за хендикепирани. На страна тоа што претходно замараше дека црквата плаќа, бла бла, емпатија, пичкематерине и не знам што за на крај да го избрка овој без да го заболе кур кај ќе живее. Воопшто не сакам да провоцирам или да ме сфатите погрешно со ова што ќе го прашам, ама, што е глувоста ако не е хендикеп?

Е сеа, можеше во истиот момент да се откаже од комбето и музичката опрема и да си го врати слухот, нели? Девојкава после цели 2 дена живот со глув човек кој нели и го спасил животот и кој она премногу го сака, го напушта, и се враќа кај татко и у Франција. Иако претходно го оставила за да живее со наркоман у комбе. Овца една неблагодарна и себична. Моеше да побараш пари од татко ти и да му помогнеш на дечко ти а не да го фрлиш со секташи и оставиш сам на цедило. Идиотка една.
Иако ова не е поентата на филмот, едноставно не морале да замараат и ставаат девојка у целата приказна.
Можел пијанист да биде дечково. Ама па така ќе го немаше клишето наречено зависник и можноста да се врати на порокот. А и од кај па да знаеме дека нема да се врати на порокот откако остана сам како куче на клупа у Франција.
Барем да посветеа едно 30-40 минути на нивниот однос, нивната врска, нешто.. вака само ме изнервира и од првата секунда знаев дека ќе го напушти и на крај ќе раскинат.

Знам дека поентата на филмот не е нивната љубовна врска, ниту пак дали една врска може да опстои ако едниот од партнерите доживее хендикеп (глеј сеа ова ме нервира, чувствувам вина што ги нарекувам така. Доживее несреќа, не знам, као сакате сфатете ме) туку ова беше борба на една индивидуа со самата себе за околностите со кои се соочува и со кои треба да живее до крајот на животот. И тоа го поштувам и беше океј, иако мене емотивно не ме допре глумата на Ахмед. Ама ич, а инаку важам за доста емотивен човек и често се лигавам на филмови и ме погодуваат некои несреќи и туѓи тажни судбини.

А да, ќе заборавев, одлично беше монтиран звукот и тука заслужува Оскар дефинитивно, и јас како и вие бев у главата на Рубен цело време, слушав и не слушав заедно со него.

Коректен филм се на се, за мене ништо посебно wow, 7/10, ако игра улога мојава оцена со оглед на тоа што не учествувам у клубов.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.106
Поени од реакции
34.902

Kajgana Shop

На врв Bottom