FILM CLUB (КРУГ 5) (201. The Dreamers: 16.09-29.09.2024)

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.482
Поени од реакции
7.305
Супер трилер, направи се што еден трилер треба да направи, да те држи напнат и во исчекување.
Саундтракот си беше полн погодок.
За ликовите беше сомнеж пред филмот како ќе се справат со споредбите од Јагнињата, али се справија. Детективов ми беше одличен, серискиов убиец исто, а и Лектор нормално далеку е од нивото на Хопкинс ама беше прилично солиден.
Приказната иако веќе позната беше реализирана со топ атмосфера и затоа си заслужува филмов 8/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.740
Поени од реакции
2.554
Manhunter (1986)

Споредбата со „јагнињата“ е неминовна заради заедничкиот лик на Лектор, кој глумата на Хопкинс го издигна на ниво на култен лик. Секако тука голем придонес имаше и Фостер во главната улога, но верувам дека без Хопкинс овој филм ќе беше само уште еден трилер кој со времето ќе избледеше.
Manhunter е многу поцелосен филм. Феноменална камера, сценографја, игра со бои, музика, звучна кулиса, сето тоа во функција на градење на една тензична атмосфера. Употребена е самата есенција од која се прави филмот и сето тоа искористено во вистинска доза.
Нема екплицитни сцени од убиства, акциони сцени и херои, шок моменти и воопшто наилство, дузини непотребни статисти... Филмов прелева со стил што е комплетно во функција на приказната. Секој кадар, секоја сцена, фантастично изгледаат. Особено онаа во ресторанот додека врнеше, а Греем кога му се обраќаше на убиецот додека се гледаше себе си во одразот од прозорот.
8/10

Инаку, јас во животот немав гледано филм на Ман до пред еден месец. А сега, за неполн месец - 2. Прво Heat во 5x предизвикот, па Manhunter сега. И дефинитивно не сакам да остане на тоа
Си почнал од најдобрите. Гледај го и „Крадец“. Може и „Кулата“, има фантастична атмосфера на почетокот со музика од Танџерин дрим, ама потфрла во расплетот. Останатите на твој ризик :)
Со инсајдер насобра оскари, ама тоа беше од оние доделувања „извини што те превидовме за претходните филмови, еве ти сега за овој“
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.420
Поени од реакции
35.794
Со инсајдер насобра оскари, ама тоа беше од оние доделувања „извини што те превидовме за претходните филмови, еве ти сега за овој“
Па токму Insider ми е на ум веќе подолго време, дека ги гледав сите номинирани за Оскар од 1990 до сега, ама некако го подзаборавив тој мој предизвик. Мислам дека и симнат ми е.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.553
Поени од реакции
2.516
Си почнал од најдобрите. Гледај го и „Крадец“. Може и „Кулата“, има фантастична атмосфера на почетокот со музика од Танџерин дрим, ама потфрла во расплетот. Останатите на твој ризик :)
А оригиналниот лоу-буџет Heat го заборави :P
https://m.imdb.com/title/tt0097700/

Секогаш ме потсеќа на другион тв-филм, Соларис, што го имаат направено пред тој на Тарковски.
Со инсајдер насобра оскари, ама тоа беше од оние доделувања „извини што те превидовме за претходните филмови, еве ти сега за овој“
Најголемата ваква глупост ја направија со Скорсезе за римејкон Департед. :cenzura:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.740
Поени од реакции
2.554
А оригиналниот лоу-буџет Heat го заборави
Не го заборавив, ама штом веќе го гледал „Жега“ нема потреба од евтината верзија.
Најголемата ваква глупост ја направија со Скорсезе за римејкон Департед. :cenzura:
Едвај го догледав тој...
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Јас го имам најубавиот термин од годината за предложување филм :X3:

Во последната недела од оваа година, и првата недела од новата година ќе гледаме филм што го имаме гледано сите. Вообичаено не го правам ова, ама не можев да одолеам со оглед на тоа што имам термин што ги опфаќа двата божиќа и нова година, и со оглед на тоа што овој филм ми е еден од all time favorites, а гледан или негледан, не можам да си замислам да дадам друг филм овој период од годината, така што дечки спремајте се за реприза. Сите го сакаме филмов (освен изолирани Гриночови на форумов), и не би требало да му е проблем било кому да го репризира.

Кога сме кај Гринчови сакам да ја искористам оваа прилика да му го честитам роденденот на мојот омилен Гринч на форумов @grande-juve и да му посакам мноооооооогу изгледани филмови во новата година, уште повеќе концерти, многу среќа, љубов и успеси all around. Среќен роденден Гранде and guess I'll see you in the movies!

А за филмот што ќе се гледа крајот на старата и почетокот на новата година, well... препорачувам да се гледа со црвено вино или жешко какао



Love, Actually, снешковци :backa:
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.553
Поени од реакции
2.516
...нека фала :icon_mrgr:, за празнициве ќе си го гледам Сам Дома 4к 1080п ремастерот:coffee:...кај од сите холидеј филмови овој го најде (n), очекував некој ретро од тебе :):), ме разочара... :P
Оверрејтед филм (n)...реков лани ова време, ај да видам што го фалат толку, и одма го исклучив...и онака не гледам/сакам многу (по)нови филмови а и вакви со 1000 ликови кои на некој начин се поврзани не се моја шоља чај. :toe:

П.С.

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.420
Поени од реакции
35.794
Среќен роденден Грандисимо! Зашто fb не ми кажа дека ти е роденден? Му криеш, а? Не сакаш да му дадеш торта?[DOUBLEPOST=1545671319][/DOUBLEPOST]Осуммина го гледаа Manhunter и му дадоа средна оценка 7,9. Го испуштија само @whatto и @Gazpapir - и на двајцата прв неизгледан.
 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.482
Поени од реакции
7.305
Среќен роденден Грандисимо! Зашто fb не ми кажа дека ти е роденден? Му криеш, а? Не сакаш да му дадеш торта?.
да.. им кријам на фб и скајп, неам време толку торти да праам. Фала Злате.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.873
Поени од реакции
6.050
И јас ќе бидам Гринч, but who cares! Нема шанси да го репризирам филмов уште еднаш, па последно да е. (n)
И првиот пат кога требаше да го гледам ме форсираа, ме седнаа и ми го пуштија. Го изгледав пошто бев приморан и ефектот си беше таков каков што си беше. Го поминав целиот со некоја кисела насмевка на лице во стилот "хехехе, ок, шо се дешава? Треба као да ми е интересно? (n)" Не сум ни некој голем љубител на љубовни празнични филмови, не сум уствари воопшто, иако има неколку романтични кои ми завземаат посебно место како Before трилогијата и Eternal sunshine of the spotless mind. Тотално различни по концепт од овој.
А овој ми беше најавуван како биг тинг. Како филм кој ќе ме освои, ќе ме дотакне, бла бла бла. На крај ништо не ми се случи од тоа. Крајно досаден, неконзистентен, преголемиот број на приказни на различни луѓе некако неуспеа да ме натера да се поврзам со ниту една од нив. Што знам, можда и не се пронајдов во никоја, па ниту во еден лик, не знам. Сето ми беше некако исфорсирано, нереално.
Може овака се работи за филм, далеку од лош. Ама не е my cup of tea. Not at all. 5/10

П.с Среќен нека е Гранде. :D
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Злате прв го симнав манхунтер мислам хаха ама имав технички проблеми,на 23ти точно последен ден го симнав исто од Јифи исто имаше сецкање од 48минута па до крај,незнам дали точно само на мене ми се дешава ова,али у последен период имам,јас бар лично проблем со торент сајтови,ај поновиве филмчиња се наоѓат ама вака некоја старудија сум приморан да гњурам небаре сум Victor Berge,а ова исто и ми се случи со новиот филмски фестивал whatto каде што веќе пронајдов неколку филма на имбд,а потоа ги избришав поради проблеми со пронаоѓање на истите.Така сеа го симнав Manhunter.1986.DC.720p.BluRay.H264.AAC-RARBG,овие Рарбг се добар сајт,ама ако сакаш порно ова ќе биде твоето вечно засолниште,ако си за филмови си го утнал местото,се сеќавам порано имаше еден куп торент сајтови,денеска едвај се преживува да ги мочам.

-Ќе пишам у соодветна тема за торент сајотви дали само ја си имам мука со нив или вирал е
 

Kajgana Shop

На врв Bottom