И јас ќе бидам Гринч, but who cares! Нема шанси да го репризирам филмов уште еднаш, па последно да е.
И првиот пат кога требаше да го гледам ме форсираа, ме седнаа и ми го пуштија. Го изгледав пошто бев приморан и ефектот си беше таков каков што си беше. Го поминав целиот со некоја кисела насмевка на лице во стилот "хехехе, ок, шо се дешава? Треба као да ми е интересно?
" Не сум ни некој голем љубител на љубовни празнични филмови, не сум уствари воопшто, иако има неколку романтични кои ми завземаат посебно место како Before трилогијата и Eternal sunshine of the spotless mind. Тотално различни по концепт од овој.
А овој ми беше најавуван како биг тинг. Како филм кој ќе ме освои, ќе ме дотакне, бла бла бла. На крај ништо не ми се случи од тоа. Крајно досаден, неконзистентен, преголемиот број на приказни на различни луѓе некако неуспеа да ме натера да се поврзам со ниту една од нив. Што знам, можда и не се пронајдов во никоја, па ниту во еден лик, не знам. Сето ми беше некако исфорсирано, нереално.
Може овака се работи за филм, далеку од лош. Ама не е my cup of tea. Not at all. 5/10
П.с Среќен нека е Гранде.