FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Член од
27 јуни 2015
Мислења
124
Поени од реакции
97
Јас лично немам проблем со црно бели филмови, барем така мислев поради The 7 Samurai и 12 Angry Men... Ама некако скептичен бев за филмов уште пред да седнам да го гледам и така и ми испадна. Цело време гледајќи чекав да заврши и некако ама баш ич не уживав и баталив после нецели 20 мин да бидам искрен.

Па сега ја отворив темата пошто избегнував да читам нови мислења да видам што имат да кажат другите и сум изненаден. Не мислев дека на некој ќе му се допадне филмот ама ете ме убедивте да му дадам втора шанса денес и да стиснам заби да го догледам.

Ај со среќа нека ми е :D
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.366
Поени од реакции
25.096
Прекрасен филм. Еден од оние филмови кои те внесуваат во некој друг свет уште при првиот кадар. Има магија во нив.

Да не повторувам за јаките страни на филмот затоа што изминатите страници е дискутирано за глумата и тоа што сакав да го кажам е веќе кажано (y)
Интересно е што ликовите се стереотипи на професии и толку се реално прикажани, што 50+ години подоцна луѓето функционираат токму така - како во филмот. Не само во Холивуд туку мислам дека насекаде.

Е сега, мене ми сметаше (да не бидат само пофалби не е интересно :icon_mrgr:) што филмот беше многу долг и некои ликови добија screening time а немаше потреба :toe:
Како на пример слугинката на Марго, Birdie, ликот беше тука во првиот дел од филмот и се потроши многу време на неа, а не придонесе за филмот и да не беше таа немаше ништо да се смени. Плус, исчезна „наеднаш", не знам што се случи со неа.

Второ, не ја сфатив мотивацијата на Карен да го испразни резервоарот за да задоцнат на претставата. Мислам дека се сети на тоа од нигде никаде, немаше некој силен мотив кој се протнуваше низ филмот за да се оправда потегот на Карен.

Убаво завршува, многу ми се допадна последниот кадар, новата Eve се пробува пред огледалата (y)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.834
Поени од реакции
14.195
Како мотив гледам во однесувањето на Марго спрема другите. Кога се расправаа Карен и Лојд, се спомна дека Марго знае да биде ептен bitch понекогаш и заслужува kick between the legs, па најверојатно проблемот ескалираше на забавата кога ги исповреѓа сите Марго.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.673
Поени од реакции
13.263
И не така лошо филмче, се` на се`.
Љубител сум на одредени црнобели адаптации од книги (особено Ремарковите романи и „Птицата подбивница“ на Харпер Ли), ова ми беше интересен mind travel на меѓучовечки односи, сторијата слична на онаа со Брдмен (стара актерка ја пука криза пошо друга помлада сака да ја замени). Би рекол дека е ставен акцент на тоа повеќе кој со кого се врзува, а причината за растурање поради отимање на нечива слава е еден вид на decoy за да поебе публика да мисли дека се` се работи заради Eve. По малку цинично е претставен тој холивудски извештачен свет, како постарите се трудат да опстанат на сцена додека помладите изиграваат аматери и се „адаптираат“ на се` што погорниве ќе им предложат. Тука е неизбежно да се нагласи врската на секој со секого, машко-женските одности (на некој начин малку застарени за денешно време), од друга страна широката лепеза на ликови, секој различен на свој начин. Така релацијата меѓу Бил и Марго иако по малку либерална е многу поцврсто од што се мисли, за разлика од онаа на Карен и Лојд каде и двата лика делуваат поопуштени. Централното место секако го завзема Eve (no shit Sherlock!) која на почетокот е мила и симпатична личност.
Епизодната улога на Мерлин е вишок по мене. Никогаш не сум ја сакал како појава, многу прав се крева за ништо освен можеби фотогеничност.
Дијалозите се врв, особено последните меѓу Де Вит и Eve, како и сцената во кафулето меѓу 4цата неразделни другари/ки и онаа подоцна во lady`s room меѓу Карен и Eve.
Марго мене ми е посимпатична како лик подоцна во филмот, особено откако ќе сфати дека животот не е само до театарот, има уште многу побитни ствари. Наивноста на Карен од друга страна ме жестеше, толку фина и симпатична, а можеше да го извлече најдебелиот крај во филмот.
Шир Кан од увек бил животиња и знаел како да им го спопика до крај,
Се` на се` 4/5 му давам на филмот, и радо го препорачувам заедно со Breakfast at tiffany`s.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.502
Поени од реакции
42.887
Искрено јас неможев да се прилагодам на филмот. :) Можеби ради тоа што прв пат гледам толку стар филм, неам појма. Црно-бел, без никаква звучни ефекти, цело дејство се одвива во затворен простор, и иако ми е јасно дека тогаш толкави биле можностите, сепак ми остана чувството како да гледам полуаматерски филм. :)

Приказната беше интересна, сигурно баш погодена за тоа време. Уште од старт имаш чувство дека Ив најверојатно е психопат кој по секоја цена сака да стигне до сцената, ама првиот дел од филмот не сакаш да си признаеш, најверојатно ради тоа што се претставува како невино и мило девојче. За крајот мора да признаам дека не го очекував, но ми се допадна ептен.. Како што кажа ob1 поназад, со него режисерот покажува дека секогаш ќе има некоја Марго, и секогаш ќе има некоја Ив. :)


Има 7/10 од мене, доколку беше помодерен сигурен сум дека ќе добиеше 8мица. :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Конечно најдов време да го изгледам.

Ми фалеше оваква драма/трилер, одамна немам гледано нешто овакво. Уживав дефинитивно, макар што трае малку подолго од тоа што треба. Не дека имаше досадни дијалози ама како што рече и џимеј погоре, имаше некои ликови кои иако добија малку screen time беа буквално непотребни или наеднаш заборавени во филмот.
Одлично прикажување на Холивуд/Бродвеј (макар што ова беше специфично за театар, ништо поинаку сигурно не и во филмската индустрија) и како се тоа се одвива позади завесите на театарот. И нешто што ме зачуди е тоа што толку common language се користеше, без некои непотребни поетски фрази, без непотребни зборови кои ни Американците не си ги сфаќаат, а не па останатиот свет, а се тоа звучеше толку перфектно и феноменално. Зборови на повисоко ниво без употребени само додека се читаше статијата на ДеВит за Марго, ама тоа беше нормално бидејчи сепак е статија во весник.
Културата и начинот на живот во тој период е посебна приказна и нешто што секогаш добивало плус оценка на филм кај мене, има нешто премногу џентлменски во се тоа.
Ив на почеток и мене ме прелажа, се сети дека работата не е како што треба кога новинарот ја праша за Сан Франциско и театарот, тука веќе нешто не штимаше (барем извежбани сме тие работи да ги приметиме). Е сега Карен го направи тоа со колата бидејќи сакаше да и оддржи некој вид на лекција на Марго, после забавата и кавгата кога откри дека Ив е всушност замена, сите мислеа дека Марго премногу претерува и стилот ѕвезда си го префрла и во приватниот живот (on and off stage).
Се на се, супер старт на темава, сега полскиов ќе видиме што ќе испадне.

9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.097
Поени од реакции
34.882
И јaс aкo ви се придружaм, кoгa ќе ми дoјде ред дa предлoжaм филм, вo 2017тa?
Не, мислам дека ти ќе бидеш токму последната пред новата 2017-та година (или порано, ако прескокнеме некој.) ;)

P.S. Имаш уште време за All About Eve! Чекаме мислење. ;)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.821
Го изгледав и јас ито на два пати по пола. Дали не го погодив тајмингот или слично, но ќе речам дека е филм кој не би го репризирал два пати :D Значи има добра глума, на добар начин е обработена природата на човекот, и трансформацијата околу оние категории слава, его, злоба, пакост и слично, но лично во тематиката не се пронајдов јас и не се задоволив. Нешто што најмногу ми се допадна од цел филм е крајот, тука удрија силна порака за суштината на целиот филм.

На моменти ми беше по малку досаден. Дали лично се зафркнав самиот што од старт поставив некои очекувања околу тематиката и идниот развој на настаните, навистина не знам. Филмот би го сместил во ок драма во која добро е пресликана човековата природа, различност, начинот на реагирање, желбата за престиж.

Бети Дејвис како глуми у пизду матер :D Ја гледав пред некој месец и во What ever happened to baby Jane, и таму скроз се фасцинирав. Добра глума имаше и во овој филм. Со филмот добив колку толку малку поблиска слика за се она што се случува зад сцената во театарот помеѓу актерите и останатата екипа.

Би го оценил со нешто 7.5 или така некако :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
@Zlatikevichius де пушти ми торент за новиов во порака или на фејсбук, нз како ќе сум со нет од 10ти...
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Неможам ја ова да глеам, едвај 20 минути издржав.
Никад више нема да пуштам филм од тој период ако не е на Хичкок. Чао.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom