FILM CLUB (КРУГ 5) (199. Nuts in May: 27.05-09.06.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.730
Поени од реакции
2.546
Забележавте дека сцената беше снимена во еден take, без резови?
Да. Поавтентично е отколку да е монтирано. А и башка и нема можност за дубл, бетонот е ископан :)
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
7.304
Le Trou

Филм единствено за процесот на спремање бегство од затвор, без никаква музика, без позадински приказни на главните ликови(освен делчиња за новиот затвореник), што е можно поедноставно... а тоа некогаш е најтешко да се постигне, затоа и толку многу напнати сцени има, дури и пребарувањето низ храна.

Како и првиот пат и сега од старт до крај бев максимално внесен, дали ќе ги откријат при претресите, дали ќе ги слушнат, дали ќе ги пробијат ѕидовите... На крај се претпоставуваше дека овој ги издаде, ама моментот ние кога дефинитивно дознаваме, кога Гео го врти стакленцето и одеднаш гледаме 50 полицајци... as good as it gets.

Четворицата затвореници за кои едноставно навиваме без ништо да знаеме за нив, одлично одглумени со максимална харизма. Младичот исто погоден, ја немав дилема, го пцуев на крај, он си изигра логички за него ама пак, жално и фрустрирачки беше цела работа да им падне во вода баш кога сѐ беше спремно.
И технички врвен, внимателно снимен, секој детаљ запазен.

9,5/10

Среќна нова, се гледаме со нови филмчиња во 24та
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.156
Поени од реакции
56.496
Ја сум следен за предложување, доека го чекаме Злате да сумира за претходниов, ќе го објавам јас мојот, може некој е нестрплив :D

Имав 2-3 на избор ама некако не им е моментот за сега околу празнициве каде подобро е да се гледа нешто лабаво, зимско, во духот на атмосферата, само штета нема снег кај нас.
Најдов еден таков филм и ме чуди како од сите што ги следам на летербокс од форумов, само Мунгос го има гледано.

Познат филм бар јас го имам сретнувано по телевизии порано, интересен, лабав со комични моменти, намќорест Пол Њумен, филм што го носи духот на 90тите, таква атмосфера има пријатна. Не дека е кујзне што, ама мислам дека добро ќе легне овие 2 недели доека стонираме прејадени од руска и кифлици.

Nobody's Fool (1994)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.050
Поени од реакции
34.736
Среќна Нова 2024, Филмклубери! Ви посакувам уште една година како од филм, но секако, најубавиот!

Le Trou го гледаа само 6-мина и му дадоа средна оценка 7,8. Го испуштија:

- @Violetova , @123456 и @Manga - прв неизгледан
- @Комита Ултрас и @Darklady - втор неизгледан (жолт картон)
- @Miss.Independent - трет неизгледан (за жал мораме да ја почнеме годината со црвен картон, но се надевам дека @Miss.Independent ќе се врати наскоро).

Џонтра веќе ви го презентираше 189 филм во Клубот, прв за 2024, но еве уште еднаш:

189. Nobody's Fool - Robert Benton (1994)
01.01.2024 - 14.01.2024, предложувач: @Џонтра Волта

1704124850241.png
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
- @Violetova , @123456 и @Manga - прв неизгледан
Гледан ми е, ама нова година, па не пишав.
Автоматски споено мислење:

Le Trou (1960)

Прво очекував дека голема дупка ќе копаат, и се чудев зошто третина филм што се вели помина, а тие уште се спремаа, не беа почнати со копање. Па ме збунија дека всушност влегоа во ходници и подруми, па немаше многу копање.
Освен што сметам дека позитивната страна на филмот е тоа што едниот од глумците е всушност човек од бандата што пробала да бега, друго нешто многу позитивно не најдов.

Прочитав овде што пишувавте дека новиот ќе ги издаде, ама освен што го одделија од другите кога ги апсеа, и по тоа нели знаеме како гледачи дека тој ги предал, не видов претходно по што би се посомневала на петтиот.

6/10
 
Последно уредено:
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.094
Поени од реакции
8.158

Nobody’s Fool
Гледан ми како копиле коа трчаше по видеотеките, ама го репризирав, филм без ниеден негро освен доберманот,обожавам вакви филмови Пол како секогаш на ниво и така 4/5
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.490
Поени од реакции
9.471
Ајде дека е на Џонтра, ќе почнам од него :rolleyes:

Имаше една епизода во фемили гај кај што гледаат филм и се сетив вака исто како мене беше. Ааа еве една жена почнува филмот. Не почнува, продуценти да видиме кои се. А ете сега почнува нешто некој дуќан гледам, не бе кој е сценарист сега ми покажуваат. И така пола ден да ја видиме цела екипа дур да почне филмов.
До таму сум стигната чекам уште секретарот на фризерот кој е да ни кажат и да почне филмот.
Ќе продолжам.....
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Каде го има филмот?
Секаде каде што барав, ми го дава оној со исто име од 2018, или пак има торенти што не работат ... :(
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Nobody’s Fool (1994)
Ме чуди како филм со толку многу познати глумци во него, не ми налетал за гледање.
До сега.
Приказната раскажува дел од животот на Сали.
Интересно ми беше што цело време има снег во сцените од филмот.
8/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
7.304
Nobody’s Fool (1994)

Топ филмче од мојата омилена комбинација на жанрови комедија/драма. Таман и атмосферата со снегчето погодена.
Доста добри и славни глумци, али Пол Њуман го носи филмов, заедно со одличното сценарио.

Мало гратче, сите си се знаат, интересена динамика си имаа ликовите меѓу себе, истовремено ем се пцујат ем си помагаат, сите свесни за нивните добри страни и недостатоци. Најмногу до израз доаѓаат кај главниот лик, секогаш расположениот намќор Сали, каде преку многу примери ја гледаме неговата добродушност, ама и тврдоглавост и бегањето од семејните обврски во младоста. Пол Њуман си е ѕвер.

Другиот ѕвер сценариото, со секогаш остри и смешни реплики и интересни дијалози меѓу ликовите низ цел филм.

Feel good, уживав низ цел филм, супер избор, 8/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.730
Поени од реакции
2.546
Nobody’s Fool (1994)

Филмов е од оние што се базирани на ликови не на приказна. Дејството е линеарно, без сложени заплети и пресврти. Го гледаме секојдневието на жителите од едно мало гратче или предградие, каде живеат истите семејства со генерации, секој со секого се знае и имаат изградено специфичен однос меѓу нив.

Ликовите се одлично изградени и изведени од актерската екипа. Одличните дијалози проткаени со суптилен хумор го цело време го одржуваат вниманието.

Многу добра подлога за серија.

7/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom