FILM CLUB (КРУГ 5) (199. Nuts in May: 27.05-09.06.2024)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Forbidden Games
Интересна приказна за војната, девојчето од Париз се најде на село, децата собираа крстови, девојчето многу јако изглуми.

п.с. И да се пофалам: музиката од филмот е единствената песна што одамна ја научив на клавир да ја свирам со двете раце. :D

7/10
 
Член од
15 март 2023
Мислења
39
Поени од реакции
76
Forbidden Games

Незаборавен филм. Како изглумија децава на толку мала возраст ко да се бавеле со глума со години е ненормално и интересно е прикажано како децата се справуваат со смрт и последиците на војна.
8,5/10
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Forbidden Games

Од мене 7/10.
Не можам со тажниве приказни со децава ако има уште некој ваков предлог сигурно не го гледам.
Одлична глума пред се, ми се свиѓаше и музиката ја надополнуваше целата приказна.
Вистински животни приказни што на некој му се случувале, во овој случај акцентот е ставен на најнедолжните, децата.
Преживување на една голгота колку свесно толку и несвесно, нанесена непоправлива штета, последици како психички така и физички кои ќе ги носат цел свој живот.
За мене многу болна точка, крвав филм во секоја смисла на зборот.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.730
Поени од реакции
2.547
Jeux interdits (1952)

Филмот ни ја раскажува приказната за малото девојче кое ќе ги загуби родителите при бомбардирање во втората светска војна. За среќа, едно сиромашно семејство од село ќе и даде засолниште каде што ќе стекне другарче кое низ игра и палавости ќе и помогне полесно да се справи со трагедијата.

На прекрасен начин преку призмата на детската невина игра доловени се ужасот и последиците од војната. Проткаен со суптилен хумор преку ликовите на свештеникот и соседите.

Одлично снимен и одигран од страна на децата, со едноставна приказна и шпанската романса како музички лајтмотив, на прво место ги става емпатијата и сочувството на ликовите.

7/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
7.304
Jeux interdits / Forbidden Games

Полет, мало девојче од добро ситуирано семејство додека бегаат од бомбардирање ги губи родителите, и веднаш потоа се сретнува со Мишел, кој ја носи во неговото (типично селско) семејство.
Иако почнува со типична сцена за воени филмови и прилично интензивна и реална, не го доживеав до толку ко (анти) воен филм на пример како Grave of the Fireflies. Фокусот тука е на односот на Мишел кон Полет, неговата грижа, емпатија и работи што ги прави за она да не мисли на трагедијата која и се случи.
Мишел можеби беше најмал но емоционално најсозреан од целата фамилија на чело со таткото, на кои главна преокупација им беа комшиите(и обратно). Затоа и татково ја прибра дома Полет, прво одби, па прифати откако Мишел рече дека можеби комшиите ќе и помогнат.
Како и да е, филмов го носеа двеве дечиња, преубаво одглумија. Мишел како малку поголем правеше сѐ за да ја зачува таа невиност и наивност на Полет, а она ја чувствуваше таа љубов и грижа. Тоа се виде и на крајот, кога веќе го немаше Мишел покрај себе, почна да плаче за мајка ѝ.
Имаше доста и комични ситуации, убаво снимен, музиката што се повторуваше во позадина исто убава и меланхолична.

Чист, едноставен и емоционален.. јака 8ца
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.160
Поени од реакции
56.525
Супер, и мене ме изненади, како нељубител на црно-бели филмови ова беше добро.
Ми беше жал за девојчето, некако после ми стана досаден и повторлив, за на крај да ме врати на почетокот со слични емоции и повторна жал и тага за девојчето.
Се согласувам со сите погоре, добар филм, ќе се памти.

7.5
 
Член од
2 март 2022
Мислења
95
Поени од реакции
453
Forbidden Games (1952)

Симпатично филмче што обработува многу болна тема. Иако си имаше фалинки во смисла на продукција и крајна реализација, сепак беше добар за гледање. Што се однесува до приказната, знаеше малку да здосади на пола, но како што кажаа другите членови, на крајот одма се се менува и се враќа на актуелноста на темата.
Благодарност до предложувачот, не ни го знаев дека постои филмов.
Од мене добива 7/10.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
166
Поени од реакции
769
Го гледав уште на 26ти, само не можев да најдам точни зборови. Ги немам ни денес.
Како целина не ме импресионира, но тоа е само мој проблем кој ми се провлекува кај ваквите мали филмови. Клишеата не ми пречеа, барем не толку многу, можеби затоа што понекогаш имам чувство дека колку поголеми, толку се послични на реалноста што ја живееме. Мене непријатни ми беа „сеќавањата“ од претходниот живот, давењето кое за малку не стана чедоморство премногу ме вознемири.

Не престанав да го мислам неколку денови потоа. Белегот на различноста што го носи Антонио ми отвори прашања и ме поттикна на длабока интроспекција. За личното идентитеско прашање, припаѓањето и корените.
Do you know why I like the Fleur-de-lis? Because water lilies look like they have no roots. But they do. They can't survive without them.
Ме пресече. И ситниците и траумите кои нѐ обележале се дел од нас, тоа е она што ја прави една животна приказна уникатна. Дете кое не е виновно за ништо добива шанса за живот, со години гради и негува релации и одеднаш државата вели пу, пу - не важи.

Темата е премногу важна, штета што поединците се немоќни пред светот што секогаш има поголеми проблеми за да ги решава овие на обичниот човек.
7/10
Мишел! Мишел! Мишел!
ffc59afef3b7b12a50aad1706738c41a.jpg
Искуствата од детството се оние кои нѐ обликуваат понатаму, ниту едно дете не треба да ја осознае смртта на толку суров начин. Ме плаши непредвидливоста на животот, колку сѐ може да се сруши во секунда и колку возрасните знаат да бидат незаинтересирани за детскиот видокруг.
Малечката два пати го изгуби семејството - прво родителите, а потоа Мишел. Никој не ѝ кажа дека игрите знаат и да болат. На крај остана само неговата добрина како зрнце надеж спроти неподносливата тага.
7.5/10
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.360
Поени од реакции
28.081
Бреј ама сум се надувал денес мислев дека пишав мислење, ама очигледно не. Анон никогаш не разочарува!

Forbidden Games (1952)

Немам зборови, филмот прекрасно ја доловува невиноста и ранливоста на детството, истовремено нагласувајќи ги последиците од војната врз баш оние кои се невини. Полет и Мишел создадоа еден прекрасен "свет" во кој Мишел пробуваше да ја изолира Полет од сето она што и се случи. Кинематографијата беше прекрасна, што знам бар за мене влага у топ 5 црно-бели филмови.

8/5/10
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.360
Поени од реакции
28.081
Следниот 171ви филм во клубот е Freedom Writers (2007). Филм кој ја раскажува приказната за една наставничка која ги трансформира животите на своите ученици од гетото користејќи малку неконвенционални методи. Од денешна перспектива изгледа како уште еден BLM филм, ама вклучени се сите раси. :icon_lol:
Базиран е на вистински настани.

1681120540818.png


Јас вчера го репризирав, ќе пишам рецензија понатака. Се надевам ќе уживате.
 
Член од
15 март 2023
Мислења
39
Поени од реакции
76
Freedom Writers (2007)

Филм кој е основан на вистинска приказна за професорка која ги инспирира своите ученици да си го променат животот со помош на пишување. Сепак зависи од одредени клишеа како што се „проблематичните тинејџери“ или „инспиративниот професор“ и знаеше да стане досаден и симплистичен на моменти (некаде во првите триесетина минути од филмот).
6.5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.059
Поени од реакции
34.758
Forbidden Games го гледаа 10 души и му дадоа средна 7,8. Го испуштија:

-Јас, @Anon , @wot , @Gazpapir - на сите прв неизгледан
- @Darklady - трет неизгледан, црвен картон (се надевам ќе ни се врати наскоро, за да не го изгуби местото за предложување)

171. Freedom Writers (2007)
предложувач: @Комита Ултрас (10.04-23.04.2023)
1681193420163.png
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.095
Поени од реакции
8.159
Freedom Writers (2007)

Хмм првите саат поминаа за 5 минути после ме укочи па го изгледав другиот ден, нешто слично Dangerous Minds со Мишел Фајфер.
Хилари откина секогаш насмеана работеше прекувремено да им удолови на ова криминалциве и така

4/5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom