FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.828
Поени од реакции
33.741
Забораив. :X3:
Да се приберам дома, ќе го гледам после. Ваљда не е фрка ако каснам еден ден.
Воопшто. Немај гајле.[DOUBLEPOST=1477335606][/DOUBLEPOST]Бујрум:

000.jpg

devilko напиша:
Го одбирам германскиот филм, Die Welle.
Зошто баш него?
- Бидејќи е одличен филм кој скоро никој го нема гледано од филм клубот.
- Истиот го имам оценето со 4 ѕвездички на ЛетербоксИКСДЕ или по наше со висока 8ца.
- Се работи за социополитички - драма трилер кој ќе ве остави во размислување после гледањето на истиот.
- Инспириран е од книга, за експеримент кој бил спроведен од страна на американски учител во '60. Сличен филм, на него кој го имам гледано јас, а веројатно и повеќето од вас со кој може да направам една компарација на Тhe Wave, e добро познатиот The Experiment.
- Се надевам дека филмот ќе предизвика одлична дискусија со по некое спротиставено мислење.

Дополнение: На торенти го има во 720п, 1080п, блу реј...
За оние кои не разбираат германски, има превод на титлови.цом, дури и македонски :D
@wot - Film Club 2016 (Die Welle / The Wave: 24.10 - 06.11)

Letterboxd листата update-увана, листата на членови, исто така.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
@devilko браво, феноменален филм!
9/10
На почетокот некоја гараж бенд музика на која сум страшно алергичен, се напнав, си викам што пенис ќе гледам сеа некој страглинг гараж бенд клишеа но...
Свака част.
Не почувствував ништо вештачко, исфорсирано во филмот. Се одвиваше по мој терк иако на почетокот не знаев на каде точно ќе тера.
Имам ама и немам, не знам како да објаснам :D замерка што некако немаше некои side stories, бекграунд на ликовиве а-у... ама истера убаво и без тоа.
Се случи тоа од што се плашев цело време и на пола филм му викам на Злате
Само се молам некој да не умре или да се самоубие а на крај се деси и тоа и тоа у курац или за малце де, дебелкото немаше да умре ваљда
А се осети малиот уште на почетокот дека влезе многу у филм... иначе истиот глумец од Victoria :D
Искрено некако чудна ми е целава реализација на филмот ама субјективно му давам 9/10 објективно 8/10
Кога професорот сфати што направи... за жал, некои лекции се учат и на најнеубавиот начин.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.509
Поени од реакции
33.674
U sred festival na germanski film, germanski film mi predlozivte. Upm germanski ke naucam. :D

Bobobovovogfkogdhj so bese ova?

Pre-jak. Ne znam kako i zosto mi e ispusten ama premnogu me raduva sto sega go gledam za prvpat, koga ideoloski a i opsto se osekam po oformen.

Najmnogu impakt imase sto e snimen vo Germanija, iako imal druga inspracija, go pravi poblizok do problemot/resenieto. Odlicno prikazani site pros and cons, mi se dopadaa kako bea prikazani site aspekti na edna idologija, kako pozitivnite taka i negativnite i cepnaa taa nekoja siva tampon zona sto e idealna ama skoro nerealna. Filmot te tera da razmisluvas, za vreme na i odposle. Nekoj fight clubshki shmek vs. poenta koja sakaat obicno strasnkite nominirani za oskar neuspesno da ja dolovat za razlikite vo religijata ili poopsirno razlicnite ideologii. Ne mi se pisuva od mobilen.

Alal.

Ja mu davam 10ce.
 
G

grande-juve

Гостин
Одлично, пластично и ефективно прикажување на ко што кажа и вот плусовите и минусите од терање на една (таква) идеологија, која прераснува во автократија и диктатура. Се си почна фино и невино како мало експериментче, со племенети намери, да се помага меѓусебно, заедно сме посилни, сите почнаа да имаат чувство на припадност, арно ама, почна и егото да се храни, напаѓање на секој што не е со нас, забегување, уфилмување, и скоро целосно заборавање на поентата зошто воопшто постои Бранот.
Ми се свиѓаше како се прикажа колку малку и кратко треба за мнозинството, свесно или несвесно, од било какви причини да се подреди и да прави се' што ќе му се каже.

Глума, режија, сценарио и се' тоа си беше на место, едино звучните ефекти кога играа ватерполо ми сметаа, поготово на топката :D.

Браво за предлогов.. многу добар, 8/10
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Не сакав да коментирам кога видов кој е предлогот, не бев сигурен дали се работи за истиот филм, испадна дека е тој. Го имам неколку пати по телевизија фатено, знам дека и додека беа студентските протести пред две години го гледавме на факултет, ама никогаш немав седнато од почеток да го гледам, целосно, секогаш овака на секвенци, од пола и секогаш ми беше одлично возење.
Знаев дека на крај некој ќе извади пиштол на собирот, само не знаев кој, ама во првите 15 минути откако почнаа со Бранот се виде кој ќе навлезе најмногу во идеологијава.
Феноменален филм, буквално немаше момент кој не ми се допаѓаше, малиот бекграунд на професорот, неколкуте сцени со родителите на децава, bullies, аутсајдери во школото, борбата против друга идеологија, како што рековте погоре, сите позитивности и негативности на една оваква идеологија. Филмов иако обработува една тема која во германската кинематографија е сигурно мал милион пати обработена на еден или друг начин, сепак го прави на посебен начин, да се поврзеш со ликовиве, да се поситоветиш дека и ти еднаш си бил млад и далеку полесно уверлив за се и сешто, дека си сакал да припаѓаш некаде. Тие се причините поради кои што зема оваков замав експериментов.
На последнион ватерполо меч гарант имаше повеќе публика отколку на сите нивни мечеви претходно, заедно.
Од друга страна ја имаш Каро, која иако брзо се дистанцираше, тоа повеќе го направи од себични причини, убаво и рекоа дека не и се допаѓа се ова бидејќи не е она во центарот на внимание, дека ќе мора некој друг да и команда, а типката не е научена на такви работи.
Топ 3 европски филмови како од шала ми влегува.
10/10
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
The Wave. Добар филм. Одлична приказна и тематика. Само една дупка во приказната.
Филмот почна одлично. Професорот беше одличен, човек да посака да му иде на предавање. Освен тоа беше и добар човек. Поради незадоволството што обуката за „анархија“ му припадна на друг предавач, се одлучи да спроведе еден експеримент. Неконтролирани и природни услови... експериментот одличен. Само што дури ни самиот експериментатор немаше никакви очекувања што сака да постигне. Чиста импровизација од негова страна. Сепак, воопшто не го сметам за виновен за крајниот исход на неговиот „случаен“ експеримент. Тој секако беше главен на предавањата, но надвор од училиштето групата беше главна. Немањето очекувања и предвидувања придонесе да се добијат чисти и валидни резултати од експериментот. Нажалот трагични.
Сега малку за дупката во приказната која ја спомнав на почетокот. Мислам дека кохезивност во една таква група не се постигнува за толку кратко време. За ваква солидарност и поврзаност е потребна опасна идеологија; неприлика која ќе ги зближи; или постоењето на заеднички непријател. Во филмов децава формираа структурирана група под водство на професорот. Да, само што им недостасуваше заеднички мотив. Сите имаа свои задачи и организирано делуваа. Многу брзо се случи една идентификација на секој член со својата група. Ама фалеше она што им е заедничко (освен што сите беа на неговите предавања).
Сепак, како што веќе реков - добар филм кој заслужува добра оценка. Од мене 8-ка.
На крај би сакал да додадам дека ова ќе биде воедно и мојата последна критика на филм, тука во групава. Изгледав одлични филмови... прочитав одлични критики. Можеби некогаш во иднина повторно ќе се дружиме.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
зошо бе деки си одиш? :(
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Не сум сигурен ни самиот. Недостасува нешто... не е истата енергија како на почетокот кога ви се приклучив.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.828
Поени од реакции
33.741
Мене ми е навистина жал што уште еден член не напушта, и тоа не било кој член, туку еден од најредовните и најоригиналните во своите коментари и рецензии. @dejan_k ќе ни недостасува многу, верувам дека тој го знае тоа и дека ќе ни се врати.

За останатите малкумина кои останавме: јас сметам дека давам сѐ од себе и вложувам доста труд и време при модерирањето на ова наше мало и убаво друштво, но со оглед на тоа што се повеќе и повеќе членови нѐ напуштаат, не можам а да не помислам дека можеби јас некаде грешам. Затоа ве молам, сите, кажете ми како да го оправиме клубов? Што е потребно да промениме, да воведеме нешто ново, за вам да ви биде повторно интересно, а и да привлечеме повеќе членови? Ве молам пишете ги вашите размислувања во таа насока, зашто навистина не сакам клубов да згасне.
:(
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Клубот е одлична идеја, проблемот го наоѓам во членовите, малата бројност и незалагањето на повеќето, меѓу кои сум и јас, чест за исклучоците. Сега посакувам повеќе да се замарав и да бев подобар член, во иднина ќе се потрудам да бидам, иако веќе мош и касно е. А и ми фали некое несогласување да има меѓу членовите, спротивни мислења, да се развие дискусија, така ваљда ќе се одржува темата поактивна.
 
G

grande-juve

Гостин
Мене ми е навистина жал што уште еден член не напушта, и тоа не било кој член, туку еден од најредовните и најоригиналните во своите коментари и рецензии. @dejan_k ќе ни недостасува многу, верувам дека тој го знае тоа и дека ќе ни се врати.

За останатите малкумина кои останавме: јас сметам дека давам сѐ од себе и вложувам доста труд и време при модерирањето на ова наше мало и убаво друштво, но со оглед на тоа што се повеќе и повеќе членови нѐ напуштаат, не можам а да не помислам дека можеби јас некаде грешам. Затоа ве молам, сите, кажете ми како да го оправиме клубов? Што е потребно да промениме, да воведеме нешто ново, за вам да ви биде повторно интересно, а и да привлечеме повеќе членови? Ве молам пишете ги вашите размислувања во таа насока, зашто навистина не сакам клубов да згасне.
:(
goodfella добро кажа, ако е до некој до нас е.. А со тебе Злате едина грешка е што не си клониран, ни требаат поише ко тебе, и на форумов и општо
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781


Само да се надоврзам на тоа што го има пишано погоре за филмот... После гледањето се заинтерсирав малку повеќе за филмот и прочитав нешто за експериментот од кој е инспираран овој филм, случен во Америка, 1967ма. Значи можно е за толку кратко време и во реалноста така да се изманипулира со група средношколци, разликата од филмот е што професорот во Америка ми изгледа како да бил повеќе вклучен во бранот и навреме реагирал, пред бранот ептен да излезе од контрола. Самоубиството на крај ми изгледаше малку претерано, вишок, нереално, само за да предизвика некој шок кај гледачот... и без него пораката беше пратена. 8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.828
Поени од реакции
33.741
По малку разочаран од заминувањето на Хоуп и Дејан, сосема заборавив да напишам збор-два за The Wave. Пред да го направам тоа, само да ве замолам, кој може и сака, нека го стави во потпис копчето од мојот потпис од подолу, со линк до клубов. Се надевам дека така, од другите теми и подфоруми на форумов, би можеле да привлечеме нови членови. Некако очајно делува, знам, но мора да се испробаат сите средства за да го зачуваме клубов и да опстои. :(

Сега Die Welle - одличен. Браво @devilko ! Се прашувам само зошто се толку просечни оценките кои ги добива на Letterboxd (се тројки и трииполки). Мене ме потсети на Inception, многу. Ова е филм за идејата. За идејата како семе - кога ќе ја насадиш во нечиј мозок, може да никнат цели светови, но може да се роди и плевел кој ќе уништи се претходно насадено. Само некако пребрзо се одвиваше процесот во филмов, по малку може и нереално брзо, како да го наѓубриле семето со некое вештачко ѓубриво од кое расте ко гравчето на Џек. И крајот, исто, мене не ми беше too much, како на @Goodfella , зашто многупати сме слушале и читале и по учебниците по историја, и во фикцијата, па и гледале на филм дека за идеја се гине.

Од почеток некако професорот ми беше идол, зашто ако некогаш ми се оствари една од најголемите неостварени желби во животов - да бидам професор, јас би сакал да бидам професор со идеи, методи и став како неговиот. Е сега, малку ја претера работата со тоа што не се вмеша и не го прекина процесов порано, но сепак, во училница беше цар! Би сакал јас да имав професори (во средно, зашто на факултет ги имав) како него, но за жал, моите беа стара школа - предавање од зад катедра.

Друго што сакам да спомнам е темата за униформите, униформирањето и униформираноста (во училиштата). Сум размислувал многупати на тоа прашање, но секогаш сум имал подвоени ставови, па испаѓа и како да немам став (колку срамно за мене и да звучи тоа). Од една страна - сум за, затоа што на тој начин се рушат знаците кои сугерираат на класните разлики, но од друга страна, како либерал (понекогаш преголем) се псујам себеси како сум можел и да го помислам тоа, затоа што на тој начин се создаваат општества/заедници во кои не се ценат различностите, и да, делува во голема мера комунистички и фашизоидно (како во случајов). Јас во животов додека се образував никогаш не носев униформа. Децава денес, гледам, секаде носат кај нас. Дали е тоа само тренд за навраќање кон некои „корени“ на некои болни умови од сегашната гарнитура на власт, се со цел да се створи општество во кое од најмали ќе се учат децата дека сите сме исти и да створат покорност и послушност (наместо „Друже Тито ми ти се кунемо“, предлагам да ја пејат „...Господ го прати народ да води, кон светла иднина, за Македонија“), или е нешто сосема друго во прашање, па јас сум параноичен, не знам. Ако сте за, и ако се уште ве има, би сакал да продискутираме за оваа тема.

Има уште многу да се кажува, ама некако ко да не можам. Се чувствувам ко „рањени орао“ по овие две заминувања. Ко да ми фали дел од мене, па сум во депресија, како преостанатите во Leftovers, lol. (некако ко премногу референци да пикнав во едно малечко мислење, па ај тука ќе запрам).

Thoughts?

EDIT: А, да, и 9/10 од мене.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.461
Поени од реакции
9.389
Злате немој да мислиш дека ти правиш нешто погрешно во врска со клубов, да би бил само ти тука, радо 24 часа би правела муабет за некој филм со тебе. Затоа што си многу емотивен и искрен, затоа и јас ќе бидам и тоа што ти го кажав тебе, сакам да ви го кажам на сите.
Јас, откако паметам за себе, седам пред тв и гледам филмови. Обожавам тоа да го правам, да можам само дома ќе седам и ќе гледам филм по филм. Тоа и правам, освен во меѓувреме што одам на работа. Гледам и секој филм го разбирам на свој начин, онолку колку што можам да го сфатам и го раскажувам онолку колку што имам капацитет да раскажам. Во секој случај сакам да зборувам за тоа што го гледам. Без да се пазам на речник, на тоа колку граматички грешки сум направила, колку моето мислење е поткрепено со факти и колку некојси научник се согласува со мојата теорија. Да имав знаења од филозофија, религија или наука, логично е дека ќе пишував таму. Ама дојдов тука за да се дружам со луѓе кои колку мене го сакаат филмот и уживав во ваше друштво. Многу. Ептен. Јас си бев јас, без никакви глумења. После одредено време, почнав да осеќам дека не припаѓам тука. Се осетив како мало нитожно и неписмено човече покрај големи умни и генијални глави. И она што треба да го знаете и да прекинете да го правите за да останат тие што се тука и да дојдат нови е: Прифаќајте ги луѓето онакви какви што се. Нема потреба од вреѓања, омаложувања и потценувања за глупости. Првенствено ова е за дружба и за забава. Не се замарајте и не ги замарајте толку другите ако не ви се поклопуваат мислењата. Карајте се со факти, а не со цинизам и навреди. Никој не е глуп ако спротивно од вас размислува. Тоа е тоа, џабе и светлечки реклами низ град да поставите со линк до клубов, ако внатре си имате членови со синдром БОГ, тешко дека ќе биде нешто со клубов. Мене ептен ми е жал вака што испадна, и мене ми е жал да гледам да се распаѓа, и јас се осеќам како клубов да е дел од мене, жал ми е и дејан што замина, жал ми е и за злате највеќе, ама што барам на место каде што осеќам дека не припаѓам и веќе не уживам во него? Можеби некогаш, кога некои од вас ќе созреат и пораснат, тогаш можеби ќе се дружиме пак.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Хоуп многу филозофира (не требала множина, за мене збори), ја ќе ви објаснам на кратко.
Филмот што го предложив јас, и реков на Хоуп дека мислам нема да и се свиѓа.
Она тоа го сфати како навреда, како да и викам дека нема вкус.
Што е сосема неточно.
Она се напна и го напушти клубот.
Тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom