По малку разочаран од заминувањето на Хоуп и Дејан, сосема заборавив да напишам збор-два за The Wave. Пред да го направам тоа, само да ве замолам, кој може и сака, нека го стави во потпис копчето од мојот потпис од подолу, со линк до клубов. Се надевам дека така, од другите теми и подфоруми на форумов, би можеле да привлечеме нови членови. Некако очајно делува, знам, но мора да се испробаат сите средства за да го зачуваме клубов и да опстои.
Сега Die Welle - одличен. Браво
@devilko ! Се прашувам само зошто се толку просечни оценките кои ги добива на Letterboxd (се тројки и трииполки). Мене ме потсети на Inception, многу. Ова е филм за идејата. За идејата како семе - кога ќе ја насадиш во нечиј мозок, може да никнат цели светови, но може да се роди и плевел кој ќе уништи се претходно насадено. Само некако пребрзо се одвиваше процесот во филмов, по малку може и нереално брзо, како да го наѓубриле семето со некое вештачко ѓубриво од кое расте ко гравчето на Џек. И крајот, исто, мене не ми беше too much, како на
@Goodfella , зашто многупати сме слушале и читале и по учебниците по историја, и во фикцијата, па и гледале на филм дека за идеја се гине.
Од почеток некако професорот ми беше идол, зашто ако некогаш ми се оствари една од најголемите неостварени желби во животов - да бидам професор, јас би сакал да бидам професор со идеи, методи и став како неговиот. Е сега, малку ја претера работата со тоа што не се вмеша и не го прекина процесов порано, но сепак, во училница беше цар! Би сакал јас да имав професори (во средно, зашто на факултет ги имав) како него, но за жал, моите беа стара школа - предавање од зад катедра.
Друго што сакам да спомнам е темата за униформите, униформирањето и униформираноста (во училиштата). Сум размислувал многупати на тоа прашање, но секогаш сум имал подвоени ставови, па испаѓа и како да немам став (колку срамно за мене и да звучи тоа). Од една страна - сум за, затоа што на тој начин се рушат знаците кои сугерираат на класните разлики, но од друга страна, како либерал (понекогаш преголем) се псујам себеси како сум можел и да го помислам тоа, затоа што на тој начин се создаваат општества/заедници во кои не се ценат различностите, и да, делува во голема мера комунистички и фашизоидно (како во случајов). Јас во животов додека се образував никогаш не носев униформа. Децава денес, гледам, секаде носат кај нас. Дали е тоа само тренд за навраќање кон некои „корени“ на некои болни умови од сегашната гарнитура на власт, се со цел да се створи општество во кое од најмали ќе се учат децата дека сите сме исти и да створат покорност и послушност (наместо „Друже Тито ми ти се кунемо“, предлагам да ја пејат „...Господ го прати народ да води, кон светла иднина, за Македонија“), или е нешто сосема друго во прашање, па јас сум параноичен, не знам. Ако сте за, и ако се уште ве има, би сакал да продискутираме за оваа тема.
Има уште многу да се кажува, ама некако ко да не можам. Се чувствувам ко „рањени орао“ по овие две заминувања. Ко да ми фали дел од мене, па сум во депресија, како преостанатите во Leftovers, lol. (некако ко премногу референци да пикнав во едно малечко мислење, па ај тука ќе запрам).
Thoughts?
EDIT: А, да, и 9/10 од мене.