FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-12.05.2024)

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.048
Поени од реакции
55.612
Што е тоа инди филм?

Дали вмешувањето на Шон во туѓите животи и убивајќи ги оние кои му противат на законот, во име на правдата може да се оправда како хероизам? Бидејќи сепак, нити имаше законско овластување да ги гледа досиејата, нити доволно години за да биде во полициската станица. Дали убивањето на лош човек те прави добар убиец? Или дали не те прави убиец воопшто?
Бетмен вика, ако убиеш убиец, бројот на убијци во светот останува ист.

За филмов.
Времетраењето го спаси просекот. За саат ипол е супер филм, ако го раздужеа да трае ко секој филм од минимум 2 саати ќе напраеше проблем да ги потенцираме сите грешки, дупки у сценарио, нелогичности и слично. Вака за саат време само сакаше да ја потенцира моќта на омразата и желбата за одмазда.
Добар филм, не ме замараше и лесно го изгледав. На почетокот малце конфузен, доека да сконташ што се и што ќе се дешава, малце извртени сцени, напред назад во времето али остана на истиот тек од самиот почеток до разврската. И јас не очекував да има црвена маркица на писмото мада сепак таткото има вина, не директна како што мислеше Шон ама имаше. Бил пијаница на времето, се тепал со секого, очигледно убиецот го знаеше и му се освети за нешто. Крив е што го изложи семејството на ризик а со тоа ја изгуби жената, можеби детето и на крај и самиот го окрка.

Добри прашања постави Вита. Третото го одговорив. Второто прашање, Вита глеј го Sling Blade кој беше предложен тука. Би одговорил со Да, добар убиец, оксиморон. Првото, не може да се оправда како хероизам, нема право да се меша во туѓи животи без да ја знае позадината на таквиот акт од убиецот.

7ца ќе му дадам. Супер 7ца.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Boy Wonder (2010)

Филмов ми изгледаше како епизода по случаен избор од некоја популарна ТВ криминалистичка серија во десетина сезони. Многу плитко сценарио, предвидливо од самиот почеток. Очекувани пресврти, многу неуверливи ситуации, слабо изградени ликови со лоши реплики. Не се ни потруди да изгради поврзаност со ликовите, ниту да навлезе подлабоко во анализата на мотивот за постапките.

Режисерски сосема солидно би рекол, успешно не водеше низ приказната каква-таква. Режисеров заслужува прилика, само дајте му добро сценарио.

Премногу жолто и темно како за мој вкус.

Не понуди ништо вредно за паметење. За жал, за кратко време ќе биде заборавен како и која било поединечна епизода од овие серии.

Едвај 6/10.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.554
Поени од реакции
21.582
Ми рикна батеријата на лаптопот и немам можност за да го гледам преку торент.
Каде на друго место може да се најде а да не е торент?
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.048
Поени од реакции
55.612
Ми рикна батеријата на лаптопот и немам можност за да го гледам преку торент.
Каде на друго место може да се најде а да не е торент?
Има и други ако нејкеш српски превод а и не видов тука дали има подесувања за англиски.
Пиши на гугл boy wonder 2010 watch online, ќе се најде нешо друго ваљда.

едит
и ја јутуб го има, чим немаш лаптоп ваљда на телефон ќе го глеаш па не би требало да те замара квалитетот. Ако го глеаш на тв не знам, @Anon прашај го, он ваљда знае.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.087
Поени од реакции
8.136
Ми рикна батеријата на лаптопот и немам можност за да го гледам преку торент.
Каде на друго место може да се најде а да не е торент?
ако имаш андроид тв инсталира си коди со реал дебрид да си бидеш раат
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.554
Поени од реакции
21.582

:D
Има и други опции ама не е тоа поентата.
Имав поефтини телевизори од самсунгов со плеј стор, ама јас си викам Самсунг е андроид има и он. Отварање плејсторот на Самсунг, ништо не е достапно. А тогаш платив и впн за да гледам Туби и Нетфликс УС ама џабе.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.087
Поени од реакции
8.136
Има и други опции ама не е тоа поентата.
Имав поефтини телевизори од самсунгов со плеј стор, ама јас си викам Самсунг е андроид има и он. Отварање плејсторот на Самсунг, ништо не е достапно. А тогаш платив и впн за да гледам Туби и Нетфликс УС ама џабе.
Самсунг нема андроид него Тизен.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.554
Поени од реакции
21.582
Boy Wonder (2010)

Филмов ме потсети на средношколските денови кога имав филмски маратони на ЕДО ТВ.
Некои вакви слични филмови знаеа да пуштаат таму а ги вртеа се до 7 сабајле.
Филмов имал потенцијал, но не го достигнал она посакувано ниво.
Дали е главниот актер кој според мене беше подпросечен, дали е сценариото, дали е приказната која изгледа на збир од неколку филмови со слична тематика? Можеби и буџетот е виновен за сите овие пропусти но сум гледал и доста добри инди филмови што значи дека некогаш не е се до парите.
Како и да е, добива позитивна оцена од мене. Како што потенцираше Џонтра, должината на филмот го спаси од негативни рецензии. Многу малку му фалеше да се претвори во досаден филм, но крајните сцени го извадија и само за тоа му давам 7/10 иако беше близу до шестица. Финалната сцена и фората со маркиците ептен ми се допадна.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.048
Поени од реакции
55.612
Што ли ќе ви спреми вештерот Шон, обожавател на нарација во филмови со вкус што е мешавина од Вонг Кар Ваи + Вес Андерсон + Алмодовар?
Педерски, симетричен, шарен и досаден полухумор. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom