FILM CLUB (КРУГ 5) (198. Le conseguenze dell'amore / The Consequences of Love: 13.05-26.05.2024)

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.458
Поени од реакции
42.755
Шеесеттиот филм го гледаа деветмина (заедно со предложувачот кого го мрзеше да пише :D) и му дадоа средна оценка 7,0. Го испуштија: @grande-juve (прв неизгледан), @wot , @Bojan Van Buuren (втор неизгледан), @MyloXyloto , @Хоуп (трет неизгледан, црвен картон).

@wot - Film Club (Day for Night / La nuit américaine: 16.04 - 29.04)
7.5 оценка од мене одприлика. Буквално се е опфатено погоре, ги исчитав сите критики, и позитивни и негативни и генерално со се се согласувам. :P
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.728
Поени од реакции
2.546
Американска ноќ (1973)

Еве јас пак ќе го кршам мразот:)

Франсоа Трифо е еден од најголемите вљубеници во филмската уметност. Овој филм е токму за тоа, за правењето на филмови. За луѓето чијашто смисла на живеење е филмот. Како што ќе каже асистентката на крајот: „Никогаш не би напуштила филм заради дечко, но секогаш би напуштила дечко заради филм“

Ја следиме работата на една филмска екипа во нивната секојдневна работа. Имаме многу типични ликови филмски ликови. Млад неискусен глумец, поранешна ѕвезда на залез на кариерата, актуелна ѕвезда, женкар, актер кој се соочува со својата хомосексуалност после многу авантури со актерки. Самиот Трифо е во улогата на режисер на филмот, улога со прилично автобиографски елементи. И останатата екипа исто така, претставена како едно големо семејство со сите проблеми од секојдневието. Нормално тука се и бројните романси од кои некои завршуваат среќно некои несреќно. Покрај разните догодовштини за тие неколку недели, Трифо не ја пропушта приликата да ни покаже некои еснафски трикови: како се прави снег на лето, како се снима на кулиси или како што гласи и насловот на самиот филм, како се снима ноќна цена преку ден.

Убав филм, визуелно интересен, непретенциозен со убави дијалози. Трифо во полно светло.

7/10

p.s. @grande-juve следниот предлог да не е осум и пол? :)
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.645
Day for Night

Филмов очигледно имаше две задачи. Да ни покаже колку гужва, мал милион ситни зафрканции има при правење на филм(от) и да ни го прикаже приватниот живот на некои од актерите. Овие работи ги направи успешно но мене за жал не ме интересираа, скоро ич. Приватниот живот поинтересен ми беше, ама оние гужвине „леле каде ќе најдеме сега ова, викни го овој, викни го оној, ама овој не може да дојде ради тоа и тоа, ама продуцентот рекол мора вака и вака, ама спонзорот рекол онака“ не можев да ги поднесам ама баш ич. И ги имаше премногу!
Убаво беше вклопено тоа што имаше сличност помеѓу филмот што го снимаа и она што им се дешаваше во реалниот живот.
А ми се допадна и крајот, мојот омилен лик од филмот даде завршна и пријатна мисла/порака :)
6/10

Оваа беше тотално у право!
upload_2018-4-26_18-47-23.png

А и оваа!

What is this movie business?
Where everyone sleeps with everyone!
Everyone lies!
Do you think it's normal?
Your movie world...
...I think it stinks!
I despise it!

Ја хејтаа пошо го следела мажот цело време, али she spilled the purest truth.
Како што ќе каже асистентката на крајот: „Никогаш не би напуштила филм заради дечко, но секогаш би напуштила дечко заради филм“
Ама она тоа го кажа не дека е вљубеничка во филм или ја поштуе уметноста, туку дека е класика женско :)
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.838
Поени од реакции
5.954
Очекував доста од филмов со оглед на тоа какви импресии истиот создал кај останатата публика.
На почетокот почна интересно и бев активно вклучен во него, се препуштив да ме вози, но вториот час ми стана премногу репетитивен, исполнет со техникалии и straight - forward приказна без некој plot - twist со кој ќе те заинтригира да се посветиш повеќе и да те заинтересира.
Ова е главната препрека кога се во прашање стари филмови, кои на некој начин ги убило времето - пресимплифицираниот plot. Денес се бараат комплексни несекојдневни филмови кои ќе успеат да те предизвикаат интелегентно и емоционално да те држат во неизвесност низ целиот филм. Да не го заборавиме овде и шок факторот.
Ќе го доловам ова со неколку гифови кои прават компарација помеѓу гимнастиката на олимпијадите некогаш и денес.





Истото го мислам и за филмот. Со развитокот низ декадите, се случила и еволуција кај филмовите за да ги задоволат очекувањата на гледачите. Човековиот ум е гладен за комплексност и некои приказни кои успевале да поминат пред 40 - 50 години, кај денешнава публика се одамна видени и премногу обични за да ги остават воодушевени.
@Anon многу добро има кажано дека филмот одлично си го завршува она што сака да го прикаже, ама тоа, за жал, мене не ме интересира ама баш ич. И што е најжално, не успеа ни доволно да ме внесе за да ме заинтересира. Не дека е лош филм, напротив. Ама не успеа да ги задоволи моите апетити па затоа од мене добива само 6.
Веројатно оние кои се бават со филмска уметност или се во корелација со истата го доживуваат на поинаков начин. :toe:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.728
Поени од реакции
2.546
Како што ќе каже асистентката на крајот: „Никогаш не би напуштила филм заради дечко, но секогаш би напуштила дечко заради филм“
Ама она тоа го кажа не дека е вљубеничка во филм или ја поштуе уметноста, туку дека е класика женско :)
Не знам што подразбираш под „класика женско“, ама тоа е став на некој што е вљубен во својата работа. Со случајов тоа е работата на филм.

Добар филм треба да нè заинтересира за било која тема што ја обработува. Мене ми беше интересно, како што ми беа интересни филмовите за работниците во некоја фабрика во Минесота, за животот на некој рицар од средниот век, за некои војници во Авганистан и уште стотина други теми за кои што воопшто немам интерес.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
16.04:Еј супер нов филм во клубот
20.04:Абе филмов на Грандисимо го заборавив ај бе уживај има време до 29
27.04:Сеуште не сум го отворил ни фолдерот

Во временскиот период измеѓу изгледал 19 филма


 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.728
Поени од реакции
2.546
Интерес пред све.

Љубовта кон работата на филм е поважна од љубовта партнерска?
Дали е таа љубов поважна, не беше предмет на филмот. Но дека за конкретниот лик таа љубов е поголема, тоа да. И за режисерот беше така, се сеќаваш што му кажа на младиот актер за филмските работници?
А има многу луѓе кај коишто љубовта кон работата или професијата е поголема од таа кон партнерот. И тоа не зависи од полот. Напротив, повеќе се мажи.

А на каков интерес мислиш во „класика женско“?
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.330
Дали е таа љубов поважна, не беше предмет на филмот. Но дека за конкретниот лик таа љубов е поголема, тоа да. И за режисерот беше така, се сеќаваш што му кажа на младиот актер за филмските работници?
А има многу луѓе кај коишто љубовта кон работата или професијата е поголема од таа кон партнерот. И тоа не зависи од полот. Напротив, повеќе се мажи.

А на каков интерес мислиш во „класика женско“?
Сака да каже дека грото жени се курви и парите и материјалното им се поважни од искрената љубов и преданоста кон партнерот.

Е сега, сакав да се надроврзам кон муабетов со друго.
Секоја кариера, ОСОБЕНО актерската бара жртви, најголемите жртви паѓаат на личен план, актерството и сите сродни професии бараат 100%, конкуренцијата е сурова, и сите значајни имиња се значајни зашто кариерата пред се. Самата професија бара промискуитет и физичка и сексуална слобода, тоа го бара природата на кариерата и нема љутиш тука. Или ќе го прифатиш фактот дека нема никогаш да бидеш на прво место, или ќе си бараш партнер со мајндсет поблизок до твојот.

Така што, не... Нема класика женско класика машко во тој свет, и на едните и на другите приоритет им е кариерата и или можеш да се носиш со тоа или не можеш.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.991
Поени од реакции
34.444
Последен ден за филмот на @grande-juve . Последна шанса за @Zlatikevichius (ќе го гледам идната недела, надвор од терминот, имав пренапорни две недели), @wot , @Corvus (не сфатив дали го имаш гледано, не ги читам рецензиите заради спојлери, а оценка не видов), @Bojan Van Buuren , @whatto , @ManUtdChampions , @grande-juve и @Iceboy .
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.330
Последен ден за филмот на @grande-juve . Последна шанса за @Zlatikevichius (ќе го гледам идната недела, надвор од терминот, имав пренапорни две недели), @wot , @Corvus (не сфатив дали го имаш гледано, не ги читам рецензиите заради спојлери, а оценка не видов), @Bojan Van Buuren , @whatto , @ManUtdChampions , @grande-juve и @Iceboy .
Гледан ми е, ама ќе го репризирам денес и ќе пишам рецензија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom