Очекував доста од филмов со оглед на тоа какви импресии истиот создал кај останатата публика.
На почетокот почна интересно и бев активно вклучен во него, се препуштив да ме вози, но вториот час ми стана премногу репетитивен, исполнет со техникалии и straight - forward приказна без некој plot - twist со кој ќе те заинтригира да се посветиш повеќе и да те заинтересира.
Ова е главната препрека кога се во прашање стари филмови, кои на некој начин ги убило времето - пресимплифицираниот plot. Денес се бараат комплексни несекојдневни филмови кои ќе успеат да те предизвикаат интелегентно и емоционално да те држат во неизвесност низ целиот филм. Да не го заборавиме овде и шок факторот.
Ќе го доловам ова со неколку гифови кои прават компарација помеѓу гимнастиката на олимпијадите некогаш и денес.
Истото го мислам и за филмот. Со развитокот низ декадите, се случила и еволуција кај филмовите за да ги задоволат очекувањата на гледачите. Човековиот ум е гладен за комплексност и некои приказни кои успевале да поминат пред 40 - 50 години, кај денешнава публика се одамна видени и премногу обични за да ги остават воодушевени.
@Anon многу добро има кажано дека филмот одлично си го завршува она што сака да го прикаже, ама тоа, за жал, мене не ме интересира ама баш
ич. И што е најжално, не успеа ни доволно да ме внесе за да ме заинтересира. Не дека е лош филм, напротив. Ама не успеа да ги задоволи моите апетити па затоа од мене добива само
6.
Веројатно оние кои се бават со филмска уметност или се во корелација со истата го доживуваат на поинаков начин.
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)