FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.040
Поени од реакции
55.494
Нема да биде тој иако со задоволство би го предложил. Иам друго, поубаво, ако до тогаш не се предомислам. :D 2 месеца јеботе.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.034
Поени од реакции
6.699
'I'm a drug dealer. No one knows they're a drug dealer until they become one.' - No shit Sherlock.

Arkansas

Coen Brothers филм за сиромашни. Нема ни што да кажам друго.


4/10.
Автоматски споено мислење:

Морам да ја спомнам и фиоката на жабава, два кондома, пиштол и некој кусур. Битно беше да се даде во кадар ова, за да сфатиме дека не е заебанција.
Во сцениве кај што го имаше Michael Kenneth Williams aka Omar Little очекував да ја каже најјаката фраза “A man gotta have a code.” Ќе кренеше за две оценки.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Арканзас (2020)

Браќата Дјук кога ќе пораснат сакаат да станат браќата Коен. (Ако некој не забележал, глумецот што го игра Свин е сценарист, продуцент и режисер на филмов, а брат му е ликот што го нападна ренџерот кој го игра Малкович)

Дел од структурата на сценариото ја позајмува и од Тарантино, можеби има инспирации и од мафијашките филмови на Скорсезе.
Но крајниот впечаток е како филмов да го правела втората постава или стажантите на овие горенаведениве.

Не се појавуваат екстра ликови ниту па статисти, ограничен е само на ликовите што имаат дејство. Муабетите па се од типот како мислиме дека треба мафијашите да зборуваат на филм. Ми остана нејасно каде во хиерархијата беше ренџерот, со оглед дека го направи истиот муабет при регрутацијата што им го направи Жабата на близнаците. Исто така, каде се сокри вториот близнак откако го уби Свин? Заради тоа што не се појави, Кајл успеа да го совлада едниот брат и да избега. Ова се најголемите дупки во сценариото, но не и единствени.

Претераа и со песните, не мораа да ги пуштаат од почеток до крај. Не би ме изненадило и групата што ги изведува да е во блиска врска со браќава.

Сосема солидно ко за првенче, но далеку од нешто што ќе остане запаметено. Можеби понатамошните филмови ќе им бидат подобри.

Овој 6/10.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Angst (1983)

Ова траeше едвај час и половина, имав чувство ко да трае 5.
Не, не е проблемот во гадните сцени и клаустрофобијата, туку во монотонијата. Никаква возбуда, ни исчекување, ни тензија. Само просто гадење и одвратност. Воопшто не навлеговме во психата на психото (очигледно дека тоа била целта), туку само ја видовме приказната од негова перспектива.
Клише беше раскажувањето на минатото (2-3 пати!) сите ли психопати имаат минато од типот тато ме напушти, мама не ме сакаше, колев животни ко дете? И немањето стабилна фамилија по дифолт ли е причина за станување садист?

Цел филм го доживеав бледо и празно. Дури ни емпатија кај жртвите не предизвика. Но, доста оригинален предлог за еден ваков концепт, морам да признаам. 4/10.

Laura (1944)

Обично ми се допаѓаат ноари, не ми пречи театралноста во старите црно-бели филмови оти нели баш по тоа се препознатливи. Но не знам, очекував нешто поинакво, поинаков твист покрај „воскреснувањето“ на Лаура. Преочигледен ми беше убиецот, имаше некоја психопатска љубомора - „ако не можам да те имам јас, нема да те има никој“ што ја навестија уште на почеток. И типував на него, па не ми беше откритието некое преголемо изненадување. Плус ликот беше крајно антипатичен со нула харизма.

Некои постапки на детективот ми изгледаа нереалистично и ми беше too much да се заљуби во слика од мртва девојка,
ма колку и прекрасна да беше таа.

Далеку од лош, но колку за споредба Dial M For Murder на пример ми е многу повпечатилив филм од истиов жанр. 7/10.

Arkansas (2020)

Имав чувство како само да се шетаат ликовите навака натака и приказната воопшто не ми беше интересна, дури на моменти се губев во филмот и немав ни волја да следам што се случува. Главните ликови не успејаа да ме натераат да ми е гајле за нивната судбина, ликот Фрог имаше некој потенцијал на почетокот, но за жал не го оствари.
Тарантино за сиромашни. Режисерот ко да сакал да ја прикаже репликата на Малкович за досадата, само што наспроти досадниот криминал, досадниот филм не е добар филм.

Имаше неколку добри one-liners и толку.

Ништо ново не донесе во жанрот, целосно неинвентивен и непотребен филм што требало да остане само на книга. 4/10.
 
Последно уредено:
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.256
Поени од реакции
3.189
Arkansas (2020)

Кога почна, после првите сцени се чудев зашто има толку мала оценка, ама после ми стана јасно. На моменти беше ок, на моменти си мислев „кој кур е со филмов“. Многу беше долг и главниот лик не беше баш разработен (иако можеби таква им била целта?). Океј е за тепање време.

6/10
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.337
Поени од реакции
27.896
Arkansas (2020)

Баш мех филмче. Далеку од досадно, ама па и ништо посебно да ти остави впечаток. Приказната на почеток почна океј, ама негде ме изгуби и почна да станува дури и напорно за гледање. У принцип ич не сакам филмови што се мотаат околу едни исти ликови по 2 саата. Музиката беше единственото нешто подосадно од самата приказна. А, не знам и дали пробуваа да фураат некој стил со едитот на филмов, ама страшно лошо ми делуваше поготово боите. Имав впечаток ко да е снимен пред 20 години, а не во 2020.

Гледлив, ама филм што брзо ќе се заборави.

6/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Филмот што ќе го гледаме е Andhadhun од 2018 година.
Го одбирам затоа што њали в клубов треба нешо поразлично да гледаме а тоа ќе биди индиски филм :D.
Ваљда немало досега.
Овој не е баш класичен индиски филм со напумпани оценки како што се останатите, повеќе е некако како холивудски.
Интересен е, енигматичен, солидна глума... никој го нема гледано од вас според Летербоксд.
Едини проблем е што трае троа малку поќе 2h20m или така нешо ама ча најдите време.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.099
Поени од реакции
9.915
Crime drama, mystery, thriller со шабанско индијска музика? Must watch. :love:
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.290
Arkansas

Набрзина пред да истече рокот. Ок филмче, гледливо. Нешто у стил ко Палп Фикшн само со поише драма и послабо сценарио и не толку харизматични ликови. Иако после некое време ти прираснуваат ликовиве, освен бркот на Свин.
Сврте едно нелинеарно крукче од нула да станеш смол тајм бос, за на крај да дое ново дете, проследено со генерално океј дијалози.
Единствено што ме нервираше беше боите, односно контрастот, ко на максимум да беше и баш ми сметаше.

6,5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.820
Поени од реакции
33.713
ARKANSAS

Јас го фатив последниот воз за филмов. Кога @SK-92 го предложуваше, освен овој, во комбинација му беше и Hillbilly Elegy, филм кој го имав гледано само јас, од членовите во клубот, и веројатно тоа го одврати од намерата да го предложи. А јас уживав во Hillbilly Elegy, еден од најубавите филмови од 2020 ми беше, па очекував нешто, не слично по содржина, ама барем слично по квалитет. А Arkansas беше meh. ОК, гледливо филмче, ти задржува внимание од почеток до крај, ама не е нешто што воодушевува, не е ништо невидено ниту пак некој нов take на нешто веќе видено. Затоа, а и заради тоа што навистина ми сметаше тој некој комичен тон кој се провлекуваше низ филмот и кој ме направи да помислам дека филмов е турли-тава, само една 5/10 од мене.

Инаку, боли тоа што и тука, кај нас, има слични вакви приказни. Само тука жабецот е веројатно некој висок полициски функционер, или државен административец заштитен ко балкански рис. А тие, таквите, пропалиците, оние кои успеале да посетат бар некој час на училиште што им е доволно да знаат да се потпишат и да прочитаат проста реченица, зашто за сложена може да изгубат концентрација на сред реченица; и кои имаат среќа во газот, па дури и тогаш кога заради долгови кон погорните ешалони на крими-пирамидата ќе им пикнат 2-3 немиени од позади, истиот газ не им искрвавува до смрт; и кои и по навршени 50 години ќе бидат татини и мамини галеничиња зашто нивните синчиња се најдобри на светот, па макар и да се криминалци со тапија, па макар и да не знаат сами да влезат во продавница и патики да си купат; на крај, со малку среќа (која рековме, ја имаат) можат не жапци, туку крокодили да станат, и да гризат се што ќе им се најде на патот. Ама кому му кажуваш...

Значи и Арканзас не е далеку од нас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom