FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Z (1969)

Филмот убаво снимен, си добил и Оскар, ОК, иако мислам дека наградите биле повеќе поддршка за вистинските случувања отколку за самиот филм.
Морав на крај од филмот да прочитам малку повеќе за случајот, да видам што се случило и кој дел од филмот е „секоја случајност со вистински настани и лица е намерна“.
Инаку, и денес има вакви работи, политички подметнувања, тепачки, убиства. Цело време очекував дека истражителот ќе потпадне под влијание и ќе ја забошоти цела ситуација. Ме збуни дека ја обелодени вистината. Уште повеќе ме збуни крајот: сите сведоци и вклучени од едната страна завршија со смрт, генералите и виновниците ослободени, истражителот осуден, забранети Аристотел, Толстој, долгите коси, буквата Зи ... хаос! 7 години воена диктатура се случила во Грција.

Ама дека не се сакаме со соседиве баш, не им ја знаеме ни историјата толку детално (како што и тие не ја знаат нашата).

7/10
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.289
Z (1969)

Немаше слаба точка, од глума до сценарио до како е (реално)снимен.
Исто, случувањата во филмот реално делуваат и за денешно време, што е жално.
Настрана што ни покажува општествена состојба и до каде е спремна да оди државата/политиката, Z одлично делува и како чист трилер. Истрагата детално и интересно прикажана. Главниот истражител иако цело време непристрасно тераше и собираше докази не очекував дека до крај ќе издржи и ќе поднесе обвинение до сите вмешани. Баш задоволство беше на крај еден по еден кога седнуваа кај него и си ги добиваа обвиненијата. Сепак, како што сме поготово и ние навикнати, на вистинскиот крај сѐ се заташкува, одговорните куртулија, борецот за правда во затвор, народот продолжува да трпи...

Топ филм, на граница со повисока оценка, сега за сега, 8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.802
Поени од реакции
33.625
Мора малку да убрзаме заради планираната надградба на форумот. Ќе надоместиме со се по повторното враќање во живот. @123456 е следен предложувач, доколку можеш те молам најдоцна до 21:00 презентирај кој ќе биде следниот филм.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Z (1969)

Ми се допаѓаат филмови базирани на вистински настани.
Десна диктатура и лева опозиција. Иако снимен 1969 година, истите настани случувани тогаш, ги гледаме денес. Светот воопшто не се променил, не сме мрднале во таа точка. Денес и ние имаме политичка каста со своите пипци во секое поле, бизнис картели и се влечат конци. Звучи познато.
И сето ова спакувано во „колевката на демократијата“ - Грција.
Зошто никаде во филмов не се споменува во која земја се одвива дејството? Да, имаше хинтови според кои гледачот сам треба да претпостави за која земја станува збор, ама никаде јасно и прецизно наведено. Разбирам дека заради политичката ситуација Гаврас не можел да снима во Грција, ама ако веќе твориш од Франција, што те боли к,,,. . Доаѓаш од репресирано семејство, поради антифашистичко движење не смееш да се запишеш на нити еден грчки универзитет и заради тоа бегаш во Франција. Па баш требаше да е нагласено.
Микис Теодоракис го мразам заради неговите политички ставови дека Скопјаните ја крадат античката историја и претенциите кон грчката територија, па заради тоа неговата музика НЕ ми се допаѓа.
Сценариото топ, бев 156% сигурна дека истражителот нема да ја обелодени вистината, па баш ме изненади.

8/10 (необјективно и добрососедски)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Brotherhood of the Wolf (2001)
Уште вчера го изгледав, немав друга идеја за филм, и таман се погоди нов предлог стаса.
Прво морам да се пожалам дека цел саат барав англиски превод, дека нели, француски филмов.
На крај го пуштив и се обидував да внесам некаков си фајл што симнав како превод, кога забележав дека глумците зборуваат англиски! Не ми се веруваше на што изгубив еден час!

Сакам јас теми од минати векови, па ми легна филмчето.
А какви фотографии има! Цел филм е всушност редица на убави фотографии. Па на моменти има делови во кои успорено го даваат дејството, таман за да се долови уште некоја прекрасна фотографија. Убавина!

Приказната со пресврт, ОК тоа, ама како да ми имаше дупки, не се занимавале баш со тоа да ни ги дообјаснат нештата. На пример љубовта со Маријана како на сила ми се виде, посебно овој дел: ај што проститутката ја советува да му пише, видовме писмо дека доби, не знаеме што пишува во него, ама па на средбата од врата се избацуваа! и таа одма му вика - не ги сакам брат ми и мајка ми, носи ме одовде. Не видовме зошто сменила мислење за 180 степени. Ништо не покажаа за таа линија да биде континуирана во тој правец.

Но ОК, да не беа тие дупки во сценариото што ми сметаа, за 10ка ќе ми беше филмот.

8/10
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135

која верзија ја гледаше директор кут е подугачка за 15минути од оригиналниот, како англиски коа француски е филмов хехехехе,небитно, фала душо што ти легна филмов :*
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Трејлерот на imdb е на англиски. Тој што зборува на трејлерот, гласот, истиот зборуваше во верзијата што ја гледав.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Le Pacte des loups (2001)

Младичот ќе се појави, ќе ги истепа лошите момци, ќе ја реши мистеријата, ќе го фати чудовиштето, ќе ги открие дворските заговори, а попатно ќе ја освои најубавата девојка и среќно ќе си живеат до крајот на животот. Воглавно е тоа дејството на овој филм, што во поглед на приказната и ликовите не се двои многу од стандардното клише. Добро, ако го занемариме индијанецот кој е мајстор во боречки вештини, покрај стандардните индијански работи како читање траги и зборување со дрва и духовите од предците. Додуша и младичот добро ги владееше боречките вештини, покрај воените, таксидермијата, зоологијата, уметноста и сè друго што ќе му притреба.

И токму сцените со борбите мислам дека му беа најслаба страна. Дали самата кореографија на борбите, режијата или монтажата, не можам да кажам. Имаше многу недоследности во континуитетот на борбата.

Но во целина, не беше досадно да се гледа. Убаво беа дозирани сите елементи и ниеден не повлече во свој правец. Екстра беа убавите пејсажи.

7/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Brotherhood of the Wolf (2001)

Немав големи очекувања за филмов кога го гледав прв пат, ама ми беше изненадувачки забавно доживување. Обожавам вакви филмови, period piece, мистерија и трилер.
Може и да сетиш кои се негативците од почеток, ама пак немаш потреба да се замараш да размислуваш за филмов, доволно е да уживаш. Многу добар setting имаше филмов за вакво дејство, прекрасни локации и пејсажи.
Најмногу жал ми падна за "чудовиштето" на крај, кое без своја вина беше одгледано и дресирано да биде убиец на луѓе уште од мали нозе.

Од мене добива 8/10, и за мене е потценет филм кој би му се допаднал на секого кој сака да гледа филмови за забава.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.301
која верзија ја гледаше директор кут е подугачка за 15минути од оригиналниот, како англиски коа француски е филмов хехехехе,небитно, фала душо што ти легна филмов :*
На yts верзијата е директорс кат со синхронизиран англиски.

Изгледав пола саат, се преморив, се надевам до недела ќе го догледам.
Се шалам, нема.

Ја користам оваа прилика да ставам точка на моето членување во клубов. Доста е, џабе се мачам само, некако снемав мотивација и да бидам искрен нема атмосфера ко порано. Осеќам дека ми е товар и со сила ги гледам филмовите само затоа што морам да ги изгледам јер, нели, некој ги предложил. И не можам више така да се замарам, сакам да гледам филмови од што сакам да ги гледам а не од што морам. Се потешко и потешко се наоѓаат филмови што никој ги нема гледано, ретко кога се погодил некој бум, и од желба за предлог што никој не го знае, доаѓа до тоа да се предложуваат потпросечни филмови. Лично за мене си зборам, пошто гледам дека повеќето немате гајле и си терате, ви се свиѓаат филмовите, мене не и не памтам кога последен пат сум изгледал некој прејак филм овде.

Као legacy ви ги оставам

оревуаааааааа Шошанаааааааааа
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.438
Поени од реакции
9.345

Па тоа е финтата на клубот, ако не се сеќаваш јас ќе те потсетам дека не сакаше да слушнеш за црнобели филмови, за корејски па ич, и некои други жанрови па од тука ги изгледа па дури и ги засака. Затоа не го гледај филмот зошто мораш, него зошто може да те изненади и гледај ги филмовите до крај.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
Nasol zajakot na magareto da mu se smee zosto imal golemi ushi hehe

Volcite 5/5 mnogu pati repreziran i nikogash dosaden, normalno so francusko audio
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.802
Поени од реакции
33.625
Le Pacte des loups / Brotherhood of the Wolf

За време на детството, во гратчето каде растев имаше кино - секој четврток имаше проекција на некој филм, некаде во периодот 1997-2002 така тераше. Влезница беше само 30 денари. Низ тие неколку години имаше само 2 филма кои ги пропуштив да ги гледам: Con Air...

...и Le Pacte des loups. Не знам зошто не го гледав филмов, веројатно дека француски, или сум имал некои други обврски, не се сеќавам. Сега конечно го гледав и морам да признаам дека ме изненади тоа што има многу фантастични и трилер/хорор елементи. Јас очекував дека е некој досаден француски period политички трилер. Уште повеќе се изненадив кога прочитав после гледањето дека е базиран на вистински случувања, колку и да звучи тоа неверојатно. Имено, во 1700 и некоја, во некој регион во Франција имало многу напади на диво животно, најверојатно волк, и преку 100 жртви чии тела биле пронајдени низ тие неколку години или децении. Пред извесно време истражувачи се обидувале да ги демистифицираат тие случувања и дошле до претпоставка дека нападите сигурно не биле од едно животно, туку група, можеби глутница волци, зашто за многу краток период имало напади на две локации кои биле значително оддалечени една од друга. Како и да е, филмот е само на површина базиран на тие случувања, а исто така и сите ликови во него освен Индијанецот Мани биле вистински историски личности, т.е. луѓе кое во тоа време живееле во Франција.

Но, освен тоа што бев изненаден од жанрот и од тоа што го прочитав потоа, филмов не ме импресионираше којзнае колку. Прво - мислам дека е долг, имаше многу празнини кои беа тотално непотребни. Второ - премногу ликови, додека сфатив кој е кој, поминаа 2/3 од филмот. Трето - приказната површна, со една бајковита структура која е по малку предвидлива: дури и станувањето од мртвите на Де Фронсак го предвидов и многу ме потсети на филмот Crow кој многу одамна исто го имавме во Клубов. И четврто - сцените со борби и визуелните ефекти ми беа многу неубедливи. На моменти со тие stop-motion-и ме потсеќаше и на Matrix. Убаво го долови тоа @moongoses погоре, да не се повторувам.

Но и покрај се, за мене ова ќе остане запаметено како едно солидно филмче, кое го изгледав лесно, и покрај поинаквите очекувања, па затоа од мене една 7/10. Не беше лошо!

@Комита Ултрас , @grande-juve , @frizider , @Imperatorot и @Darklady - имате само уште еден ден за Le Pacte des loups.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom