FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.289
Лето

7/10 На моменти влагаше во фаза на тупење ама си добива ваква оцена поради одличната музика и добрите кавери на песни кои многу ги сакам и се што беше поврзано со музика, поради црно-белата (некако ми одговараше) и севкупно како беше снимен, и ликовите посебно главните тројца кои колку толку ме заинтерсираа и произведуваа одредена меланхоличност
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
изгледа ја имам недостаток на љубов па ja барам секаде па затоа само јас гледав тажна љубовна драма, иначе не ни знаев дека е за вистински бенд, ни опис на имдб/летер прочитав ни вовед од девилко а и филмот не се третираше на почеток ко таков така да за мене ова слободно си беше фикција, музиката ми беше само сетинг, кариера на ликовите и ништо повеќе

хоуп нека ме мрази ама пак ќе го земам лала ленд како еден од филмовите кои сум ги оценил високо за пример, во овој сцената на крај кога го гледа како свири успешен е иста од таа од лала ленд - со таков поглед и еден кластер од емоции на лицето ѝ беше нешто многу брутално, нешто човечно и реално, нешто поради кое го сакам и лала ленд и многу други, тој поглед на нешто неостварено, испуштено, забрането и не можеш а да не сочувствуваш, иако пред само неколку сцени филмот наводно го затвара тој тријаголник каде девојката вика дека е само тинејџ краш и дека е само холдинг хендс, а уствари ништо не е поопасно од холдинг хендс ко шо рече и Мајк. И затоа сочувстуваш со девојката на крај, иако женета со дете и успешен брак, треба да ја хејтаме по нашиве стереотипи оти нели клише ама не, не оти љубовта е комплицирана, колку и реашуринг да беше утротото и презентирајќи една голема слика место бакнеж и холдинг хендс како нешто пролазно

глупости вот, пак философираш нешо, пиши дека анон ќе го хејта филмот пошо покажаа куре
пиши дека беше кул музиката ама фалеше приказна за којидабеа луѓето
супер освежување анимациите со *ова не се случи*
онака
4/5
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
изгледа ја имам недостаток на љубов па ja барам секаде па затоа само јас гледав тажна љубовна драма, иначе не ни знаев дека е за вистински бенд, ни опис на имдб/летер прочитав ни вовед од девилко а и филмот не се третираше на почеток ко таков така да за мене ова слободно си беше фикција, музиката ми беше само сетинг, кариера на ликовите и ништо повеќе

хоуп нека ме мрази ама пак ќе го земам лала ленд како еден од филмовите кои сум ги оценил високо за пример, во овој сцената на крај кога го гледа како свири успешен е иста од таа од лала ленд - со таков поглед и еден кластер од емоции на лицето ѝ беше нешто многу брутално, нешто човечно и реално, нешто поради кое го сакам и лала ленд и многу други, тој поглед на нешто неостварено, испуштено, забрането и не можеш а да не сочувствуваш, иако пред само неколку сцени филмот наводно го затвара тој тријаголник каде девојката вика дека е само тинејџ краш и дека е само холдинг хендс, а уствари ништо не е поопасно од холдинг хендс ко шо рече и Мајк. И затоа сочувстуваш со девојката на крај, иако женета со дете и успешен брак, треба да ја хејтаме по нашиве стереотипи оти нели клише ама не, не оти љубовта е комплицирана, колку и реашуринг да беше утротото и презентирајќи една голема слика место бакнеж и холдинг хендс како нешто пролазно

глупости вот, пак философираш нешо, пиши дека анон ќе го хејта филмот пошо покажаа куре
пиши дека беше кул музиката ама фалеше приказна за којидабеа луѓето
супер освежување анимациите со *ова не се случи*
онака
4/5
Индустријава постои за нас.

И мене ми остави впечаток тој љубовен тријаголник, иако многу малку беше опфатен во филмот и делуваше како филер. Ама не можев а да не се восхитам на храброста од нејзина страна да му каже на Мајк за желбата дa го изневери, и уште повеќе на непоколебливоста на Мајк да и дозволи. Мене, како полиберална и гласен промотер на индивидуалната слобода во врска, тоа многу впечаток ми остави, штета што не беше многу развиено тоа во филмот, ама добро, не беше филмот за тоа секако.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Индустријава постои за нас.

И мене ми остави впечаток тој љубовен тријаголник, иако многу малку беше опфатен во филмот и делуваше како филер. Ама не можев а да не се восхитам на храброста од нејзина страна да му каже на Мајк за желбата дс го изневери, и уште повеќе на непоколебливоста на Мајк да и дозволи. Мене, како полиберална и гласен промотер на индивидуалната слобода во врска, тоа многу впечаток ми остави, штета што не беше многу развиено тоа во филмот, ама добро, не беше филмот за тоа секако.
сум бил и на двете страни, истото ми побарале и сум дозволил, сум побарал и ми дозволиле, сум бил у отворена врска и не бев фасциниран ни од неа ниту од Мајк од тој аспект, и проблемот не е таму туку у хендлањето на стварите одпосле, ако си несигурен ко типов не навлагај таму или ако си лесно заљубљива ко типкава не си играј курот со тие работи, али у земјава ова уште е табу и се третира како курвалк или модерно промискуитет али у негативна конотација

абе ти викам ја соулмејтс, не знам како ја и ти уште не сме се скљафтале либералче мое :backa:

филмот е добар предлог за клубот, колку што беше The Wave, поентата е да зачнува дискусија, нешто што правеа на отворениве трибини низ скопје, пример го гледаа two days, one night so Marion Cotillard и после се збореше за човекови и работнички права, социјални проблеми, самоубиство бла бла, така некако и јас си го замислував клубов но во ред
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.641
Каква дискисија, бе, воте? Забележа ли дека ние двајца без тројца што останавме го гледаме филмов на ден пред крајот на рокот? Плус, тука за секој филм можеше да се развие дискусија, ама едвај се накануваме да ги гледаме, а не да дискутираме. Имаше по некоја искра овде-онде, но далеку од твојата и моја замисла.

Инаку, од тоа што го прочитав по нет по филмов - Виктор Цој бил далеку попознат и поуспешен музичар од неговиот ментор, Мајк Науменко, иако Науменко се смета за пионерот на рускиот рок. Цој и неговата група - Кино (прво именувана Гавин и Хиперболоидите) имала cult following. Неговата смрт во 1991, во сообраќајна несреќа, буквално била национална трагедија, цела држава го оплакувала. Што значи, крајот покажува не само тоа дека нејзините очи светат кога го гледа успешен - она со истите очи го гледаше и Мајк на почетокот од филмот, туку и нешто друго - на крајот, кралот (Науменко) е детронизиран, сега некој друг е на тронот, сега очите на сите светат по некој друг, сега тој е сечиј идол и тој е високо, на сцената, додека Мајк е долу, меѓу публиката, а така и ќе остане, се до смртта на обајцата.

Инаку, она го напуштила на крај, кратко пред неговата смрт.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Лето

Драго ми е што ве заинтересира филмот и некои од вас земавте да истражувате и повеќе од она што е прикажано, па и да ги запознаете правите музичари. Па и што ете се разви каква-таква дискусија во последниве денови.
И јас кога земав да го гледам не знаев ништо за него, освен онаа една реченица напишана на ИМДБ, која и не го опишува филмот, бар не главната тематика која ја прикажува. И да, иако навидум лесен и едноставен, зачнува длабоко во социјалниот живот во СССР и наклоноста на младите кон американскиот сон, следејќи ја нивната култура, музика, копирајќи ги. Мајк дури и си го сменил името од Михаил за да звучи американизирано. Сепак и тоа негово копирање на западната музика е некако уникална и створил феноменални песни. Лето, не прекинав да ја слушам.
Од друга страна Виктор Цој не копира никој, уникатен е, талентиран, и тоа го препознава Мајк. Свесно жртвувајќи си ја својата кариера и посветувајќи се целосно да го издигне Виктор, младичот кој ќе го симне од тронот. Доблест е да се направи таков алтрустички гест, жртвувајќи се себе си и својот живот, музичка кариера, брак, за некоја повисока цел.
Моментот кога и дозволи на жена му да остане со Виктор и почна песната Перфект Деј од Луј Рид, можеа да се видат сите емоции низ кои поминува Мајк. Една од најдобрите сцени во филмот.
Можеби нивната приказна не беше најдобрата или перфектно изработена, но сепак можевме да видиме многу ситуации во кои би се замислиле како би изреагирале ако ние сме во нивна кожа. И крајот... Тој сплет на емоции и поглед што го опиша вот....
Нивната приказна е иста како нивната музика, искрена, ведра, блага, но со длабока порака под површината.

Иначе да, филмот е фикција. Приказната помеѓу нив тројца е сепак измислена. Нема записи дека Виктор и жена му на Мајк имале афера.

Одлични сцени, анимации. Сценографијата беше топ. За музиката што да се каже? Феноменална. Можеби реално заслужува една оценка помалку, но ме понесе сета таа атмосфера и сочувствував со ликовите, а музиката еве и по месец сеуште ја слушам па затоа и му дадов јака 8-ца.

Среќен празник људови. Поминете го со најблиските. Јас за жал не го можам тоа, а ќе ви се вратам во клубов по една мала пауза.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.641
Јас, пак, не престанав да го слушам ова:


Тука може да го видите и вистинскиот Виктор Цој. Песнава е вистински masterpiece. Ме потсеќа многу на Јори Хулконен, иако различна жанровски, но ја има таа некоја меланхолична нишка. Прекрасна!
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Јас, пак, не престанав да го слушам ова:


Тука може да го видите и вистинскиот Виктор Цој. Песнава е вистински masterpiece. Ме потсеќа многу на Јори Хулконен, иако различна жанровски, но ја има таа некоја меланхолична нишка. Прекрасна!
Одлична е. Го има тој меланхоличен 90s вајб. Мене дефинитивно најдобра ми е Кукушка, Пачка Сигарета, Звезда по имени солнце, Закрои за Мној Двер... И он, и Мајк имаат предобри песни, за нас непознати.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
За мој втор предлог планирав друг филм ама во меѓувреме овој се уфрли преку ред без пардон, па едноставно МОРАВ заинтригиран од вашите реакции да го ставам на репертоар у Клубов во наредните 2 недели, култниот ноар, еден од највлијателните и најважни филмови на Јапонскиот Нов Бран, или, филмот поради кој режисерот (после 40тина филмови) е отпуштен, ставен на црна листа и од таа причина цели 10 години (!) нема да сними друг филм -

Branded To Kill (1967)
https://m.imdb.com/title/tt0061882/

@wot - Film Club (Branded To Kill : 29.04-12.05)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Branded To Kill (1967)

Го изгледав филмов и уште не ми е јасно дали требаше да е сериозен филм или некаква пародија. Почнувајќи од топ листата на најмени убијци, преку убиството на очниот лекар низ одводната цевка па се до чудната дружба на број еден со нашиов главен лик со опсесија од мирис на варен ориз.

Приказната тапа, ликовите кој од кој почуден, некоја опсесија на режисерот кон жени со дигнати сукњи. Стилистички интересен, иако повеќе ми личеше на францускиот нов талас отколку на ноар. Имаше добри кадри и ситуации и музиката морам да ја пофалам. Лоша беше сцената со пукањето кај тоа тунелот, не се знаеше кој на кого и зошто пука. Но од друга страна па оригинална ми беше сцената со колата што ја влечеше со јажето додека беше под неа.
Целосно гледано филмов не ми функционираше. Или јас не ја разбирам јапонската култура па не препознавам некои финеси.

6/10
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.440
Поени од реакции
9.348
Branded To Kill (1967)

Од ноар елементи само femme fatale има колку што заприметив, немам гледано јапонски ноари ако постојат, по овие што ги имам гледано, не ми личеше воопшто на ноар. И мене не ми беше баш сериозен филм, ама такви се јапонците колку што имам гледано јас, бизарност еден куп, или ептен ќе ти биде кул и супер и оригинално, или ќе превртуваш очи цел филм и ќе се плескаш по чело. Јас за филмов и така и така се осеќав.

Иначе режисеров го забраниле или што и да му направиле поради тоа што мотото на големите во јапонската кинематографија било не одиме во кино за да си ја тупиме главата и тие, но не и јас виделе во филмот тежок филм и мутација на некои жанрови заедно и според нив Сузуки правел нејасни филмови, не слушал наредби, неговите филмови биле глупости и го жигосале како човек што ја претставува јапонската кинематографија во погрешно светло и не можеле луѓето да ги замараат со срања и за глупости, ама такви си се му ја заебале кариерата на човекот. Јас мислев дека поради содржината на филмот е, дека чепка некои ептен чуствителни теми од јапонското општество, мислев ќе гледам бунтовност, шокантни вистини, ама причината била бизарна баш како што се и тие.

Филмот си е стандард акција, за платен убиец број 3 кој сака да постане платен убиец бр 1 и на крај станува мета на платениот убиец бр 1, запознава фатална лепотица и животот му се менува од корен, нема ништо скандалозно или шокирачки, не ми беше ни нешто посебен ни па тежок за мозгање, не знам кај го виделе тоа, не дај боже Линч да им го пуштиш може со плачење ќе го побараат назад господин Сузуки. Во тоа време имало и одбор за заедничка борба за одбрана на филмот и враќање на Сузуки во филмските води, составен од куп новинари, студенти, уметници, ама џабе не бил пожелен во никое студио следните 10 години, затоа што како што кажал не сакал да ги менува филмовите и да прави како што ќе му наредат и глупости чисти, исто ко кај нас ако не размислуваш како што размислуваат големците, без разлика на талент и популарност, ќе те смачкаат ко мува.

Филмот е најпознат поради скандалот ваљда, по квалитет да е таков не верувам, не е многу лош, ама е обичен за да држи толкава популарност и култен статус. Еве ајде 6 нека биде. 6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.641
Лето го гледавме седуммина, или - сите освен @Хоуп и го оценивме со средна 6,7, за што искрено ми е мака сега. Филмот можеби не ми се допадна тогаш кога го гледав, но остана во мене и до денес. Уште помислувам на него, и плус се изнаслушав од прекрасната музика на Кино и Зоопарк (особено од Кино), па така, мака ми е што го оценив така лошо. Но што е, тука е!

Branded to Kill до сега го гледаа само двајца. Утре е последен ден, јас не знам што чекаме! @Zlatikevichius , @Corvus , @grande-juve , @devilko , @Vlatko_Gjorce , @wot - shame on you! Ајде, пуштајте ТВ!
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Zlate, ama me zaeba u sabota vecer ja da gledam japanski noir, ama sega preprocituvam, toa shame on you ne bilo samo za mene, za site bilo. Ne morase da go gledam!

Ne znam po koi kriteriumi se vodite, ama za mene bese noir. Ubavo izgledase, dobra kamera i kadri plus. Ama na momenti i mene mi bese smesen, i dzabe nesto napravil da ti se dopadne koga za nekolku sekundi zaboravas i ti krsi film. Osven nabrojanite sceni od moongose, mi precese i taa smesna bipolarnost na likovite, u 5 sekundi mu se desava sve, beter od turska serija. Prikaznata pocna da mi se dopaga posle cel cas, na pocetok mi bese malku duri tesko da sledam. Interesna zamisla, za toa vreme ne znam kako bil. Sega go gazi vremeto. Filmot drugata nedela ke go zaboravam.

ps. Koga bea broj 3 i broj 1 u stanot stana filmot totalna parodija. Pogotovo koga broj 3 od cel film kul licnost go napravija klovn. I duri na kraj mu teknuva abe zaso da ne go ubijam i ja da sum broj 1.


2/5
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Branded To Kill

Еден сосема краток увид за (покрај другото, интересниот визуелен стил на) режисерот

Околу контроверзноста, ај и ја на кратко...
Очигледно во таа 1967-ма не биле спремни за нешто поразлично (еден вид ноар/Џ. Бонд не-само-по-насловот микс) од уште еден шаблонски Бе јакуза кримич за кои имало тогаш верна публика, а уште помалку па и за сатира на истиот тој жанр, која произлегува од фрустрациите на Сузуки-сан затоа што тој негов посебен стил кој го развил во меѓувреме, не можел да дојде до израз во ситуацијата во која се наоѓал. Човекот не одлучувал за ништо - ни дали ќе снима во боја или црно-бело, му доделувале глумци и едни-те-исти сценарија, па си рекол по нашки шогиебамќегисечам (а по Сузуки "Like the fish in the deep ocean, we have to make our own light") и како и секој талентиран режисер морал, тоа било поголемо од него нали, да експериментира, да види до кај може да иде со филмот, да ги притисне границите, и ја платил цената за креативната слобода што си ја земал, самсебегоубијал, "I was told i make movies that make no sense and no money", при тоа создавајќи го по мене неговиот најдобар филм со кој ќе остави траен белег во Јапонскиот Нов Бран.

Исто како што не бев и ја спремен и ме фати со спуштен гард. У низа клише филмови ќе наидам повремено вака на нешто неочекувано, вон стандарди, што ќе ме размрда убаво.
Да, абсурден е. Мелодраматичен. (Типично јапонски. Затоа и ме привлекуваат тие филмови.) И тежок за пратење. И приказната е во втор план. И не се сфаќа самиот сериозно.
Сузуки-сан вели (со онаа нивна типична скромност) дека само се фокусирал како од просечно сценарио да направи што поинтересен филм и дека за тоа на режисерот целта треба да му е како да ја изненади публиката. "That's entertainment". Енд бој лет ми тел ја, воз ај ентернтејнд!. И изненаЃен. На секои 5 минути се случуваше нешто
, немаше време да се замарам да барам логика (ако пак на некој чуден начин функционира) или да е неопходно да разберам што-и-како (на пр. Линч), ако уживам додека го гледам, мислам (по)важно е како ќе го доживееш, ефектот кој ќе го има врз тебе....Или да барам приказна, ако филмот ми надоместува за тоа на друг начин, како на пр. Годар, посебно во неговото деби Breathless (прво па мушко, би рекол), за мене е совршенство у овој style-over-substance стил. И како што има кажано Годар - "All you need for a movie is a gun and a girl".

Искуството на Сузуки стекнато во претходните 39 филма тука доаѓа до израз.
Филмов изгледа феноменоменално у црно-бело, контрастот, светлото, што се вика од секој кадар може постер да извадиш.

Потоа, креативните и оригинални акциони сцени. Иновативната режија, еден куп различни агли (дури и од под кола у прво лице).
Jump cut-овите у време и простор. Френч Њу Вејв атмосферата. Анимациите...итн.
Бр. 3, еден од најкул ликовите што сум ги видел... за што, покрај Сузуки е заслужен и Шишидо со неговата енергична изведба тука. Со амбицијата да биде бр.1, фетишот за ориз, темпераментните испади на бес или ентузијазам кога ќе го прифатат одвреме-навреме...а најјако ми беше кога пред тензичниот климакс кој следи ќе земе наеднаш да си игра со балон! :pos::zver: (А крајот потоа да биде у бокс ринг, кај му текнало само и тоа на Сузуки не знам).
Останатите ликови се доволно впечатливи...еднава жена опседната со смрт, другата со секс. Мистериозниот Бр. 1 и неговата тактика да ги измачува психички жртвите.

Во апсурдноста совршено се вклопува Џо "д ејс" Шишидо со неговите трејдмарк образи :cool:, откако ги зголемил станал мегапопуларен и остварил, според Имдб 200 и кусур, а некои викаат дека се и 300! улоги. it's easy when you're big in Japan...


Импактот на филмов е огромен, да не кажам неверојатен, и во и вон Азија.
Додека го гледав, добив некој впечаток дека ова е како некоја основа на која Тарантино го базирал неговиот целокупен стил. Мислам, где чеш поголем pulp од Branded !!?? (Наидов btw на едно интересно азијско интервју со него за КилБил кајшто го спомнува Сузуки, покрај другите влијанија.)
Исто така, во режијата на Џон Ву (чиишто стандарди btw кога станува збор за акција не верувам дека некој ќе ги достигне а не па и да ги надмине тоа е импосибиле) и во сите оние негови кул ликови со наочарчиња (со кои btw се прослави Chow Yun-Fat), после Branded во нив не можам да не го видам Бр. 3.
Или оние јакуза драми од 90тите на "Beat" Такеши Китано со кои се прослави...
And the list goes on...Fallen Angels на КарВаи...Ichi the Killer на Мике... Oldboy...
Џармуш сцената со (т.е., низ) водоводната цевка, и тука и таму уште по нешто собра за неговиот Ghost Dog кој во една прилика и му го има прикажано на Сузуки, не знам само на каква реакција наишол? :) . Џармуш може и најдобро го опиша филмов - "probably the strangest and most perverse hitman story in cinema".

Од мене има 7.5/10 со (голема) можност да отиде накај 8 на второ гледање.

п.с. Мунгос за прв пат не го преведе насловот ???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom