FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Legends of the Fall (1994)

Ми се свиѓа филмов. Прво да се согласам со останатите дека има неверојатна кинематографија.
Почетокот тргна со сложноста и љубовта на браќата а на крај го доживеав како натпревар за љубовата на една жена а не би сакала на тоа да го темелам филмот. Многу трагедии, скршени срца, смрт и тестирање на крвните врски кои го држат семејството заедно. Доселеници на Дивиот Запад, домородните Американци, и третманот на жените во таа ера. Хопкинс мојот број еден актер одличен, го изнесе предобро ликот во целина како цврст, но воедно и емоционален и ранлив татко, остатокот од актерската екипа исто така солидна.

7/10
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Legends of the Fall (1994)

Филмов ми беше гледан одамна (од времето кога женскиот пол се лигавеше на Бред :icon_mrgr:) и ми дојде како вистинско освежување. Некоја чудна магија од почеток до крај, пријатно возење.
Семејна сага, хронологија на семејството Ладлоу, нивниот живот во живописната Монтана, потрагата по себе си, војната, дискриминацијата на индијанците, прохибицијата. Филм за животот и човечката беспомошност на тројца браќа, испреплетени со 1 жена. (Малку прелигаво и грдо). Емотивен, сентиментален филм за љубовта, страста, семејството, предавството и надежта.
Дефинитивно не сум гледала лош филм каде што игра Ентони Хопкинс. Одлично изградени ликови, фантастична глума, Џулија Ормонд прекрасна :love:нежна, мила, кршлива, силна и слаба.
Forever turned out to be too long.
Кинематографија 10/10, одлични кадри на нескротливата дивина, вклопени со музиката на Џејмс Хорнер, кои совршено ги прикажува и вербализира емоциите, дури и кога ништо не зборуваат.

„He was a rock they broke themselves against“
8.5/10
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Legends of the Fall (1994)

Филм со Бред Пит од времето кога стануваше славен и кога сите девојки сечеа вени по него. Ормон како негова противтежа, а за оние тогаш малку постарите тука е и Хопкинс со неговите гримаси и хмм. Празнините ги надополнува Ајдан.

Сите во една драма од почетокот на минатиот век која говори за љубовните, воените и семејните предизвици пред кои стојат тројцата браќа водени од нивниот татко, полковник во пензија. Раскажано од стариот индијанец преку писмата што си ги праќале едни на други. Тука е и двозначноста на насловот, дали се легендите за есента или се за падот, оној библискиот.

Во суштина е многу добро спакувана мелодрама. Доаѓа женска помеѓу мажи и овие очи си извадија за да ја ќарат. Па следиме како малку по малку се местат работите за сите да ја имаат женскава, која баш и не пребира многу-многу. Преку таа призма учиме за љубовта, загубата, лојалноста, созревањето, последиците од војната и напуштањето на природата.

Прекрасните предели не изгледаат баш исто како во кино, но сепак оставаат впечаток и јасно го оправдуваат оскарот за камера.
Музиката одлична и ја надополнува емоцијата на карактерите. Почетоците на мелодијата ме потсеќаа на некоја наша песна, но не успеав да се сетам на која.

Филмот успешно одолева на тестот на времето и ми делуваше подеднакво свеж како и при првото гледање пред дваесет и седум-осум години.

8/10
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Legends of the Fall (1994)

Уф, прекрасен филм. Ќе ја тргнам кинематографијата на страна, нема поента да се коментира, врвна. Музиката ми е баш типична за филмови од ова време, прекрасно вклопена со секој кадар, ама било кој дел да го слушнам сега пак нема да го поврзам со филмот. Ако, ми се свиѓаше.

Приказната... малце се разочарав кога на крај искочи баш онака како што очекував уште во првите 5 минути. Сложноста на браќата знаев дека нема да трае долго штом се вмеша жена ко Сузана. Кој би останал рамнодушен на тоа лице и насмевка, топење. Вака последен пат се стопив на Лаура.
Она што од такт ме извади е целиов почеток на трагедиите. Уствари ова е и тоа што ме нервира кај повеќето американци и денес. Ќе разберам да се бориш за честа, за херојство, да ги следиш стапките на својот татко, ама зошто за војна која не ја разбираш? За настани кои се случуваат на 10.000 километри од твојот дом, за војна која разбираш преку писмо што го има пропатувано светот. И згора на се да ја оставиш таа насмевка дома за ти да пукаш од пушка, абе ај...

Самуел, делуваше на наивен и добар човек, човек кој се одгледуваше на своите браќа иако Тристан му беше омилен. Се чувствуваше. Ќе се навратам на параграфот од погоре, глуп е што замина и ја остави Сузана. Немам што да додам за ликов повеќе затоа што настаните се одвиваа пребрзо и не добивме некоја поголема конекција меѓу него и Сузана. Џулија ќе ја викам, Сузана звучи ко битолчанка некоја.

Алфред, ми остави многу негативен впечаток и тоа само по неколку кадри. Му се чувствуваше некоја позадинска игра, со задни намери и дека би ги изиграл некако своите браќа. На крај и политичар стана, и тој впечаток беше целокупен. Самиот кажа, ги почитуваше сите правила, а сепак Тристан беше најсакан од сите. И во право беше. Имаше некој злобен вајб у него што ми стана одбивен, и од првиот момент мислам дека сакаше да ја земе Џулија, иако Самуел беше жив. На крај ја изгуби и Џулија и моментот кога му кажа на Тристан „I need a minute alone with my wife." - беше ли некогаш твоја? Чинам Џулија го помина животот чекајќи го Тристан.

Тристан, „did l damn everybody around me, as well as myself?". Би рекол да, човеков од трагедија во трагедија одеше. Видлива беше конекцијата меѓу него и Џулија уште при првата средба. Не ми остави впечаток дека имаше некакви намери со Џулија, ама во најслабиот момент на Џулија он се погоди тука... после и настаните направија да се зближат уште повеќе. Интересен лик беше иако донесе многу погрешни одлуки во животот. Траблмејкер од млади години, јасно беше дека ќе има и таков живот.

Џулија, требаше и заслужи повеќе. Прво ја оставија за војна, па после Тристан отиде да се бори со своите демони ака мечката, за на крај од принуда да мора да заврши со ликот кој ич не го сакаше. Рака на срце Алфред немаше никакви злобни намери ама па и немаа некоја конекција. Самоубиството до негде очекувано, особено кога му кажа „sometimes I dream I'm the mother of your children". Дојде од возот како среќна и насмеана жена, за на крај 20 или колку и да поминаа години да ги помине во тага. Тристан и остана неостварена љубов и крајот беше сосема очекуван.

Е сеа целава приказна на крај кога е спакувана е малку клише, лејм, лигава, многу нелогичности... АМА, не можам да останам рамнодушен на Џулија и приказнава, колку и да е лигава.

9/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Legends of the Fall

Ми се свиѓаше природата на Американскиот запад и како беше фатена преку камерата. Тоа е најсилниот дел од филмот.
Музиката беше убава и асоцираше на некоја спокојност, идиличност и најмногу на мелодраматичност. А таа мелодрама беше движечка карактеристика тука.
Лично немам проблеми со ниеден стил, апсолутно сѐ сакам што е добро раскажано преку добри ликови, било тоа мелодрама која те моли за емоции или over the top акција. Овде приказната ја доживеав како сапуница и на граница со досадна, а ликовите недоволно разработени и секој лик ми беше добар или лош во зависност од тоа како беше изглумен. Многу јасно дека Хопкинкс ја крадеше секоја сцена.

Семејство, убави настани и трагедии, војни, промена на времиња(и времиња), раскажани преку писма во кои се опфаќаат татко со тројца синови кои се заљубуваат во една жена, а жената се заљубува во Бред Пит, многу нормално. Сузана иако се вери за Самуел кој е супер дечко, очигледно го прави тоа за идејата за семејство и да не биде осамена. Вистински се заљубува во Тристан, а на крај, после писмото, за да си го олесни малку животот се мажи со Алфред.
Уште од кога Сузана се заљубуваше во Тристан додека овој припитомуваше див коњ, за Самуел веќе очекував дека ќе умре и овој тип на предвидливост не ми даде да се соживеам целосно со филмот.
Според мене можеше малку поинаку и да биде многу повеќе, ама и вака беше гледлив, со убава природа и кинематографија. 6/10
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
Би можела да кажам дека е комплетен филм од секој аспект, далеку од најдобар ама ги штиклира сите коцки на листата. Само што не сакам животни епопеи - да го гледав за прв пат не би ме допрел вака и сигурно би мрчела за секој еден лик. Но, силно сум врзана за некои спомени.

Поминато е доста долго време откако го гледав, толку долго што ми се преклопуваа содржините и не можев да направам разлика меѓу него и Cold mountain. Кога Сузана се симна на железничката станица, очекував фатална жена, интриги и братоубиство. Овој ќе да е некој сосем трет филм Како почна дејството, така почнаа да ми се навраќаат слики - како татко ми ми објаснува зошто Тристан не ја убива мечката, смеејќи се ми става рака на очи два-три пати, како плачам додека Т. ја носи Изабел мртва на раце. Крајно субјективна, оценката првенствено е за тие мигови.

Фала ти од-еден-до-шест што ме врати во тоа досадно попладне и ме натера да сфатам дека магијата не била само во неговите очи, туку во приказната за достоинството и семејството, мудроста која доаѓа со времето наспроти младешкиот занес по хероизам. И вистината дека можеш да избегаш од сѐ, но не и од себе.

Не ми се допадна како е претставен моментот на спознавање на сопствената вина, но и покрај тоа, до крај сочувствував со сите ликови. Секој со својата мотивација и цел иако потајно навивав за Алфред. Отпадник од љубовниот четириаголник, изгнаник од рајот, па покајник. Антагонизмот меѓу него и Тристан е судир меѓу рациото и емоциите, а сѐ што мислам за Сузана, Комита веќе напишал.

8/10

п.с. Некој сѐ уште се лигави по Бред Пит кхммм
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.593
Јас се заборавив малку: @wot е следен предложувач, го чекаме до вечер до 20:00 да ни каже кој е филмот, ако не, јас сум тука.

Јас го гледав синоќа Legends of the Fall, ќе пишам опсежна рецензија подоцна. ;)

@Хоуп , рече да те тагнеме. :love:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.663
Hi

Филмот што се надевам ќе го гледате е Endless Poetry на Jodorowsky

D0537B2E-3CAE-44A8-A41C-C49B36F9B774.jpeg


Се извинувам од старт ако на многу нема да ви се допадне но со предупредување претходно се надевам малце ќе ве омекнам.

Очекувајте апсурдности, на момент пародичен но сепак препознатлив и неоспорливо уникатен стил од Јодоровски. Приказната е аутобиографска но сепак си стои и сама како приказна за љубов, предавство, пасија, очекувања и себе пронаоѓање. Има и миџети за Џонтра.

Го препорачувам бидејќи петката од @џимеј е единствената на летер. Филм и режисер кој мислам дека секој од клубот треба да се запознае со. Јодоровски има пасија и љубов за филмовите како што сите заедно тука немаме вклучително цела Македонија. Дали би било тоа Holy Mountain каде контрасот во бои е во максимум колку што е лудоста или е Dune, greatest movie never made како според @Io Sono Interista така и според светот или е сепак само овој, не е битно, битно е да бидете изложени на таа пасија која мислам дека барем на секунда некогаш го движела светот.

Уживајте.

Од мене 9.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.593
166. Legends of the Fall (1994)

Многу убав филм! На прво место музиката, после се останато. Ептен погодено, се! 8/10

Го гледаа 11 души и му дадоа средна оценка 8.0, што е највисока оценка по Soul, првиот филм по рестартот на Клубот. Го испуштија:

Предложувачот @123456 (или барем не пиша оценка) и @Dumbledore - прв неизгледан
@zmija1 - трет неизгледан, црвен картон, се надевам ќе се вратиш наскоро.

167. Poesía sin fin / Endless Poetry (2016)
предложувач: @wot (13.02-26.02.2023)

1676321988760.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom