„Филип Втори“ ќе биде готов до крајот на годината

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Ова како постот на Драгонскај за пласман на ЕП - Шпанија ја дисквалификуваат поради Каталонија, Украина се поделува, Словачка се спојува со Чешка, Белорусија се спојува со Русија а ние завршуваме второ место зад Луксембург.
 
Сите до еден што учествуваа во изградбата(реновирањето) на Филип Втори, нека се фатат за рака и правец - Вардар.
Ова е бе државно велепредавство. Толку (наши) пари лупнаа во изградбата и сега гледаме не исполнува никакви услови.
:facepalm:
 
.. кој и да бил сериозен од вас дека стварно ќе добиеме некаква кандидатура, браво. Стадион, да е најдобар на свет, без паркинг ќе остане само обично стадионче. Единствени во светот сме што имаме стадион за скоро 40,000 луѓе, а паркинг пред факинг нептун за 100 коли.
 
да е полн стадионот сигнал на телефонот немаш, за вифи да не зборам, како што имаат сите европски стадиони. Одамна не се гледа само на капацитетот и на дизајнот ама на џабе е, не можеш да објасниш :) има убаво на нет категоризација на стадиони и тие со 5 ѕвезди или сега сменија мислам, со плусеви нешто е што треба да имаат, мислам дека нашиов не ни влага во некоја категорија.
гледам па на ФБ ја плукаат УЕФА познати фаци на социјалните мрежи кои воедно и имаат дипломирано архитектура, мислам, шта речи...
 
Мизерија. А, за архитекти и било какви диплмирани фаци Македонија е прва во светот, по рангирање и курчење по образовна основа. За уште да е поголема срамота, 70% благе везе од животот немаат.. ама да не забегуваме.

Филип II Арената е големо и преубаво здание. Да не ме разберат и другите погрешно, најдоброто нешто што е направено во Скопје и Македонија од 08.1991год. Само како и се, ние македонците наоѓаме мани нели, ама овој пат стварно со право.

Незнам како и зошто некој воопшто се нафатил да го прави, знаејќи дека пристапот до стадионот кој пак ќе речам собира скоро 40,000 луѓе е едно уличе од 2 метра, со подлога од калдрма. А претходно треба да поминеш низ најгустиот дел од Скопје за да дојдеш до таа калдрма. После тоа наидуваш на Сител и Нептун кој ги окупрале половина од пропишаните паркинг места. Треба ли да продолжам?

Незнам стадионот со какви места за новинари, прескофернциски сали располага. Неможам да зборам, ама сигурен сум дека сме далеку од пропишаните норми. Да не зборам и за мединциски центри, помагала и rest rooms за вработените. Wi-fi? Sci-fi филм е тоа за стадионот, а реално прелесно спроведлив. Губење мрежа и остало. Да не зборам дека новинарите треба да добијат стабилна интернет мрежа и мн. други услови, за да дојдат и водат едно ЕВРОПСКО првенство.

Некој што е постручен може и ќе ми најде забелешки, ама истиот тој ќе најде уште дузина многу други недостатоци кој нашата арена ги има. Напраено, недопраено. Не е дека неќеме стадион и фасада најака, ама зошто да немаме и ЕП во Скопје? Зошто не размислуваат дека така многу повеќе ќе постигнат за Македонија, отколку timeless рекламите на CNN што коштаат колку еден добар пат до стадионот.

Timeless.
 
Меѓународно признание за колку е лошо направен и колку ни се нас ниски стандардите, не е само трибина и нешто да се реновира
 
Реално за ваков фудбал и на клубско и репрезентативно ниво,стадионов е повеќе од добар.Сеа да градиме вселенски бродови со надеж да добиеме една утакмица од Европско не се исплати.
 
Реално за ваков фудбал и на клубско и репрезентативно ниво,стадионов е повеќе од добар.Сеа да градиме вселенски бродови со надеж да добиеме една утакмица од Европско не се исплати.

Ние сме изградиле вселенски брод, али нашиов не лета.

Проблемот со добивање на организација на таков настан не лежи само во стадионот, туку и во се останато.
Има некои работи кои не се точни во тој извештајот, како на пример дека Аеродромот не може да процесира одреден број на патници, што апсолутно не е точно.

Можеби старата зграда на Аеродромот не можеше, зашто се чекаше по 45 минути да ни го истоварат багажот од тракторот, иако имаше 2-3 авиона дневно. Се чекаше автобус, за да те превезат 20-30 метри од авионот до старата зграда зашто авионот го паркираа како на паркинг, а не како сега, каде што директно влагаш од авион во новата зграда.

Англичаниве кога ни гостуваа го зедоа цел Александар Палас за нив, зашто само тој хотел им ги задоволуваше стандардите и беше блиску до хотелот.
Каде би сместиле уште 3 репрезентации, ако се играат да кажеме по 2 натпревара од секоја фаза?

Кога го направија стадионот, мислев дека стварно направиле нешто, и ајде, знам за паркингот дека е проблем, секогаш се паркираме зад Царина кога идеме да гледаме фудбал, али дека до толку сме каскале позади нешто што се викало Европска норма за квалитет, не се надевав. Каков само шамар за ФФМ.

Уште па кога ке ми текне дека им се смеевме на Бугарите за Лудогорец, ке доаѓале Реал и Базел во Скопје да играат фудбал на здание како што е Филип Втори.
 
Не се заебаајте , теренот е добар , али соблекувалните се ептен срање , слабо е покриен , нема асален паркинг , гужва се праи за вардар и македонија а не пали за европско.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom