„Филип Втори“ ќе биде готов до крајот на годината

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Јас искрено сум. Се сомневав дека се’ ќе биде тип-топ со „аренава“ ама дека ќе има толку маани и недостатоци...
Стварно, една позитивна работа нема во извештајот.
 
За реконструкција на Арената биле потребни околу 70 милиони евра, а бугарите планирале да изградат комплетно нов стадион кој ќе ги исполнува сите стандарди за околу 50 милиони евра...:facepalm: Изгледа уште долго Жељко ќе биде најголемиот настан на Филип Втори...
 
Они може и 7.5 да планираат ама ќе видиме колку и дали ќе потрошат на крај.
 
Па тешко беше и без недостатоци видете какви стадиони конкурираат, Брисел, Ст.Петерсбург, Амстердам, Рим, Кардиф, Даблин, Будимпешта, Букурешт, Билбао, Стокхолм. И не е само до стадионот има други сериозни недостатоци го градот како немањето метро или трамвај.

Алианц арена и Вембли ќе бидат домаќини на полуфиналињата и финалето.[DOUBLEPOST=1410535742][/DOUBLEPOST]
За реконструкција на Арената биле потребни околу 70 милиони евра, а бугарите планирале да изградат комплетно нов стадион кој ќе ги исполнува сите стандарди за околу 50 милиони евра...:facepalm: Изгледа уште долго Жељко ќе биде најголемиот настан на Филип Втори...
И они кур по чело ќе добијат, со толку пари нема ништо. Паркинг места околу и под стадионот коштаат милиони само.
 
абре не е само стадионот лупни го, пишав и на другата тема. Паркинг, превоз, достапност, влезови (4 влеза има само :vozbud:) техничка спрема, сала за прес конференции, соби за новинари... Странец ќе ти остава кола во ГТЦ и да иде пешки до парк, ма немој. Затоа сите клубови кои се во план да градат стадион пред да го купат земјиштето гледаат други фактори, изгледот и капацитетот се најмал проблем.
Па тешко беше и без недостатоци видете какви стадиони конкурираат, Брисел, Ст.Петерсбург, Амстердам, Рим, Кардиф, Даблин, Будимпешта, Букурешт, Билбао, Стокхолм. И не е само до стадионот има други сериозни недостатоци го градот како немањето метро или трамвај.

Алианц арена и Вембли ќе бидат домаќини на полуфиналињата и финалето.[DOUBLEPOST=1410535742][/DOUBLEPOST]
И они кур по чело ќе добијат, со толку пари нема ништо. Паркинг места околу и под стадионот коштаат милиони само.
Кога отишле властодршциве во Бетон за стадионов однеле слика од Вембли и рекле сакаме вака нешто со овие пари, сосе бетонската арка :vozbud: можете да ја замислите реакцијата.
 
A го има ли некаде низ интернетот што тоа ние нудиме за кандидатура за организирање на ЕП или само сме им лупнале слики и сме се пофалиле дека имаме стадион? ..
Треба кампања поголема за да се организира голем настан како што е ЕП. А ја никаде не видов што ние ќе им понудиме на УЕФА освен капацитет на стадион.. нит дека нешто додатно ќе се направи за сето тоа да биде ко шо треба, нит бутур.

Катар ко што реков погоре нема ниту еден готов стадион, нит па град организатор, не дека до 2020 нема време за да се напраат тие стадиони, ама сепак излегоа со многу јака кампања, без разлика дали била поткупена со мито или не, сепак изгледа моќно сето тоа на слики, а и според други објекти што имаат у државата тие стадиони се и реални за да се напраат.

Шознам, само се запали народ кај нас дека ќе организираме некој меч од ЕП, а уствари нит ФФМ нит па државата се убедени во тоа, а најмалку пак се замараат за сето тоа да се добие.
 
Јувентус само стадионот гокошташе толку, додека паркинг просторот башка го плаќаше

Него сега очекувам Латас да почне да ги критикува фифа и уефа за тоа како нашиот исконски и најмодерен стадион не добил место за ЕП 2020 :-D
 
Последно уредено:
Ќе излезе Ивона со маица THANK UEFA.

Стадионов наш, иако не сум бил на некој друг Европски стадион со стандарди за тоа, пак се гледа дека му фали многу според тоа колку време чекаш за да влезеш од еден од само четири влеза, колку чекаш за да мочаш на полувреме, колку време ти треба да се движиш по ходникот кој нема ништо додека стигнеш до твојот блок и кога треба да се паркираш во Ѓорче. Не е фора да направиш тревник и столчиња...
 
Јувентус изгради на ново елитен стадион по сите стандарди кој ги кошташе 105 милиони евра според Википедија, а ние дадовне 70 милиони за нефункционална реновација :facepalm:
Трошоците за стадионот не се завршени бидејќи уште се гради значи цената ќе биде поголема од овие 70м евра.

Интересно е што првичната идеа било и тој да биде во проектот Скопје 2014 така што планот беше да има 4 огромни споменици околу него (мислам над 10 метри големина) кај што се влезовите за трибините но поради големите трошоци се откажаа.
 
Ете, 70 милиони евра за џабе.
Кај се тие споменици? Ни споменик ни бутур. После УЕФА ќе вика не чинел, епа нормално дека не чини.....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom