- Член од
- 7 март 2010
- Мислења
- 8.844
- Поени од реакции
- 24.280
Денес и официјално излезе во продажба официјалниот албум на Панини за самолепливи сликички за овогодинешното Светско Првенство во Русија. Моментално албумот го има за продажба во сите бензински на Макпетрол, супер маркетите на Тинекс и во подобро снабдените трафики како Тобако и слично, до утре би требало да го има и во сите други локални продавнички.
Албумот ќе се состои од 682 сликички од кои 50 ќе бидат "златни". Муабетите испаднаа точни, за жал, како и во остатокот од светот така и кај нас цената на пакетчињата е зголемена на 40 денари, а албумот е 80 денари.
Нека користи темава за договарање на разменување на дупликати, споделување на евенти за групно разменување на сликички и нормално за дискутирање на албумот.