FIFA 16

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Се ближи периодот од годината кога ќе го добиеме новото продолжение на фудбалската симулација, ФИФА. Оваа година играта излаа на 22 септември. Денес излегува демото. Веќе е достапно за конзолите, а и за РС треба да излезе наскоро.

Некои од новостите во новата верзија се:

FIFA Ultimate Team Draft каде ќе можеме да составиме тим така што за секоја позиција ќе имаме избор од 5 играчи од кои ќе треба да одлучиме кој најмногу ќе одговара на тимот кој го склопуваме. Еве ги Џејми и Гери како го тестираат.

Во кариера сега самите ќе може да избираме во кои предсезонски натпреварувања ќе учествува нашиот тим, додадени се доста нови стадиони и секакви ситни подобрувања во играта.
Друга интересна новост е тоа што од оваа година, ќе може да се игра и со жени. Ќе има 12 женски репрезентации со кои ќе може да играме.




Го проба некој демото? Јас сега ќе го играм на ХВОХ, а после и на РС кога ќе го пуштат :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.748
Поени од реакции
13.965
Има некои новости, подобрувања во my player модот ?
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082
Ја пробав денес на ПС4, иста како лани, тука таму некој нов потег и некое ново движење, подобрени центаршутеви.. во глобала иста ми е како ФИФА 15.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.748
Поени од реакции
13.965
Значи ништо ново, исти кур. Да вложат барем 50% од тоа што 2K го вложува во my player модот би било одлично. Само на ултимејт и менаџер модот се фокусираат.
Јас највеќе ја играм ради my player пошто ми е скурчено да играм со цел тим и ми е доста поинтересно со еден играч.

Некако многу ми е колку ради реда направен. Нема никаква еуфорија додека го играш за разлика од 2К каде што буквално се внесуваш во играта. Овде е само next, next и играш, дали е финале ЛШ или предсезонска утакмица исти кур. Треба да внесат нешто како на 2к со социјалните мрежи, разговори со тренер или соиграч, пресконференција и сите овие работи да влијаат на играчот. Да се прави еуфорија пред големи утакмици итн...
Исто така не би било лошо да се воведе и да можеш да влезеш како замена во текот на играта, иако ова би било КРШ кога ќе го воведат сигурно. Ќе треба да чекаш 15-ти пач за да се среди. Ај може ќе биде до 2025.

Али и така немам машина за 15 и 16 па ќе си продужам со 14 и така се исто срање само ќе сменам состави :D
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
На прв поглед ми изгледа како многу подобра од Фифа 15 на која имав одиграно 800+ саати, брзината, одбраната, пасевите се е некако многу подобро избалансирано, гејмплејот изгледа побавен и се гледа дека е базиран пас игра и фала богу ги нема оние pace whores и пробивања со Ибарбо и Думбија. А и ФУТ драфт модот ми се свиѓа многу. Едвај чекам да излезе целосната верзија.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Одвај чекам да играм со жени за кога ќе примам дебилен гол и ќе се раздерам на играта "ПА ДОБРО БЕ ШТО ТИ Е??" да ми се појави pop up "Ништо не ми е бе...добро сум....."
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
99% иста игра, 1% визуелно подобрување. Ама ај не купувај ја :D
Изиграв неколку утакмици а од тие, гејмплеј ТОТАЛНО ист, пасеви, долги пасеви исто. Наткренатите за нијанса посредени. Pure шутот повеќе го нема (ова највероватно е така зошто се примаа нереални голови), подобрен шут на топката од прва. Корните исто се изменети за нијанса, апгрејдована анимацијата кога судиите даваат црвен/жолт картон. Оштетувањето на теренот исто така поприродно направено за разлика од 15ката каде после 70та минута не се играше од чкртаници.
За голманите уште неможам ништо да кажам, немам доволно тестирано али ако не се подобрени од 15ката жими све не планирам да го земам говново :D
Све беше ОК на 15ката (да речеме), али голманите толку идиотски беа направени што на моменти ме тераше и да ја избришам играта. Ако им се средени ТОП.
За жените што да кажам освен дека тотално идиотски потег. Па кој нормален ќе ти игра со жени бре? ОК, ќе изиграш една-две утакмици ради радозналост како би изгледала играта со жени.. ама да играш кариери, френдли итн итн со жени.. мислам WTF. Тоа време што го потрошиле (а гарантирам ништо не потрошиле) на жените нека направеле дополнителен мод као например френдли на две добијани дома-гости, или нешто како што имаше во времето на ПЕС, бираш 4 тимови и од нив си составуваш еден тим па се толчите френдли.
 

-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.191
Поени од реакции
837
PC Demo is out! Бтв ако више глеате фифа 16 видеа, ви ги препорачувам да ги ѕирнете видеата на Kazooie94, FifaRalle, Spencer FC.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Линк од демото, некој?
Направи си акаунт на Origin и шибај.

Многу е слична на Фифа15 но има некои подобрувања во гејмплејот кои ми се допаѓаат, веќе нема само спринт со крилата и дриблање со еден играч и право у гол, треба малце повеќе пасови и организирани акции. Моите играчи во одбрана исто играат многу подобро од ланската ФИФА, генерално целиот гејмплеј ми изгледа подобрен. Една работа што не ми се допаѓа остана иста, премалку фаули се судат, се толерира премногу груба игра, влечење и клизачи за кои нема никаква санкција.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.184
Поени од реакции
1.112
Има начин да се сменат контролите на PC?[DOUBLEPOST=1441951723][/DOUBLEPOST]Не е битно, се снајдов :D
 
Последно уредено:

nkL

The Creator
Член од
20 декември 2013
Мислења
34
Поени од реакции
7
Може да се изгаси некако тресењето на камерата коа ќе се дае гол? Мн замара тоа[DOUBLEPOST=1441995945][/DOUBLEPOST]
Одвај чекам да играм со жени за кога ќе примам дебилен гол и ќе се раздерам на играта "ПА ДОБРО БЕ ШТО ТИ Е??" да ми се појави pop up "Ништо не ми е бе...добро сум....."
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.372
Поени од реакции
42.562
Направи си акаунт на Origin и шибај.

Многу е слична на Фифа15 но има некои подобрувања во гејмплејот кои ми се допаѓаат, веќе нема само спринт со крилата и дриблање со еден играч и право у гол, треба малце повеќе пасови и организирани акции. Моите играчи во одбрана исто играат многу подобро од ланската ФИФА, генерално целиот гејмплеј ми изгледа подобрен. Една работа што не ми се допаѓа остана иста, премалку фаули се судат, се толерира премногу груба игра, влечење и клизачи за кои нема никаква санкција.
Како бе поарно, со Џони Расел и Боласи освоив Премиер Лига на 15ката. (со Лидс) Пуштај фора и не ги фаќа никој. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom