глупост е да се помисли дека некој после 3+ годишна врска за месец-два ќе го најде вистинскиот, според мене пореално е дека тој ,,вистински,, веќе бил пронајден од поодамна и со него на крајно лицемерен начин се одржувал некаков контакт...а можеби и самата таа лицемерна комуникација со третата личност довела до прекин на милион годишната врска, бидејќи колку да се трудиш да скриеш едноставно со партнерот си доста долго време за добро да те познава и за успешно да ги забележи твоите сомнителни испади. понекогаш тоа е тешко воочливо и може да помине незабележано, но со текот на времето старите навики ке почнат да се менуваат, се помалку време ќе се има за партнерот, а тоа е веќе сигурен знак дека нешто се случува. во вакви ситуации најдобро е да се инсистира на разговор и да се бара вистината....кога ќе се дознае болната вистина заедничките планови паѓаат во вода, следува емоционална криза, најчесто обидите да се спаси нешто се јалови...бидејќи во главата на партнерот кој има интерес да излезе од врската тоа е веќе познато разработено сценарио и тој е глув за молбите на скршениот партнер кој останува со прстот во уста...но често се случува овој првиот да се покаже како крајно несмасен и неспособен режисер на филм чија подготовка трае се на се околу 3 месеци...ваквите ,,план Б,, филмови најчесто се вистинско фијаско...