помалку се чуствува промена на курсот во кој се движеше и требаше да се движи темава...почнавме да зборуваме за некогаш и сега и тоа е најголемата грешка што нашиве млади денеска можат да ја направат. постои драстична промена на навиките во изминатиов половина век до денес и во никој случај не треба да се споредувате со вашите родители, баби и дедовци, стрини, вујковци...инаку ќе се најдете во безизлезна ситуација. бидејќи пред неколку децении било сосема нормално да си веќе оженет штом се вратиш од војска значи со некои 19-20 години и било сосема нормално да се буткаат минимум три генерации луѓе од една фамилија во куќичка од две одајчиња или стан...значи неплански во какви услови ќе се живее, битно да си го најдеш ти твојот ДОЖИВОТЕН сопатник во рекордно време кој ќе може да ти изроди дечиња за радост на баба и дедо и кој ќе може да ја одмени мајкати во вршењето на домашните работи додека ти со останатата машка популација од дотичната фамилија ќе ја вршиш теренската работа. едноставно борабата за опстанок не дозволувала никакво запловување во љубовни води на долги патеки. туку твоја должност е да се ожениш и да доведеш плус две способни раце за работа во куќата и плус една утроба која во интервал од неколку години или месеци ќе носи уште едно палаво внуче кое е плод на ,,неизмерната љубов,, според мене околината е најбитниот фактор што го трасирала патот на младите во тоа време, а не индивидуалните желби или размислувања...доколку се одделиш од масата веднаш си етикетиран како различен, а сите знаеме како е да бидеш избегнуван...ако не си оженет или си неспособен или си несалам...НО како што може да се забележи во голема мера мислењето меѓу нашиве млади не е комплетно променето, сеуште околината и те како има големо влијание во донесувањето на одлуките за влегување во врска или брак...постарите притискаат, не дека го прават тоа со лоша намера туку сакаат да помогнат не знаејќи при тоа дека многу повеќе одмагаат...бидејќи ТИ си тој што животот ќе го поклониш на некоја особа Х исто и таа особа Х ќе го стори тоа за тебе и многу е битно индивидуално сам да одлучиш штои и како...инаку да не се лажеме избирање на погрешен доживоен партнер според мене може да ги направиме и сами ние од две прости причини, а тие се: од избрзување и од преголема љубов...а можат и да се спојат двете во едно. имено доколку премногу слепо си заљубен, премногу розево гледаш на светот околу тебе, ситните недостатоци на партнерот се занемарлива константа, не ги забележуваш но тие траат вечно, бидејќи ретко кој може целосно да се промени...со текот на времето доаѓаат и првите тешкотии а недостатоците кај партнерот се повеќе ти стануваат очигледни, повеќе ги забележуваш, а помалку може да ги трпиш...не се тие ништо ново затоа и партнерот се навикнал на твоја толеранција и не се ангажирал нешто да промени, па се чуди на твоите реакции дека де ова ти смета де она...расправиите стануваат се пожестоки, а вие станувате се поискрени, веќе одамна не ги носите розевите наочари...