Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Не ти држи вода ова што ако сестраму претрпува насилство во бракот и сака да се разведе каде ке оде што ако куќата кај брат и е пуна? Под кирија? Или ќути и трпи
Ми се јади. Do sum about it.
 
Трол или не, се појасно ми е зашто на мажите им е докурчено од денешниве феминистки.

Закон за наследство на имот никаде не вика дека само на машко се остава. Тоа што имате заостанати и глупи родители не е проблем на феминизмот.
 
Така е. Не само што не препознава пол, законот има и категорија „нужно наследство“ и секој т.н. нужен наследник, без разлика на волјата на друг по таа „парентално - линеарна“ поставеност, може да бара и да добие половина од она што би му следувало.

Ама...не се спуштајте на ниво на некој шо поим нема и тресе од ракав. Ќе ве извади од такт, ќе почнете да вреѓате, со право, ама против правила и треба да опоменуваме. Прескокнувајте, а ако тролот спамира, ќе биде баниран.
 
Трол или не, се појасно ми е зашто на мажите им е докурчено од денешниве феминистки.

Закон за наследство на имот никаде не вика дека само на машко се остава. Тоа што имате заостанати и глупи родители не е проблем на феминизмот.
Самата тема кајгана е доказ дека и треба феминизам на нашата земја какви коментари па вие да имат женско дете ке му го сјебат мозокот уште на 2 годинки..
 
Ne veruvam deka postoi brat sho ke ja ostai sestra si na ulica ako mazot i ja tepa.
Не верувам дека пости брат што ќе го остаи цел тој што дигнал рака на сестра му.
Карил не му бега.
Автоматски споено мислење:

Трол или не, се појасно ми е зашто на мажите им е докурчено од денешниве феминистки.
:cuc:
 
Трол нетрол, еве некои историски информации за наследното право од Правен факултет. Развој на наследното право постои и тоа до скоро главно на страната на машките потомци. Истото влече корени, да не одиме подалеку, од античка грција, религиозните правила...

На балканот бил применуван Српски граѓански законик од 1844 во кој имало голема нерамноправност при наследување на машки и женски деца. Иако имало реформи во СФРЈ со Закон за наследување и Уставни амандмани во однос на наследно право, кај нас до пред некоја деценија наголемо се применувало тоа патријархално непишано наследно право, посебно ако родителот имал само еден недвижен имот. Барем 80% од браковите во улицата или кај оние што ги знам како влегле во брак, беа такви. Што значи до скоро беше традиција која, како жената, мајка, ќерка се освестуваат, се повеќе се напушта.
Накратко, традиција било и сеуште негде е. Да не интерпетирам, имате линк.
 
Последно уредено:
Искрено, до некаде се обидувам да и ја доловам поентата на @hellouyyy . Само мислам дека на погрешен начин го искажува тоа.

Ако феминизмот е тука, зошто тогаш најголемиот процент на невработени се од женската популација?

Ако феминизмот е тука, зошто тогаш најголемиот процент од станови/куќи се на име на машката популација?

Ако феминизмот е тука, зошто тогаш се очекува од мене да побрзам со остварувањето како мајка, сугерирајќи дека биолошкиот часовник ми отчукува?

Ако феминизмот е тука, зошто тогаш @callejón de la muerte , дојде во темава сугерирајќи дека женската популација е интелектуално инфериорна во однос на машката, бидејќи не коментирале на темите за Првата и Втората светска војна?

Ако феминизмот е тука, зошто тврдиме дека нашите затупени родители не се проблем на феминизмот?
Тогаш, како јас да очекувам моите родители мене да ме научат да се борам за своите права и како јас да ги научам моите деца да се борат за своите права? Како да ја научам мојата ќерка да ги следи своите соништа, ако нејзина желба е да биде пилот? Како да ја научам мојата ќерка да биде добра мајка, ако не се избори за тоа што го сака? Како да ја научам мојата ќерка да се сака и почитува, ако јас не ја сакам, почитувам и ја дискриминирам во однос на нејзиниот брат?

Борба за социјални, политички и екномски права на жената, ете тоа е феминизмот. Нешто што се залага за рамноправност и едднаквост. Право на избор.
 
Како ти да земаш иста плата со мене ако сум десет пати подобар од тебе у секој аспект? Нема ништо еднакво тука меѓу нас.
 
Ако феминизмот е тука, зошто тогаш се очекува од мене да побрзам со остварувањето како мајка, сугерирајќи дека биолошкиот часовник ми отчукува?
Zatoa sto zenite se plodni do 40-45 godini, i kolku pokasno rodis tolku pogolemi se shansite za komplicirana bremenost a i genetski problemi.

Feminizamot ne moze da smeni biologija.
 
Па не зборувам за борба меѓу мажите и жените во биолошка смисла и бришење на родовите улоги. Зборувам за право на избор, индивидуалност и свои одлуки кога станува збор за женското тело и животот на жената. И не само право на избор, туку и еднакви права, во смисла на вработување, школување, односот кон жената како субјект, а не како објект.

Ако сакам да бидам мајка ќе бидам, ако не, не морам.
Ако сакам да бидам пилот, ќе бидам, ако не, не морам.
Ако сакам да бидам домаќинка, ќе бидам, ако не, не морам.
 
А кој те тера?
 
Последно уредено од модератор:
Искрено, до некаде се обидувам да и ја доловам поентата на @hellouyyy . Само мислам дека на погрешен начин го искажува тоа.

Ако феминизмот е тука, зошто тогаш најголемиот процент на невработени се од женската популација?

Ако феминизмот е тука, зошто тогаш најголемиот процент од станови/куќи се на име на машката популација?

Ако феминизмот е тука, зошто тогаш се очекува од мене да побрзам со остварувањето како мајка, сугерирајќи дека биолошкиот часовник ми отчукува?

Ако феминизмот е тука, зошто тогаш @callejón de la muerte , дојде во темава сугерирајќи дека женската популација е интелектуално инфериорна во однос на машката, бидејќи не коментирале на темите за Првата и Втората светска војна?

Ако феминизмот е тука, зошто тврдиме дека нашите затупени родители не се проблем на феминизмот?
Тогаш, како јас да очекувам моите родители мене да ме научат да се борам за своите права и како јас да ги научам моите деца да се борат за своите права? Како да ја научам мојата ќерка да ги следи своите соништа, ако нејзина желба е да биде пилот? Како да ја научам мојата ќерка да биде добра мајка, ако не се избори за тоа што го сака? Како да ја научам мојата ќерка да се сака и почитува, ако јас не ја сакам, почитувам и ја дискриминирам во однос на нејзиниот брат?

Борба за социјални, политички и екномски права на жената, ете тоа е феминизмот. Нешто што се залага за рамноправност и едднаквост. Право на избор.

1. Не знам од каде ја вадиш таа статистика, зашто моја генерација (родени 90ти) скоро и да не познавам некоја што не работи, било што. Ако статистиката е за постари жени, тогаш иде проблемот со нашата култура/традиција/затупеност, како сакаш наречи ја, каде што женските деца ретко се школувале после средно, немале исти можности ко машките деца, домаќинки, седеле дома и чувале деца. Значи овде работите се тргнати кон еднаквост, кон тоа ти да имаш избор дали ќе работиш или не.
Има и такви кајшто мажот работи, тие не, си гледаат децата и тоа е пак нивен избор, зашто да бидеме реални, не на секој му се работи, и некои се задоволни од таа една плата, па зашто да се мачат. Пак, нивен избор.

2. Ова веќе е кажано зашто и како. Пак е проблем културата на народот. Во глобала, кај нас законите се пред културата што ја имаме.

3. Мислам дека си медицинско лице ако не се лажам, па ова ти треба нас да ни го објаснуваш или пак воопшто да не ти текне да го мешаш со темава. Нигде не вика дека ти мораш да се оствариш ко мајка, апсолутно никој не те приморува на тоа. Пак, твое право. Али ако сакаш да си ги искористиш преостанатите јајце клетки што ги имаш, тешко дека на 40 години кога си пред менопауза, ќе можеш тоа да го направиш.

4. За последново, родителите и средината, детето не може да ја бира. Мене пример, ме има одгледано човек што на мапа не можам да му го најдам селото кајшто е роден, па пак е најголем феминист што јас го познавам, појак од сите жени кои сум ги сретнала. Значи не е секогаш дека мора да гледаш пример како треба да се однесуваш кон децата, поготово женските. Јас сите коментари скоро во животов што сум ги слушнала на кои сум свртела очи иделе од жени. Образовани, рашетани, демек без предрасуди, али жени.

Мене не ми се допаѓа фурањево на феминизмот во погрешна насока зашто иде до некоја селективна омраза кон мажите. Да, жените се повеќе од самостојни денес и способни за било што, али тоа не значи дека треба да се минимизира улогата на мажите, во семејството посебно. Дури и мислам дека таа конекција што женското дете ја има со таткото ја прави уште самоуверена за понатака во животот.
 
А кој те тера?
Како бе кој ја тера??
Општеството.
Зар не го гледаше спотот пред некое време што излезе?
Во него, Синтија Никсон која е најпозната по својата улога во Сексот и градот, серија што пропагира промискуитетност и многу убаво ги доловува катастрофалните карактеристики на жените, цитира пораки од општеството и што сè треба да „трпат“ жените?
Сè им се наметнува, не знам како преживуваат...
 
1. Не знам од каде ја вадиш таа статистика, зашто моја генерација (родени 90ти) скоро и да не познавам некоја што не работи, било што. Ако статистиката е за постари жени, тогаш иде проблемот со нашата култура/традиција/затупеност, како сакаш наречи ја, каде што женските деца ретко се школувале после средно, немале исти можности ко машките деца, домаќинки, седеле дома и чувале деца. Значи овде работите се тргнати кон еднаквост, кон тоа ти да имаш избор дали ќе работиш или не.
Има и такви кајшто мажот работи, тие не, си гледаат децата и тоа е пак нивен избор, зашто да бидеме реални, не на секој му се работи, и некои се задоволни од таа една плата, па зашто да се мачат. Пак, нивен избор.
Да, во право си. Во денешно време секој втор е факултетски образован. Но, колку од жените, без разлика дали имаат или немат диплома седат дома, чуваат деца и живеат од платата на мажот? Да не се разбереме грешно, воопшто немам ништо против домаќинките, чувањето и одгледувањето деца, но зошто тоа под дифолт се очекува од мајката? Зошто не е обратно?

Гледам дека целосно погрешен заклучок си извлекла од мојот пост. И јас сум против радикален феминизам. Јас не ги мразам мажите и не мислам дека жените треба да бидат супериорни во однос на мажите. Тоа ми еднакво на шовинизам, примитивизам и малограѓанштина.

Еве, вака да го проформулирам прашањето.
Зошто мажите немаат едднакво право на породилно отсуство како и жените? И татковската фигура е еднакво битна во родителствувањето и воспитувањето на детето.

Работите се тргнати кон еднаквост, ама не е така. Повеќе ми изгледа како амбиција за еднаквост.

2. Ова веќе е кажано зашто и како. Пак е проблем културата на народот. Во глобала, кај нас законите се пред културата што ја имаме.
Културата на народот и малограѓанштината на општеството, се согласувам, исто како што ги спомна нашите родители со нивните затупени сфаќања. И тоа секако е проблем на феминизмот. А пишав и зошто. Ако јас како мајка утре не го научам моето дете, да се сака, цени и почитува, тогаш кој ќе го стори тоа?
Тоа е секако нешто на кое што мора многу да се работи. Само тешко дека целосно ќе се изолира.

3. Мислам дека си медицинско лице ако не се лажам, па ова ти треба нас да ни го објаснуваш или пак воопшто да не ти текне да го мешаш со темава. Нигде не вика дека ти мораш да се оствариш ко мајка, апсолутно никој не те приморува на тоа. Пак, твое право. Али ако сакаш да си ги искористиш преостанатите јајце клетки што ги имаш, тешко дека на 40 години кога си пред менопауза, ќе можеш тоа да го направиш.
Како мислиш воопшто да не ми текне да го мешам во темава? Дали си ти свесна дека постојат жени во светот кои се третираат само како машини за раѓање деца? Јас земав еден банален пример од нашето општество. Зборуваме за феминизам, еднакви права и рамноправност, а постапките од секојдневието и меѓучовечките односи ни го покажуваат токму спротивното.

Без разлика дали сум медицинско лице или не, секоја жена е свесна дека времето кога сака да се оствари како мајка и е ограничено, ама тоа не значи дека некој треба да ја потсетува од страна, што, како, кога и зошто треба да го реализира тоа. Пак ќе кажам, право на избор и никој нема право да се меша во тоа. И да очекува нешто од некој друг.

4. За последново, родителите и средината, детето не може да ја бира. Мене пример, ме има одгледано човек што на мапа не можам да му го најдам селото кајшто е роден, па пак е најголем феминист што јас го познавам, појак од сите жени кои сум ги сретнала. Значи не е секогаш дека мора да гледаш пример како треба да се однесуваш кон децата, поготово женските. Јас сите коментари скоро во животов што сум ги слушнала на кои сум свртела очи иделе од жени. Образовани, рашетани, демек без предрасуди, али жени.
Апсолутно. Најголемите феминисти кои ги познавам се мажи. Здрави, прави, мажествени, хетеросексуалци. И никој не ги смета за помалку мажествени заради тоа.

Проблемот е во невоспитаните мажи кои ги потценуваат жените.
И проблемот е во оние застарените сфаќања дека жените се за дома, а мажите за надвор.
И уште една класификација, да не излезе дека жените целосно ги изолирам. Имаш такви паразити од женски створења, што буквално го користат својот полов орган за да си најдат богат маж и да си живеат на неговиот грб. Немам ништо и против нив, нели секој си има право да си го регулира начинот на живот, но навистина не ми се симпатични.

Поента на целиот пост ми беше иронијата на нештата кои ни се случуваат во нашата непосредна околина, а ние зборуваме за феминизам. А феминизамот е тоа, еднакви економски, социјални и политички права, а не примитивизам, шовинизам и малограѓанштина.
 
@CoolIris , да не те цитирам за се поединечно.

Под дифолт тоа се очекува од мајката, пред се зашто во првата година детето е буквално врзано за нејзе, не гледам како татко или било кој друг во тој период може да ја замени мајката. Ко жени сме погрижливи за сите околу нас, не само за децата, па можеби и тоа игра улога. Не мислам дека нема обратни случаи, јас во одделение пред 20 години имав неколку деца кои беа чувани од татковците, додека мајките работеа.
За породилно, мислам дека во државава имаат едно од најдолгите што ги имаат жените. За мажите не сум запознаена и да не тропам од ракав, но мислам дека сега и тие можат да земат некој месец. А зашто тоа не е еднакво, веќе пишав кој е побитен да е околу детето во првата година.

Коментари околу раѓање, деца и слично, јас игнорирам. Одамна ми е јасно дека тоа е моја приватна работа, а и јасно ми е дека не можам да им го сменам мислењето на било кој. Да напоменам, сите вакви коментари се од жени, значи тие самите треба да поработат на случајот како ги гледаат другите жени околу нив.

За другото, се согласуваме дека не е во ред и дека треба време да се смени. Јас мислам дека е на добар пат и дека денешниве генерации нема да го мелат истото што го мелат постарите.

И последно, јас зборувам за нашава држава, а не како е во другите земји, религии и слично. Јас сум среќна дека не сум се родила на пример во Саудиска Арабија каде жените добија право да полагаат за возачка пред година. Али јас од тука не можам да се поврзам со нивните проблеми и тоа треба да си го средат нивните политички системи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom