Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Да, во право си. Во денешно време секој втор е факултетски образован. Но, колку од жените, без разлика дали имаат или немат диплома седат дома, чуваат деца и живеат од платата на мажот? Да не се разбереме грешно, воопшто немам ништо против домаќинките, чувањето и одгледувањето деца, но зошто тоа под дифолт се очекува од мајката? Зошто не е обратно?

Гледам дека целосно погрешен заклучок си извлекла од мојот пост. И јас сум против радикален феминизам. Јас не ги мразам мажите и не мислам дека жените треба да бидат супериорни во однос на мажите. Тоа ми еднакво на шовинизам, примитивизам и малограѓанштина.

Еве, вака да го проформулирам прашањето.
Зошто мажите немаат едднакво право на породилно отсуство како и жените? И татковската фигура е еднакво битна во родителствувањето и воспитувањето на детето.

Работите се тргнати кон еднаквост, ама не е така. Повеќе ми изгледа како амбиција за еднаквост.

Културата на народот и малограѓанштината на општеството, се согласувам, исто како што ги спомна нашите родители со нивните затупени сфаќања. И тоа секако е проблем на феминизмот. А пишав и зошто. Ако јас како мајка утре не го научам моето дете, да се сака, цени и почитува, тогаш кој ќе го стори тоа?
Тоа е секако нешто на кое што мора многу да се работи. Само тешко дека целосно ќе се изолира.

Како мислиш воопшто да не ми текне да го мешам во темава? Дали си ти свесна дека постојат жени во светот кои се третираат само како машини за раѓање деца? Јас земав еден банален пример од нашето општество. Зборуваме за феминизам, еднакви права и рамноправност, а постапките од секојдневието и меѓучовечките односи ни го покажуваат токму спротивното.

Без разлика дали сум медицинско лице или не, секоја жена е свесна дека времето кога сака да се оствари како мајка и е ограничено, ама тоа не значи дека некој треба да ја потсетува од страна, што, како, кога и зошто треба да го реализира тоа. Пак ќе кажам, право на избор и никој нема право да се меша во тоа. И да очекува нешто од некој друг.

Апсолутно. Најголемите феминисти кои ги познавам се мажи. Здрави, прави, мажествени, хетеросексуалци. И никој не ги смета за помалку мажествени заради тоа.

Проблемот е во невоспитаните мажи кои ги потценуваат жените.
И проблемот е во оние застарените сфаќања дека жените се за дома, а мажите за надвор.
И уште една класификација, да не излезе дека жените целосно ги изолирам. Имаш такви паразити од женски створења, што буквално го користат својот полов орган за да си најдат богат маж и да си живеат на неговиот грб. Немам ништо и против нив, нели секој си има право да си го регулира начинот на живот, но навистина не ми се симпатични.

Поента на целиот пост ми беше иронијата на нештата кои ни се случуваат во нашата непосредна околина, а ние зборуваме за феминизам. А феминизамот е тоа, еднакви економски, социјални и политички права, а не примитивизам, шовинизам и малограѓанштина.
Уште нема најдено чаре мажите да раѓаат, затоа мора жената да го роди детето, а ако не сакаш твое право е дали ќе раѓаш или не и уште повеќе право на тој што е со тебе дали сака да го прифати тоа или ќе си бара друга која ќе сака да му роди дете.

Мажите мислам дека и кај нас имаат право да земаат породилно отсуство, ваљда зависи и од компанијата, ама во IT светот познавам мажи што земаат отсуство да го чуваат детето.

Друга работа, ако има некаде во светот, одете да се жалите таму, ете запали авионот и оди до Саудиска Арабија да им објасниш како треба, јас тука не гледам дека некому нешто му недостига.

Дури сметам дека на голем дел од жените им годи тоа и тие таквите уште пред да се омажат пазат за кого се мажат (примарно им е да е добро ситуиран за да не мора тие да работат).

А зошто еве за во полиција жените имате полесен тест? Или криминалецот ќе ви попушта кога ќе го бркате бидејќи сте жени?

-Проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 склекови за 10 секунди, најмалку 16 стомачни подигања за 30 секунди, скок во далечина од место со минимална должина од 220см, спринт на 20 метри за најмалку 3,35 секунди, спринт на 100 метри за најмалку 15 секунди и трчање на 1500 метри за најмалку 5,25 минути и за жени: најмалку 6 склекови за 10 секунди, најмалку 12 стомачни подигања за 30 секунди, скок во далечина од место со минимална должина од 160 см, спринт на 20 метри за најмалку 3,50 секунди, спринт на 100 метри за најмалку 18 секунди и трчање на 800 метри за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата)
 
Да, во право си. Во денешно време секој втор е факултетски образован. Но, колку од жените, без разлика дали имаат или немат диплома седат дома, чуваат деца и живеат од платата на мажот? Да не се разбереме грешно, воопшто немам ништо против домаќинките, чувањето и одгледувањето деца, но зошто тоа под дифолт се очекува од мајката? Зошто не е обратно?
Вака сеа, сите имаат диплома и дипломата ти служи за седење на полица ако не се снајдеш. Не е битно дали си маж или жена.
Жените седат дома и чуваат деца како нивен избор, т.е доколку нивниот сопруг има добри-јаки примања и жената може да си го дозволи тој ЛУКСУЗ да биде домаќинка. Никој не го очекува тоа Мајката да седи дома и да го чува детето. Од друга страна ако малце барем погледнеш
Кога на пример Жена ми ќе биде трудна т.е пред да се породи добива 9 месеци породилно боледување (што тотално го оправдувам) дур јас како сопруг и татко ако добијам и 1 недела треба да им кажам фала (90% од фирмите само 1-2 дена ти даваат). Мајката ако детенцето е болно може да земе боловање сместа, без никој збор да и каже (таткото може само во не дај боже ситуации којшто не сакам да ги коментирам воопшто, на никој не му ги пожелувам). Мајката законски има 30 минути од работното време слободни за доење на детето од кога ќе и заврши трудничкото боледување. Мајката којашто има дете до 2 години мислам беше не смее да работи трета смена, за втора исто мислам во 1вата година дека не смееше само да не те излажам.

Пази, ги поддржувам сите овие закони што ги има, дури треба и повеќе да се даде (при породилното особено), но тука лежи зајакот. Дур жена ми ќе има 7-8 месеци платено боледување од кога ќе се роди детето и после тоа повеќе права и ќе биде и заштитена со закон (што и мора да е така) Јас ќе морам да идам на работа цело време наместо да бидам дома и да и помогнам на мојата сопруга со одгледување на детето бидејки мене како маж/татко од државата не ми следува ништо, а од зависност во која компанија работиш највише што можеш да добиеш се пак же ти кажам, 7 дена, 1 недела со твоето новороденче. Па сеа ако си спојуваш со одмор и со се максимум колку ќе ти дое ? 1 месец?

Од сам старт жената е повеќе фаворизирана кога доаѓа до одгледување на децата. И јас би сакал тоа да се промени, и јас би сакал заедно со мојата сопруга и со (здравје кога ќе имам) детето мое да поминувам повеќе време, но јас ќе морам да издржам и да идам на работа за да можам да придонесам и финансиски пошто јасно ни е дека во Македонија со 1 плата особено преку завод кога иде не може да се гледа семејство а не особено со мало детенце.
И не го заборавај тоа дека баш ради вакви работи и при евентуален развод над 80% од децата завршуваат кај мајката иако во дел од случаевите Таткото е финансиски постабилен и слично. Во превод судот при разводи скоро секогаш ја фаворизира мајката кога доаѓа до борба за старателство.
Те сметам за разумен член тука на форумов, се надевам дека ме сфати што сакав да ти кажам.
 
А зошто еве за во полиција жените имате полесен тест? Или криминалецот ќе ви попушта кога ќе го бркате бидејќи сте жени
Веројатно затоа што така сме воспитани од дома. Ете гледаш и таму нема еднаквост.

Имаш " не биди пи*ка " vs " немаш ташаци за да го направиш тоа ".
 
Веројатно затоа што така сме воспитани од дома. Ете гледаш и таму нема еднаквост.

Имаш " не биди пи*ка " vs " немаш ташаци за да го направиш тоа ".
Не туку и овој едвај го минуваате, едноставно е, физички сте инфериорни (со чест на чат пат по некој исклучок).
 
Не туку и овој едвај го минуваате, едноставно е, физички сте инфериорни (со чест на чат пат по некој исклучок).
Па не реков дека сме физички супериорни. Разлика од биолошки аспект, никаде не негирам.

Како и да е, верувам постојат и жени кои се далеку поспремни во физичка смисла од мажите.
 
Коментари околу раѓање, деца и слично, јас игнорирам. Одамна ми е јасно дека тоа е моја приватна работа, а и јасно ми е дека не можам да им го сменам мислењето на било кој. Да напоменам, сите вакви коментари се од жени, значи тие самите треба да поработат на случајот како ги гледаат другите жени околу нив.
Нееее. Мене ми е омилена фраза да им кажам на оние што се накај 30 а уште ништо нема, „ајде, отчукува биолошкиот часовник“.
Многу е лесно така коа се замарам со туѓ живот.
Плус, имам апсолутно 0 емпатија ако поради здравствени причини не можат да родат или имале спонтани абортуси, а глумеле приватност и срам па не дошла таа информација до мене, додека за Закерберг цел свет знае.
Е сега, би ми паднало малку незгодно ако после фразата се изјаснат...
 
Што добиваш ко одговор на таа фраза? Што е реакцијата на жените?
 
Па не реков дека сме физички супериорни. Разлика од биолошки аспект, никаде не негирам.

Како и да е, верувам постојат и жени кои се далеку поспремни во физичка смисла од мажите.
Пази, не гледаме во овој случај поединци, ниту ги споредуваме поединци, дури и како така секогаш на секоја спремна жена ќе се најде барем еден контра кандидат маж со поголема физичка подготвеност (види која е застапеноста на специјални единици, боречки вештини и тн).

Факт е дека во државава ги имате и уживате сите права и секоја дополнителна дискусија мислам дека е непотребна за кај нас.
За земји кои се заостанати во овој поглед, бујрум може да пробате да им помогните на тамошните жени.
 
Под дифолт тоа се очекува од мајката, пред се зашто во првата година детето е буквално врзано за нејзе, не гледам како татко или било кој друг во тој период може да ја замени мајката.
Ниту таткото може да ја замени мајката, ниту мајката таткото. Двајцата се подеднакво важни во било кој период од животот на детето. И мајката сака да го гледа детето како расте и таткото исто.

Коментари околу раѓање, деца и слично, јас игнорирам. Одамна ми е јасно дека тоа е моја приватна работа, а и јасно ми е дека не можам да им го сменам мислењето на било кој. Да напоменам, сите вакви коментари се од жени, значи тие самите треба да поработат на случајот како ги гледаат другите жени околу нив.
Значи, жените на крајот на краиштата сами сме си криви за положбата во општеството и перцепцијата во очите на другите. Да, во право си. Се додека мајката го воспитува синот да биде паразит....да му спрема јадење, да раскрева позади него, а синот само да ужива и да гледа телевизија, така ќе биде. Од друга страна, таа пере, пегла, спрема ручек, чисти и оди на работа. Евентуално, ако има ќерка, може да се замеша во кујната, ама синот никако, скраја да е!

И последно, јас зборувам за нашава држава, а не како е во другите земји, религии и слично. Јас сум среќна дека не сум се родила на пример во Саудиска Арабија каде жените добија право да полагаат за возачка пред година. Али јас од тука не можам да се поврзам со нивните проблеми и тоа треба да си го средат нивните политички системи
Среќна сум и јас секако! Далеку од тоа дека не уживаме многу од правата! Јасно ми е. Ама истовремено сум свесна дека постојат држави во светот каде што девојчињата на 12 години се присилени да се венчаваат со неколку децении постар маж, лишени од право на детство, образование, избор. И не можам да бидам рамнодушна на тоа.
 
Што добиваш ко одговор на таа фраза? Што е реакцијата на жените?
Молчат, благо се насмевнуваат, „има време“ или брзо менуваат тема. Досега се нема некоја навредено, или барем не ми дала до знаење, хаха.
 
Молчат, благо се насмевнуваат, „има време“ или брзо менуваат тема. Досега се нема некоја навредено, или барем не ми дала до знаење, хаха.

Можат и тие да го прашаат истото.
Мене не ми е пријатно да прашувам такви работи, освен ако некој сам не почне муабет за тоа. Не ме ни интересира искрено.
 
Пази, не гледаме во овој случај поединци, ниту ги споредуваме поединци, дури и како така секогаш на секоја спремна жена ќе се најде барем еден контра кандидат маж со поголема физичка подготвеност (види која е застапеноста на специјални единици, боречки вештини и тн).

Факт е дека во државава ги имате и уживате сите права и секоја дополнителна дискусија мислам дека е непотребна за кај нас.
За земји кои се заостанати во овој поглед, бујрум може да пробате да им помогните на тамошните жени.
Знаеш...
Постојат мажи околу нас, на кои кога ќе му спомнеш феминизам и еднакви права одговараат со " правата никој не ви ги брани, ваше е да си ги земите ".
Е со такви мажи ми е ќејф да разговарам!

И од друга страна ги имаш примитивците кои се научени на робовладетелски начин на живот. И мажи и жени. Само и само општеството ги прави мажите и жените неспособни за живот.

Мое лично мислење е дека, луѓето треба да бидат еднакви, без разлика на пол, вера, раса. Прво и најважно е да бидеш човек, а потоа се друго.
 
Мое лично мислење е дека, луѓето треба да бидат еднакви, без разлика на пол, вера, раса. Прво и најважно е да бидеш човек, а потоа се друго.

Може нешто побанално од ова да кажеш? Сериозно, не ви е малку незгодно кога кажувате вакви празни, глупи, досадни фрази? Јас да напишам нешто вака банално би се казнил со еден оброк помалку денес.
 
Може нешто побанално од ова да кажеш? Сериозно, не ви е малку незгодно кога кажувате вакви празни, глупи, досадни фрази? Јас да напишам нешто вака банално би се казнил со еден оброк помалку денес.
Според твојата логика треба да бидеш на строг пост цела недела.

Освен обидите да бидеш вицкаст и комичен, ништо паметно не кажа на темава. Побанално нешто од тоа нема. Затоа те игнорирам. :)
 
Среќна сум и јас секако! Далеку од тоа дека не уживаме многу од правата! Јасно ми е. Ама истовремено сум свесна дека постојат држави во светот каде што девојчињата на 12 години се присилени да се венчаваат со неколку децении постар маж, лишени од право на детство, образование, избор. И не можам да бидам рамнодушна на тоа.
ми се гади од вакви обвинувања кон муслиманите
бљак
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom