1. Не знам од каде ја вадиш таа статистика, зашто моја генерација (родени 90ти) скоро и да не познавам некоја што не работи, било што. Ако статистиката е за постари жени, тогаш иде проблемот со нашата култура/традиција/затупеност, како сакаш наречи ја, каде што женските деца ретко се школувале после средно, немале исти можности ко машките деца, домаќинки, седеле дома и чувале деца. Значи овде работите се тргнати кон еднаквост, кон тоа ти да имаш избор дали ќе работиш или не.
Има и такви кајшто мажот работи, тие не, си гледаат децата и тоа е пак нивен избор, зашто да бидеме реални, не на секој му се работи, и некои се задоволни од таа една плата, па зашто да се мачат. Пак, нивен избор.
Да, во право си. Во денешно време секој втор е факултетски образован. Но, колку од жените, без разлика дали имаат или немат диплома седат дома, чуваат деца и живеат од платата на мажот? Да не се разбереме грешно, воопшто немам ништо против домаќинките, чувањето и одгледувањето деца, но зошто тоа под дифолт се очекува од мајката? Зошто не е обратно?
Гледам дека целосно погрешен заклучок си извлекла од мојот пост. И јас сум против радикален феминизам. Јас не ги мразам мажите и не мислам дека жените треба да бидат супериорни во однос на мажите. Тоа ми еднакво на шовинизам, примитивизам и малограѓанштина.
Еве, вака да го проформулирам прашањето.
Зошто мажите немаат едднакво право на породилно отсуство како и жените? И татковската фигура е еднакво битна во родителствувањето и воспитувањето на детето.
Работите се тргнати кон еднаквост, ама не е така. Повеќе ми изгледа како амбиција за еднаквост.
2. Ова веќе е кажано зашто и како. Пак е проблем културата на народот. Во глобала, кај нас законите се пред културата што ја имаме.
Културата на народот и малограѓанштината на општеството, се согласувам, исто како што ги спомна нашите родители со нивните затупени сфаќања. И тоа секако е проблем на феминизмот. А пишав и зошто. Ако јас како мајка утре не го научам моето дете, да се сака, цени и почитува, тогаш кој ќе го стори тоа?
Тоа е секако нешто на кое што мора многу да се работи. Само тешко дека целосно ќе се изолира.
3. Мислам дека си медицинско лице ако не се лажам, па ова ти треба нас да ни го објаснуваш или пак воопшто да не ти текне да го мешаш со темава. Нигде не вика дека ти мораш да се оствариш ко мајка, апсолутно никој не те приморува на тоа. Пак, твое право. Али ако сакаш да си ги искористиш преостанатите јајце клетки што ги имаш, тешко дека на 40 години кога си пред менопауза, ќе можеш тоа да го направиш.
Како мислиш воопшто да не ми текне да го мешам во темава? Дали си ти свесна дека постојат жени во светот кои се третираат само како машини за раѓање деца? Јас земав еден банален пример од нашето општество. Зборуваме за феминизам, еднакви права и рамноправност, а постапките од секојдневието и меѓучовечките односи ни го покажуваат токму спротивното.
Без разлика дали сум медицинско лице или не, секоја жена е свесна дека времето кога сака да се оствари како мајка и е ограничено, ама тоа не значи дека некој треба да ја потсетува од страна, што, како, кога и зошто треба да го реализира тоа. Пак ќе кажам, право на избор и никој нема право да се меша во тоа. И да очекува нешто од некој друг.
4. За последново, родителите и средината, детето не може да ја бира. Мене пример, ме има одгледано човек што на мапа не можам да му го најдам селото кајшто е роден, па пак е најголем феминист што јас го познавам, појак од сите жени кои сум ги сретнала. Значи не е секогаш дека мора да гледаш пример како треба да се однесуваш кон децата, поготово женските. Јас сите коментари скоро во животов што сум ги слушнала на кои сум свртела очи иделе од жени. Образовани, рашетани, демек без предрасуди, али жени.
Апсолутно. Најголемите феминисти кои ги познавам се мажи. Здрави, прави, мажествени, хетеросексуалци. И никој не ги смета за помалку мажествени заради тоа.
Проблемот е во невоспитаните мажи кои ги потценуваат жените.
И проблемот е во оние застарените сфаќања дека жените се за дома, а мажите за надвор.
И уште една класификација, да не излезе дека жените целосно ги изолирам. Имаш такви паразити од женски створења, што буквално го користат својот полов орган за да си најдат богат маж и да си живеат на неговиот грб. Немам ништо и против нив, нели секој си има право да си го регулира начинот на живот, но навистина не ми се симпатични.
Поента на целиот пост ми беше иронијата на нештата кои ни се случуваат во нашата непосредна околина, а ние зборуваме за феминизам. А феминизамот е тоа, еднакви економски, социјални и политички права, а не примитивизам, шовинизам и малограѓанштина.