Актуелно имаше мислам лице со дијагноза параноидна шизофренија, си ја уби мајка си. Никој не го оправдува тоа грозоморно дело, но факт е дека тоа лице е непресметливо и дека болеста и тоа како влијаела на неговото расудување и однесување.
НЕ се оправдува, само се пробува да се продлабочи позадината на сето тоа.
Таквите лица треба доживотно да бидат сместени во психијатриска установа.
Психозата целосно може да ти го искриви односот со реалноста и перцепцијата за тоа што е нормално, а што не е. Сум имала пациенти со параноидна шизофренија, и ако не збориш со нив на нивно ниво, стануваат раздразливи и агресивни. Космичка сила, вселенски бродови, вонземјани. Не им ги потврдуваш муабетите, но не им ги ни оспоруваш.
Ама на крај краева има лица стручни кои треба да покажат и докажат каква им е позадината, и врз основа на тоа да им се суди.