Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Фасцинантно е како кога жена ќе се пожали на неправда е преосетлива, ама кога маж од Гугл ќе го избркаат оти ширел стереотипи за колешките он одма е трагична жртва на системот.
Google и останатите такви имаат women in tech или women in procurement, marketing итн, зависно од дејноста на компанијата или што сакаат во фокус, ама имаат многу такви women in Х семинари и работилници кои промовираат жени, се нетворкинг за жени, и си се најмуваат по истите бидејќи се жени. Барав јас за мене да најдам мажи во tech или finance, но не ми се појавија многу резултати, можеби ти ќе можеш да ми кажеш зошто? Бидејќи кога има отворени денови никогаш не е за МАЖИ во рударството, туку е семинар за вадење руда без разлика на полот. Има и по некоја плава жена, но тие мислат е за бркање во нос. Го злоупотреувам шовинистичкиот пас додека не истече, морав. Јас имав менаџерка која ми вработуваше само жени и не беше политички коректна со тоа бидејќи бевме блиски и после неколу шотеви сме ги имале со неа и други муабетите на долго и широко, особено кога знаат дека нема да правам драма околу тука туку дека само менталната гимнастика ми е интересна. Жените можеби ќе се предадат една со друга во прва прилика, но секогаш ќе го имаат мажот како заеднички непријател и ќе си го чуваат грбот бидејќи сеуште мислат дека ако немаат успех во качување позиции е оти се жени а не некомпетентни, сеуште мислат дека не заработуваат како мажите на исти позиции бидејќи се жени, што исто така не е точно бидејќи имам увид во сите плати, и сеуште мислат дека не ги вработува некој поради ризикот за да не останат на породилно, но и тоа не е повеќе причина бидејќи јас имам повеќе месеци за породилно од жена ми и ќе сум повеќе време на одмор од неа. Еве самиот аплицирав во Google годинава и не пишам по социјалните мрежи како Google не вработува мажи како што некоја жена би напишала само оти не поминав понатаму. Но, исто знам дека и Google и останатите кои се грижат за инклузивности, ако ти е жена на интервју нема да и бидеш добар тим фит ако на прашањето што мислиш е добар тим билдинг евент кажеш да пиете пиво на отворено, тие сакаат да слушнат како ќе го запишеш тимот на курс по правење свеќи од восок, да везете гоблени или недај боже повторно јога за да подобри соработувањето меѓу вас. Давам простор за такви сфаќања кај жените бидејќи на некое елементарно ниво сметам дека мажи И не треба да ги имаат таквите полесни работи со стискање ентер, пример ти е @Stefan-kobe кој урла по канцеларија и зема место за две вработени жени, поради што нема мајстор плочка да ти залепи, фасада да ти реновира, покрив да ти смени деновиве. Мажите треба од џентлментски причини да продолжат во таквите професии како вадење гориво на oil rig во сред океан а тоа да биде дебело платено без споредување колку другиот пол заработува, наместо да трачарат со жени кои ги викат зад грб сиси бојс бидејќи се во CC за да само форвардираат мејлови и одобрат по некој АИ генериран код на продукција. И не е шовинизам да сакам да можам да ја пензионирам жена ми да си седи дома со деца и одмара како што било порано бидејќи треба и она да тоа го сака како прво, но бидејќи сме во доцен капитализам исто така немам проблем да седнам јас дома и ги растам ако таа успее да заработува за сите нас, бидејќи освен што е поубавата моја страна е и попаметната. Помина возот за дали некој ви должел нешто. Сега сте на експресната лента од 9-5 и не заборавајте да се отчекирате. И не го пишувам ова зајадливо, само аматери веруваат во тоа дека жените се на ова дереџе денес оти сами си го барале.
 
Back
На врв Bottom