Има повеќе жртви на машко насилство, и тоа се статистики кои немаат место во вакви разговори, бидејќи насилството нема врска со еднаквост на работни места и pay gap. Apples and oranges, колку да се изврти пак не за да сте во право а да се заташка муабетот. Ова што го кажуваш е друга нишка, и плус, за насилство има затвор, ако функционира државата, значи има еднаквост и еднакви мерки на теорија, зашто на теорија ако ти ме претепаш мене и те пријавам и ја те претепам тебе и ме пријавиш во функционална држава, двајцата би требало да сме еднакво третирани. Само да не идеме у насока: „Ама во авганистан нема права“, затоа што мојот став е јасен, идете и објаснете се со талибаните за тоа, прелиминарно да спречам друга релативизација. Е сега ако се вратиме за работни места, ако двајцата фер аплицираме, има ли смисла да се создаваат бесмислени квоти за да влезат и жени кои не биле подобри кандидати, туку само поради квота, не звучи многу еднакво. Имаш и паралела во Македонија, сигурно не ти се свиѓа тој факт со рамковните што влегле негде само поради квота? А каква е и впрочем таа еднаквост кога се залага само за една индустрија? Ко што кажав треба да биде all in или nothing.