RickyLFC9
Модератор
Мене ми се свиѓаше. Не очекував да е којзнае што па не си поставив некои високи очекувања. Што се однесува до глумците, ми се свиѓаат вака како ги избрале, пошто не се некои рамбо ultimate survival ликови (башка рачунајте колку далеку во времето стигнавме со TWD, во неа преживуваат само најсилните и најспособните), туку јасно ни е дадено до знаење дека треба да се прикаже почетокот, како нормални луѓе со нормални животи го проживуваат дејствието. Онака една просечна, секојдневна фамилија како што се повеќето луѓе во светот, секој со свој живот и свои проблеми. И тоа е ете, да речам дека е ризик да земеш глумци кои не се наменети за пост-апокалиптична улога, туку за секојдневна, и да ги ставиш во поинаква ситуација. Се надевам дека ќе биде полн погодок одлуката.
Инаку посебна ствар што ми се свиѓаше е што речиси од самиот почеток ни навестуваа дека се знае за тоа што се дешава, ама не се известува јавноста. А тоа го даваа до знаење преку хеликоптерите. Не знам дали приметивте, ама во секоја сцена во позадина имаше звук на хеликоптери, кои подоцна се интензивираа, па почнаа да се слушаат сирени, и првата снимка кај што го гледаа тој што го пукаат беше баш во таква 911 сцена.
Се на се, добро е, интересен почеток па ќе видиме како ќе продолжат да тераат
П.с: Типкава ни се придружува од следната епизода, јас прв си ја кажав

Последно уредено: