Fear The Walking Dead

  • Креатор на темата Креатор на темата DanielVogel
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ми се свиѓаше. Не очекував да е којзнае што па не си поставив некои високи очекувања. Што се однесува до глумците, ми се свиѓаат вака како ги избрале, пошто не се некои рамбо ultimate survival ликови (башка рачунајте колку далеку во времето стигнавме со TWD, во неа преживуваат само најсилните и најспособните), туку јасно ни е дадено до знаење дека треба да се прикаже почетокот, како нормални луѓе со нормални животи го проживуваат дејствието. Онака една просечна, секојдневна фамилија како што се повеќето луѓе во светот, секој со свој живот и свои проблеми. И тоа е ете, да речам дека е ризик да земеш глумци кои не се наменети за пост-апокалиптична улога, туку за секојдневна, и да ги ставиш во поинаква ситуација. Се надевам дека ќе биде полн погодок одлуката.

Инаку посебна ствар што ми се свиѓаше е што речиси од самиот почеток ни навестуваа дека се знае за тоа што се дешава, ама не се известува јавноста. А тоа го даваа до знаење преку хеликоптерите. Не знам дали приметивте, ама во секоја сцена во позадина имаше звук на хеликоптери, кои подоцна се интензивираа, па почнаа да се слушаат сирени, и првата снимка кај што го гледаа тој што го пукаат беше баш во таква 911 сцена.

Се на се, добро е, интересен почеток па ќе видиме како ќе продолжат да тераат :)

П.с: Типкава ни се придружува од следната епизода, јас прв си ја кажав :rolleyes:
 
Последно уредено:
Одлична си беше епизодата, вие незнам што очекувавте исти да се ликовите од оргиналната :facepalm:
Убаво беше кажано дека со различни ликови ќе биде уште пред една година кога за првпат беше најавена..
Сега за сега одлично, ќе продолжам да гледам :)
 
Се, се ама болерото на Nick дрогашот.. no comment
 
11892075_933552473383943_1781822068180474914_n.jpg
 
Ми се свиѓаше епизодава топ беше има и добри женски ептен :)
 
Последно уредено:
Ужасен кастинг , актерите избрани за FТWD се многу антипатични и без некој поголем талент. За серија на која може да се каже и беше гарантиран голем телевизиски аудиториум барем за првата епизода (сруши рекорд со повеќе од 10 милиони гледачи) благодарејќи на оригиналното TWD мислам дека можеа многу повеќе да направат со сторијата и избор на актери , квалитетот е далеку послаб од TWD и без промена не верувам дека серијава ке трае

Ете ми го зеде зборот од уста. Приказната си е ок, АМА актерите се кој од кој поантипатични.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom