Fear The Walking Dead

  • Креатор на темата Креатор на темата DanielVogel
  • Време на започнување Време на започнување
Interesen prodolzetok na sezonata, Morgan povtorno dobro glumi, ja odrzuva serijava vo zivot hahaha
 
Ваква таква и TWD и FTWD и новата ми фалат. Без везе, шест месеци ништо не се дешава :( Требаше некоја анимирана набрзинка да скоцкаат. Како не им пишав порано :D
 
Серијава потполно ја уништија во последнава, седма сезона! Уште од бомбите почна да станува срање, ама ова во последнава сезона задаваше очобол. Ликовите со одлуки за кои не можеш НЗС да им најдеш (конкретен пример: тој Вес замина од Лусијана зашто сметаше дека е неморално што го лаже Даниел за Офелија, за веќе во следна епизода да му се придружи на Странд кој фрла живи луѓе од покрив. Кое му е моралното оправдување за тоа, не дознавме), а пак сценариото е глава да те заболи. Епизодите која од која полоша, дешавките немаат буквално никаква смисла, а пишувањето толку го сјебаа што е тотално негледливо. TWD, таму некаде кога почна да вергла во место, по 5, 6 сезона, до кај 8 сезона кога се подоправи, и кога сите се жалевме од што беше неподносливо, беше ремек дело во споредба со ова. А тешко и дека ќе се извлечат од кашата. Нека го приведат до крај ова некако, секако TWD и новите спинофи ветуваат повеќе.
 
Конечно ја догледав последната сезона и од ова срање, само зашто не сакам да оставам недовршени работи. Ужасно ја осакатија серијата која беше далеку подобра од TWD. Ама некако од тука мислам дека ми останаа многу подраги некои ликови и би сакал да ги видам во иднина нивните приказни вкрстени во некоја од новите серии. Од TWD не ми останаа такви карактери, таму некако се што остана живо беше истрошено до максимум. Па да видиме што ќе донесе времето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom