Фчерашни новости - хумористично-сатирична емисија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Ме напна еден другар гледај го клипчето со Марјан Стојаноски та гледај го, го премотав во рок од 10 секунди, мислам дека фатив сида од шо беше глупо, треба да одам да се проверам. Ова чудо треба да се укине под итно.
Ко го гледав дури и жал ми падна за Мајранчо наш. Си викам овие исав немаат. После го гледам и Мајранчо со нив. :facepalm:
Па се изнаредија и тој пијаницата градоначалнико, па Јани Макрадули, па онаа вести шо чита, и тогаш ми се слоши. :pov:
 
Што е ова со папагалов на Марјан ? Не го разбирам .
 

e49f389c9d487b9aa5d308c9547c6eaf.jpg


П.С. Оние што ја пееја песната за папагалот се мање више истите пејачи кои направија песна за да успее референдумот на 30 Септември. Проѕирни се со пропагандава :toe:
 
Гледајќи ги коментарите на ФБ си помислив дали нешто не е во ред со мене што ова со папагалов ми е една од најглупите работи што ја имаат направено. Изгледа се е во ред!
 
Goran Man, na forumov Taruno mislam bese
Ауу никако... дечкото три чисти нема, жив оток е, најголем успех му беше кога на боби бетмен му правеше клипчиња компилација исечоци од дткања, а хуморот му е поштетен од загадувањето во скопје.
 
Mора да се признае едно од видеово со папагалот - политичарите (плус Фрчкоски и презентерките) ептен се убедливи во зборувањето. Зборат за папагалот со ист тон како и кога зборат за озбилни работи. Веројатно глумењето на дневна база си го прави своето. До совршенство се дојдени.
 
Да беше к-15 ќе го забуфтаа МарИјан со тешка артилерија.
Ова не беше слабо, туку беше анти.

Штета, Бранко има пронајдено пар ликови што имаат талент, ама ако сака прифатеност од таа публика шо го сакаше К-15 треба да си пердашат без помилување никого. По тоа беа препознатливи.
 
Добар момент беше кога го бараат папагалот на земја, што претпоставувам соодветсвуваше со тоа кога џандарите го бараа грујо по ѓепеци. Во глобала cringeworthy скеч со поедини блесоци.
 
Goran Man, na forumov Taruno mislam bese

За кого точно зборувате? Мислам кој лик од Фчерашни глуми тој? Мене Ланчо ми е интересен а и Јелисалфета некогаш. Другите некако со сила се трудат.
 
За кого точно зборувате? Мислам кој лик од Фчерашни глуми тој? Мене Ланчо ми е интересен а и Јелисалфета некогаш. Другите некако со сила се трудат.
Не знам, не ги следам, само првите неколку епизоди преклани :) На лик го знам
 
Да беше к-15 ќе го забуфтаа МарИјан со тешка артилерија.
Ова не беше слабо, туку беше анти.

Штета, Бранко има пронајдено пар ликови што имаат талент, ама ако сака прифатеност од таа публика шо го сакаше К-15 треба да си пердашат без помилување никого. По тоа беа препознатливи.
Па тоа и го прават, не е
само против вмро хуморов.
 
Гледав пред некоја недела емисијата на Бојана Улица Македонија и гости беа Фчерашни дел од екипата тука беше и Моџо (познат твитерџија) во првата сезона што глумеше Јога нешто . Тој кажа дека го пишува хуморот со некогаш нешто измени во текстот од другите членови.


Паметам прва сезона мислам беше во еден скеч гостуваше и Ѓоко Таневски а предходната сезона го има и Ранко Бубамара.

Туку имало и за СДСМ хумор не дека се зезаат само со ВМРО.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom